Sort by
Sort by

Здравје и исхрана

Што прави Nestlé за дебелината?

Иако најголема компанија за храна во светот, имаме огромна можност, а исто така, и одговорност - да пружиме поддршка на здравјето и исхраната на семејствата и заедниата.

Пружаме повеќе од една милијарда порции храна и пијалоци на луѓето низ целиот свет секој ден.

Секоја година ги намалуваме солта, шеќерот и заситените масти во нашата храна и пијалалоци, а ја зголемуваме и количината на интегрални зрна, овошје, зеленчук, зрнеста храна. Исто така, додаваме соодветни микроелементи на храната и пијалоците во земјите каде што се знае дека има недостаток.

Nestlé е меѓу првите три компании на Индексот за пристап до исхрана, кој ги рангира најголемите светски компании за храна и пијалаци врз основа на нивните обврски и резултати поврзани со исхраната во седум категории: управување, производи, пристапност, маркетинг, начин на живот, означување и ангажираност.

Како им помагате на луѓето да разберат повеќе за големината на порциите?

Во текот на годините, просечните големини што се послужуваат, исто така, се зголемија. Контролата на порциите е идентификувана како една од најекономичните мерки за борба против дебелината.

Ние сме посветени да помогнеме да ги модифицираме нормите за големина на порциите и да ги поттикнеме корисниците да прифатат помали големини на порции. Тоа бара иновативни решенија, како во нашите производи, така и на пакувањето. Преку нашите програми и практични насоки за пакување на порциите, имаме за цел да им помогнеме на потрошувачите да направат подобар избор во врска со големините на порциите.

Какво истражување вршите за исхрана?

Ние работиме со експерти за исхрана и јавно здравје за промовирање на добра исхрана, соодветен избор и здрав начин на живот. Nestlé е посветена на примена на нашето знаење за исхрана и обемна истражувачка мрежа за да помогне во подобрувањето на животот на луѓето. Нашиот истражувач за исхрана работи заедно со водечките академски институции за да го унапреди колективното знаење, да ги подобри нашите понуди и да помогне нашата компанија и нашата индустрија да ги решаваат предизвиците за исхраната.

Воспоставувањето добри навики за исхрана во детството е од клучно значење за одржување на навиките за здрава исхрана подоцна во животот. Nestlé настојува да ја предводи индустријата во истражување на исхраната и здравјето во оваа област. Еден важен елемент од тоа е да се разбере што влијае врз исхраната, начинот на живот и здравјето на децата. Тоа го правиме преку низа истражувања што ни помагаат да создадеме здрава храна и пијалоци за доенчиња и деца.

Кои други мерки ги преземате за да им помогнете на луѓето да бидат поздрави?

Здравјето и благосостојбата не може да се разгледуваат само на индивидуално ниво. Без здравјето да биде вкоренето во заедниците и општествата, поединците нема да можат да прифатат поздрав начин на живот. Програмите и напорите на нашата заедница опфаќаат неколку програми и области - од исхрана и физичка активност до хидратација до доење – за да им помогне на луѓето да ја добијат поддршката што е потребна за да живеат поздрав живот.

Што правите за да се намали солта во вашите производи?

Ние сме обврзани да го намалуваме натриумот во секоја наша храна и пијалоци, а нашата сегашна цел за 2020 е да го намалиме натриумот што го додадовме во нашите производи за 10%.

Сакаме да им помогнеме на поединците и семејствата да ја исполнат препораката на Светската здравствена организација (СЗО/WHO) за потрошувачка на сол, што е 5 g на ден за здрави возрасни лица.

Во Соединетите Американски Држави, на пример, се ангажиравме со владата да ги поддржиме целите за сол во сите компании за храна, чекор што го пофали Американската асоцијација за срце (AАС/AHA).

Помеѓу 2005 и 2011 година, ја намаливме употребата на сол во нашите рецепти за 12.500 тони. Потоа се обврзавме да ги намалиме нивоата на натриум за 10% од 2013 до 2016 година, фокусирајќи се на нашите производи со поголеми предизвици.

До крајот на 2016 година, ние планиравме да го намалиме натриумот за 10.5% (2.700 тони) во нашата храна и пијалоци.

Наша цел е да ја намалиме солта во нашата храна, така што луѓето да не ја чувствуваат потребата сами да ја додаваат, или да изберат посолени алтернативи. Производите на Nestlé секогаш треба да обезбедат добра исхрана и одличен вкус.

Што правите за да ги намалите заситените масти во вашите производи?

Што правите за да ги намалите заситените масти?

Нашата цел за 2020 година е да ги намалиме заситените масти за 10% во производите на Nestlé, што не ги задоволуваат строгите стандарди за исхрана. Тоа би ја поддржало препораката на Светската здравствена организација (СЗО) дека само 10% од калориите во нашата исхрана треба да потекнуваат од заситени масти.

Критериумите за Фондацијата на Nestlé за исхрана (ФН/NF) ги утврдуваат стандардите за хранлива вредност на нашите производи и се осмислени да им помогнат на поединците и семејствата да ја постигнат таа цел на СЗО.

Во моментов, 8.500 поединечни прехрамбени производи и пијалоци (околу 7% од нашите производи) не ги исполнуваат стандардите на ФН за заситени масти. Но, ние работиме напорно за да ги направиме да бидат поздрави.

Во 2009 година, се обврзавме да ги намалиме заситените масти во сите прехранбени производи што ги правиме, секогаш кога е тоа можно и да не зголемуваме одредени заситени масни киселини.

До крајот на 2016 година, ја намаливме содржината на заситени масти во овие производи за 6,5% во просек или 6.200 тони, во однос на целта од 10%.

