Sort by
Sort by

Човекови права

Како гарантирате за човековите права да се почитуваат насекаде каде што работите?

Почитувањето на човековите права во нашите деловни активности е еден од нашите Корпоративни деловни принципи. Целосно ја поддржуваме новата рамка и Водечките принципи на Обединетите нации за деловна активност и за човекови права и имаме за цел да обезбедиме пример за најдобра практика за тоа како ние работиме со почитување на човековите права на корпоративно и на пазарно ниво.

Дали Петер Брабек-Летма верува дека водата е човеково право?

Да. Нашиот Петер Брабек-Летма жестоко верува дека водата е човеково право. Секој, насекаде во светот, има право на чиста, сигурна вода за пиење и  јавна хигиена.

Неговите критичари го користат неговото интервју дадено во 2005 година за да тврдат како тој мисли дека сите извори на вода треба да се приватизираат. Тоа едноставно е погрешно.

Тој го поддржува Гледиштето на Обединетите нации  за водата: „На планетата има доволно слатка вода за седум милијарди луѓе, но таа се дистрибуира нерамномерно, па голем дел е загубена, загадена и неодржливо управувана.“

Петер е запрепастен со фактот дека повеќе од две милијарди луѓе ширум светот  немаат дури ни едноставен тоалет, а повеќе од 1 милијарда немаат пристап до каква било можност за подобрување на водата за пиење.

Споредете го тоа со животот во некои земји каде што луѓето можат да користат вишок количини вода of water – скапоцен и поредок ресурс – за несуштински цели. Во тој контекст, Петер тврди дека пристапот до вода треба да сноси одреден трошок.

Значи, ако Петер Брабек навистина се грижи за водата, што прави тој за да ја заштити?

Петер Бребек отсекогаш бил водечки во расправата за поефикасно управување со водите од страна на поединци, индустријата, земјоделството и од страна на владите.

Петер преседава со Групата за водни ресураси до 2030 година, иновативна соработка помеѓу бизнис заедницата, владата и граѓанското општество, која бара практични решенија за решавање на недостатокот на вода.

Тој исто така ја предводи Иницијативата за вода на Светскиот економски форум, едно влијателно јавно-приватно партнерство кое истражува заедички решенија за проблемот со недостаток на вода.

Со текот на годините Петер ги разјаснува своите ставови за недостигот на вода во бројни интервјуа, панел-дискусии и ТВ-програми. Еве само неколку примери:

Дали дозволувате синдикати во своето работење?

Nestlé е посветен на отворен дијалог со вработените. Поддржуваме заеднички дијалог и преговори со синдикатите на вработените и други репрезентативни здруженија, секаде каде што се применува локално законодавство. Како што е наведено во Стандарди за одговорно снабдување, а исто така веруваме дека добавувачите треба да дозволуваат Слобода на здружување и колективно преговарање освен ако тоа не е забрането со владините политики и други норми.

Дали Nestlé користи детски труд во својот синџир на снабдување со какао?

Дали има детски труд во вашиот ланец на снабдување во Брегот на Слоновата Коска?

Ниту една компанија што снабдува какао од Брегот на Слоновата Коска и Гана не може целосно да го отстрани ризикот од детски труд во синџирот на снабдување chain. Nestlé не се разликува, но одлучни сме да го решиме проблемот.

Се занимаваме со детскиот труд во нашиот синџир на снабдување со какао преку пионерски програми за мониторинг и ремедијација во Брегот на Слоновата Коска и Гана, кои се дел од Планот за какао на Nestlé.

Во октомври 2017 година, Nestlé објави извештај (pdf, 5Mb) во кој, за првпат се наведува важниот напредок што сме го постигнале во борбата против детскиот труд. Меѓутоа сфаќаме дека сè додека постои детски труд на фармите со какао, има уште многу да се направи.

Укинувањето на детскиот труд е заедничка одговорност, а Nestlé сака да преземе колективна акција со сите кои се посветени да се справат со тоа.

Ние силно се спротивставуваме на каков било вид на експлоатација на деца, а се обврзуваме тоа да го спречиме и елиминираме во нашиот синџир на снабдување. Тоа е наведено во нашите Заеднички деловни принципи и Стандардот за одговорно снабдување,  кои го насочуваат однесувањето на нашите вработени и деловни партнери ширум светот.

