Sort by
Sort by

Производи и брендови

Што треба да направам ако слушнам за повлекување на производ?

Ако барате информација за повлекување на производ од пазарот, предлагаме да стапите во контакт со службите за контакт со потрошувачите во земјата каде што живеете. Сите податоци можете да ги најдете во нашиот дел Nestlé Worldwide.

Дали ги тестирате вашите производи на животни?

Дали Nestlé рутински ги тестира своите производи на животни?

Не. Ние не користиме тестирање врз животни за  конвенционална храна и пијалаци, како што се кафето, чајот, житариците и чоколадото.

Дали некогаш од вас се барало да ги тестирате новите производи или состојки на животни?
Во многу ретки прилики, да. Националните власти бараат нови прехранбени производи и состојки да бидат безбедни за човечката исхрана и во одредени случаи потребно е да се спроведат испитувања врз животни за да се демонстрира тоа.

Ве уверуваме дека користиме што е можно помалку тестирања врз животни и дека нашата грижа за животните секогаш е во согласност со највисоките стандарди. Тестирањето врз животни треба да се одвива каде што е апсолутно неопходно, како дел од регулаторниот процес за комерцијализирање на производ или како дел од развојот на нови прехранбени производи, како што се оние со здравствени придобивки.

Зошто е неопходно тестирање врз животни?

Истражувањата врз животни се од клучно значење за напредокот во основната исхрана и здравствената наука.

Ова истражување помага да се обезбеди научна основа за развој на нови состојки или нови стратегии за исхрана за подобрување на здравјето. Тоа вклучува медицинска храна која им помага на луѓето со акутни и хронични здравствени состојби.

Каков е вашиот пристап кон тестирање врз животни?

Онаму каде што е неопходно тестирање врз животни, од витално значење е дека сме потполно свесни, а нашите постапки се водени од нашата етичка одговорност за благосостојбата на животните. Тоа вклучува соодветно сместување, исхрана, нега и хумано постапување.

Секое барање за тестирање врз животни мора да биде поднесено до нашиот интерен комитет за етика на одобрување, пред да биде доставено до надлежните органи.

Ние се осигуруваме дека сите наши вработени кои се грижат за животните во нашите истражувачки капацитети се обучени за грижа на животните во истражувањата, за да обезбедат апсолутна компетентност и свесност за етичките прашања. Ние сме во тек со новите достигнувања во тестирањето врз животните, како и алтернативите на тестирање врз животните.

При спроведување на истражувања врз животни, ние ги применуваме меѓународно признатите "Triple R" и соодветните принципи за благосостојба на животните, за да се обезбеди дека сите тестови се користат само таму каде што е потребно и дека грижата за животните е во согласност со највисоките стандарди.

Што се подразбира под ‘Triple R’?

Трите Р значат: замена, намалување и усовршување. Тоа значи дека секогаш развиваме нови научни методи што, идеално, ја отстрануваат потребата од тестирање врз животни, секогаш кога е можно, го намалуваат бројот на тестирани животни и го усовршуваат процесот на тестирање.

Како се регулирани тие истражувања?

Истражувањата  се вршат во целосна согласност со сите релевантни прописи за благосостојба на животните, како што се Директивата на Европската Унија за заштита на животните кои се користат за експериментални и други научни цели.

Ние, исто така, ги поддржуваме меѓународните стандарди за благосостојба на животните обезбедени од Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Достапност на Nestlé брендовите

Дали Nestlé Adriatic ги дистрибуира Nespresso производите?

За жал, Nespresso производите не се наоѓаат во асортиманот кој компанијата Nestlé Adriatic го дистрибуира на нашиот пазар.

Сакам да остварам соработка со вашата компанија и да ги продавам/дистрибуирам вашите сладоледи.

Nestlé сладоледите не се дел од асортиманот кој компанијата Nestlé Adriatic го дистрибуира на пазарот на Македонија, туку компанијата Froneri.

Компанијата Froneri е формирана во 2016 година како глобално заеднично вложување во  сладоледите, смрзнатата храна и ладните млечни производи, преку спојување на компаниите Nestlé и R&R.

Ве замолуваме, за сите прашања во врска со Nestlé сладоледите да се обратите директно на компанијата Froneri.

Понуда за угостители

Сакам NESCAFÉ понуда за угостители/деловни објекти/ Coffee to go

Nestlé Professional е дел од компанијата Nestlé Adriatic кој се занимава со производи и решенија за консумација надвор од дома: во кафулиња/ хотели/ресторани; за одење (Coffee to go); на работното место.

За сите прашања за соработка слободно контактирајте не на бесплатниот инфо број 0800 00 200 или на е-маил адресата [email protected].