Што точно е ’детски труд‘?

Меѓународната организација за труд го дефинира детскиот труд како работа што на децата им го одзема детството, нивниот потенцијал и достоинство и им штети на нивниот физички и ментален развој. Еден пример се децата кои носат тешки товари од обрани зрна од какао.

Детски труд најмногу се јавува кога децата ги поддржуваат своите родители на фарми во Западна Африка. Децата можат да вршат лесна, неопасна работа на семејни фарми. Меѓутоа, тоа не смее да предизвика ментална или физичка штета и не треба да ги лиши од пристапот до образование.

Што прави Nestlé за да се справи со детскиот труд во секторот на какаото?

Детскиот труд во секторот на какаото најчесто е резултат на комбинација од недостаток на пристап до образование, сиромаштија и недостаток на свест за опасностите од таквата работа.

Nestlé работи со локалните заедници за да се справи со злоупотребата на детскиот труд и да одговори на основните причини, истовремено обезбедувајќи овие заедници да останат финансиски и општествено одржливи.

Во 2012 година, ние воспоставивме Систем за мониторинг и оздравување на детскиот труд (СМОДТ) во Брегот на Слоновата Коска - работиме со швајцарската непрофитна Меѓународна иницијатива за какао (МИК) – што опфаќа кооперативи кои се наоѓаат во рамките на Планот на Nestlé за какао. Во 2016 година, започнавме со воведување на (СМОДТ) во Гана.

Нашиот систем користи локално регрутирани „лица за врски во заедницата“ и „агенти за детски труд“. Тие работат да ја подигнат свеста за детскиот труд во заедниците, да ги идентификуваат децата во ризик и своите наоди да ги достават до нас и нашите добавувачи.

Ние бевме првиот купувач на какао кој воспостави таков систем, кој сега опфаќа повеќе од 2.000 заедници и 65.000 земјоделци во Брегот на Слоновата Коска. Од 2012 година, системот ни помогна да идентификуваме над 25.000 деца вклучени во детскиот труд. Ние помогнавме на над 11.130 деца да се оттргнат од работа, а преземаме активност за да помогнеме на останатите кои сè уште се деца (односно под 17 години). Две години по добивањето на помошта, анализата покажува дека над 50% од тие деца не се враќаат да работат во секторот. Во 2016 година, почнавме шемата да ја воведуваме во Гана, а сега опфаќа 2800 земјоделци во четири области.

Nestlé, исто така, се зафаќа со детскиот труд, со тоа што им помага на децата во заедниците во кои се одгледува какао да посетуваат училиште. Ние изградивме или реновиравме 42 училишта за потребите на повеќе од 11.000 деца. Во 2016 година, започнавме партнерство со Фондацијата Џејкобс за подобрување на квалитетот на образованието, изградивме повеќе од 40 мали „училишта мостови“ во кои, досега се школувале повеќе од 3100 деца. Мерките, исто така, вклучуваат обезбедување изводи од матичната книга на родените за децата за да можат да имаат пристап до постоечките образовни утанови.

Каква ’ремедијација‘ пружате на децата?

’Ремедијацијата‘ се однесува на помошта  што ја пружаме кога ќе идентификуваме дете кое е изложено на ризик од експлоатација на неговиот труд. Ова може да биде едноставно како помош на семејството да добие копија од изводот на родените на своето дете за да може да се запише на училиште или да им обезбеди школска опрема и униформа.

Дававме поддршка за да помогнеме да се зголемат приходите во домаќинството – така што децата нема да мора да работат и семејствата можат да си дозволат да ги испратат на училиште. На пример, помогнавме на групи жени да почнат да одгледуваат земјоделски култури за прехрана и за продажба.

Nestlé, исто така, помогна на младите возрасни да организираат работни групи што селата можат да ги користат за работа со висок ризик, како што е сечење дрва и прскање на култури, за да биде помалку веројатно дека таа работа ја прават децата.

Во други случаи, потребни се поскапи чекори, како што се изградба на нови училишта или регрутирање на дополнителни наставници. Затоа соработуваме директно со локалните власти и со организациите на граѓанското општество, за решавање на основните причини за злоупотреба на детскиот труд.

Дали вашиот систем за следење на детскиот труд навистина функционира?

Да. Податоците покажуваат дека поголемиот дел од децата вклучени за помош преку нашиот систем за следење не се враќаат на работа. Наместо тоа, многумина се во редовна настава.

Нашиот систем за следење е дел од Акциониот план за детски труд (pdf, 500Kb), што ние го изработивме како одговор на препораките од непрофитната Асоцијација за правичен труд (АПТ). АПТ работи со големите компании за да ги подобри работните услови во нивните снабдувачки синџири.

Најпрво ги поканивме да го истражат нашиот синџир на снабдување со какао во Брегот на Слоновата Коска во 2011 година, за да ни помогнат да ги процениме условите за работа генерално, вклучително и проблемот со детскиот труд.

Последниот АПТ независен извештај за следење од септември 2016 покажува намалување на детскиот труд во задругите во  Брегот на Слоновата Коска што го снабдуваат Nestlé. Продолжуваме да работиме со АПТ за да помогнеме во осигурување одржливо, транспарентно снабдување со какао.

Што прави Nestlé за решавање на трговијата со деца и ропството?

Имаме нулта толеранција за нелегална трговија или ропство. Ако најдеме каков било доказ за тоа, веднаш го известуваме надлежниот орган.

Што правите за да ја подобрите егзистенцијата во какао-заедниците?

Нашата работа за справување со детскиот труд се базира на  Планот на Nestlé за какао, кој го започнавме во 2009 година. Програмата е наменета за подобрување на животот на земјоделците на какао и нивните заедници: подобро одгледување, подобра егзистенција и подобро какао.

Ние им помагаме на фармерите обучувајќи ги во добри земјоделски практики да ја промовираат родовата еднаквост, да се справат со детскиот труд и да создадат долгорочни односи со нив како доставувачи.

Услови за работа во бразилскиот синџир на снабдување со кафе

Што прави Nestlé за да ги истражува тврдењата за принудна работа и лошите работни услови во некои од плантажите за кафе во Бразил?

Секој таков навод ние го земаме со исклучителна сериозност и веднаш го истражуваме.

Во една од фармите што ни снабдува кафе, Ранчо Сао Бенедито, инспекцијата од Министерството за труд во 2015 година откри 13 работници кои работат без регистрирани договори. Тројца од овие работници немаа медицински прегледи, како што тоа го бара бразилскиот закон.

Нашата истрага откри дека владата презела дејство и го укорила земјоделецот. Оттогаш немаме идентификувано никакви други проблеми со работната сила на фармата.

Како може Nestlé да гарантира дека неговите производи не содржат кафе од плантажите каде што владата ги идентификуваше случаите на присилна работа или лоши работни услови?

Nestlé има нула толеранција за ропството. Тоа е нелегално и против сè за што се залагаме. Сите наши партнери за снабдување се обврзани да се усогласат не само со владините регулативи, туку и со нашите Стандарди за одговорно снабдување и Деловните принципи на Nestlé за кои не се преговара. На тој начин, нашите добавувачи мора да ги почитуваат сите човекови права во текот на нивните деловни активности. Ние ги охрабруваме нашите добавувачи да пријават какви било сомневања за прекршување на Кодексот за добавувачи или Деловните принципи на Nestlé на релевантно лице за контакт со Nestlé, или да ги пријавуваат доверливо користејќи го нашиот Систем за известување за усогласеност, „Кажи ни“.

Какво дејство ќе преземе Nestlé ако се прекрши законот и ако се кршат човековите права во плантажите на кафе што го снабдуваат Nestlé?

Секогаш кога нашите внатрешни кодекси се прекршуваат или кога доставувачите не преземаат корективни дејства за секое прекршување, преземаме мерки кои вклучуваат отстранување на овие доставувачи од нашиот синџир на снабдување и раскинување на нашите договори со нив. Нашите доставувачи исто така, редовно ја гледаат црната листа на владата и ги отстрануваат сите производители од синџирот на снабдување што се појавуваат на листата.

Извештај на Amnesty International (Амнести интернешнал) за злоупотреби на трудот во палмовото масло

Практиките како оние идентификувани во извештајот на Amnesty International немаат место во нашиот синџир на снабдување. Nestlé интензивно учествува со Амнести за време на изготвувањето на извештајот, вклучувајќи и обезбедување на детални информации за нашиот однос со добавувачот на палмовото масло Вилмар и за нашите активности за решавање на прашањата поврзани со човековите и работничките права во секторот. Ние ќе ги испитаме наводите поврзани со нашата набавка на палмово масло, заедно со нашите добавувачи.

Вилмар снабдува околу 10% од вкупното палмово масло што го користиме во нашите производи. Тесно соработуваме со компанијата за подобрување на следењето на трагата. Сега, трагата на 83% од количината што ја купуваме може да се следи назад до мелницата на потекло и на 11% може да се следи назад до плантажата. Оваа следење на трагата сè уште не се прошири до плантажите во центарот на наводите во извештајот на Амнести интернешнал.

Шест години работевме со партнери, вклучувајќи го и „Шумскиот труст“, за да ги подобриме транспарентноста, можноста за следење и однесувањето на снабдувачите во индустријата за палмово масло. Имаме процеси за да процениме каде постои ризик од кршење на работната сила или човековите права во нашиот синџир на набавки и преземаме мерки за нивно решавање. Онаму каде што нашите добавувачи не успеваат да ги исполнат одредбит во нашиот  Стандард за одговорен извоз, вклучувајќи ги и работните права, ние ќе ги суспендираме.

Со оглед на комплексноста на индустријата за палмово масло и околу четири милиони луѓе што ги вработува во Југоисточна Азија, напредокот во решавањето на проблемите со работната сила и човековите права се потпира на меѓуиндустријата. Ние ќе продолжиме да играме активна улога, заедно со другите.

Дали Nestlé има принудна работа во својот синџир на снабдување со морска храна?

Со кои предизвици се соочувате вие и другите компании при снабдувањето со морски плодови во Тајланд за прехранбени производи и производи за домашни миленици?

За жал, ниту една компанија која ги снабдува производите од морска храна од Тајланд не може да гарантира дека целосно ги отстранува практиките на принудна работа или злоупотребите на човековите права од синџирот на снабдување, поради широката природа на овие прашања.

Сепак, Nestlé во 2015 година започна Акциски план (pdf, 650Kb) за справување со неприфатливи практики и сега сме уверени дека производите од морски плодови од проблематични тајландски рибарски бродови не влегуваат во нашиот синџир на снабдување. Ние ќе продолжиме да ве известуваме за нашиот напредок..

Кои се клучните мерки во вашиот акционен план за морска храна?

Продолжуваме со изработка на Акцискиот план со нашите добавувачи и други партнери. Неговите клучни мерки вклучуваат:

  • Координација за формирање на тим за одговор што ќе помогне во заштитата на рибарските работници изложени на ризик во Тајланд.
  • Покренување на механизам за жалби за да им се овозможи на работниците анонимно пријавување на злоупотреби.
  • Воведување на програма за проверка на рибарски бродови што ги оценуваат работните и условите за живот.
  • Обуки за сопствениците и капетаните на чамци за минимални стандарди и  подобрување на следењето за да се обезбеди подобар надзор над тоа од каде доаѓаат нашите намирници.

Прочитајте повеќе во нашиот ажуриран план од  декември 2017 година (pdf, 500Kb).

Каков напредок сте направиле против принудната работа?

Во март 2016 година, известивме дека 99% од состојките од морска храна набавени во Тајланд за брендовите на Nestlé Purina може да се следат до рибарски брод или фарма. Ова подобрено ниво на следење е благодарение на построгата примена на прописите од страна на тајландската влада и добрата соработка од нашите. Две години по започнување на Акциониот план, објавивме натамошно ажурирање за прогресот (pdf, 500Kb).

Ќе ги прекинете ли трговските односи со доставувачите ако не успеат да преземат соодветни мерки?

Нашиот пристап кај доставувачите е да работиме со нив за решавање на прашања за набавка на состојки. За морска храна во Тајланд, Nestlé и неговите доставувачи се обврзани да преземат дејство по прашањата истакнати во извештајот на Верите. Преку нашиот Акциски план и  Стандардите на Nestlé е за одговорно снабдување  осигуруваме дека се почитуваат минималните стандарди и јавно известуваме за напредокот. Тоа вклучува додавање на нови деловни барања во нашите односи со доставувачите во Тајланд.