На нашите критичари понекогаш може да не им изгледа како да се движиме доволно брзо за да ги направиме нашите производи поздрави, но ние треба да го добиеме правилниот процес. Луѓето сакаат нивната храна да биде здрава и пријатна.

Исто така, важно е да се запамети дека мастите и маслата се важен дел од здравата и урамнотежена исхрана. Тие обезбедуваат енергија, ни помагаат да апсорбираме витамини и придонесуваат за битните телесни функции

Дали ги отстранувате транс мастите?

Преку политиката на Nestlé за транс масти (pdf, 1 Mb), се обврзавме на отстранување на транс масти кои потекнуваат од Делумно хидрогенизирани масла (ДХМ /PHOs/) од нашето портфолио до крајот на 2016 година. Повеќе од 99,8% од мастите и маслата што ќе ги купиме во 2017 година, нема да содржат такви масти.

Поддршка на доењето

Како Nestlé го поддржува доењето?

Веруваме дека доењето е најдобро за бебињата и ја поддржуваме препораката на Светската здравствена организација која повикува на исклучиво доење во првите шест месеци од животот, после кое следи континуирано доење, заедно со воведување на комплементарни прехранбени производи, како што советува здравствениот работник или здравствениот орган.

Ние ги вклучуваме зборовите "доењето е најдобро" кога и каде е тоа можно и релевантно, како на пример на пакувањето според формулата за доенчиња и во сите комуникации. Ние, исто така, подготвуваме едукативни материјали за здравствените работници и за родителите за придобивките од доењето. Исто така водиме кампањи и семинари за доењето за медицинската заедница во партнерство со владите и здравствените институции.

Дали Nestlé лобирал за спротивставување на доењето?

Ние силно го поддржуваме доењето и не се колебавме за тој став. Ние не сме, ниту, пак, би лобираме кај некоја влада - вклучувајќи ја и американската влада - да се спротивсти на политиките на доењето каде било во светот.

Веруваме дека доењето е најдобро за бебињата. Точка. Ние ќе продолжиме да промовираме исклучиво доење во првите шест месеци од животот, по што следи воведување на соодветна хранлива комплементарна храна заедно со континуирано доење, до две години и повеќе. Онаму каде што мајките не можат или не сакаат да дојат, веруваме дека формулата за доенчиња претставува важна алтернатива. Продолжуваме со нашата посветеност одговорно и компетентно да понудиме производи за поддршка на мајките кои имаат потреба да дојат или избираат алтернатива за доењето.

Што правите за да го намалите шеќерот во вашите производи?

Ние сме обврзани да го намалиме додадениот шеќер во нашите производи за 5% до 2020 година, за да им помогнеме на луѓето да живеат поздрав живот.

Помеѓу 2000 и 2013 година, ние го намаливме количеството на трпезниот шеќер во нашите производи за 32%, со вистински фокус на детската храна.

Во 2014 година се обврзавме на понатамошно намалување на шеќерот за 10%  до 2016 година во производите што не ги исполнија нашите критериуми за исхрана (pdf, 882Kb). До крајот на 2016 година ние го намаливме шеќерот за 39.000 тони (8% во просек) во овие производи.

Ние ги базираме нашите критериуми за исхрана на научните и на препораките за јавно здравје од Светската здравствена организација (СЗО) и други врвни меѓународни и национални надлежни органи.

Седум проценти од нашето вкупно портфолио (вклучувајќи и некои други производи), во моментот не ги задоволува нашите строги критериуми за шеќер, иако тие можат да бидат поздрави од производите на конкуренцијата.

Ние ќе продолжиме да го намалиме шеќерот во нашата храна и пијалоци што е можно побрзо. Некои луѓе тврдат дека ние не се дивжиме доволно брзо, но ние треба а го добиеме вистинскиот процес. Храната треба да биде хранлива и вкусна.

Кој е ставот на Nestlé за ставање во промет на формулата за доенчиња?

Кој е вашиот одговор на Фондацијата за пазари што се менуваат и на извештајот што го пропратува Глобалниот мониторинг за разбивање на митот, кој тврди дека сѐ уште давате контрадикторни и погрешни совети за формулата за доенчиња?

Nestlé верува дека мајчиното млеко е најдобриот избор за исхрана кај доенчето, а дека доењето игра основна улога за растот и развојот на бебето во текот на првите 1000 дена од животот.

Во 2015 година ја усвоивме Политиката за заштита на мајчинството, која е во согласност со Конвенцијата на ИЛО за заштита на мајчинството и нуди на новите мајки породилно отсуство до шест месеци и пристап до 425 соби за доење преку нашите работни капацитети низ целиот свет.

Во Кина особено, соработувавме со јавни и приватни организации и отворивме 3.297 соби за доење. Ова е важен израз на нашата глобална посветеност за поддршка на доењето, што, исто така, одговорно го заштитуваме преку нашата водечка политика во индустријата за продажба на замени за мајчиното млеко (ЗММ).

Ние го применуваме кодексот на СЗО за пласман на пазарот на замените за мајчиното млеко и дополниелните резолуции на СЗС, што се спроведуваат од страна на земјите-членки. Имаме строги мерки за да обезбедиме усогласеност, а го охрабруваме секој што е загрижен во врска со нашите практики тоа да го сподели со нас. Можеме да ве увериме дека систематски ќе реагираме.

И покрај тоа што аромите на ванила во формула што следи (за доенчиња од 6-12 месеци) се дозволени од страна на CODEX и локалните прописи, ние доброволно одлучивме да ги отстраниме од неколкуте рецепти што сеуште ги содржат. Ние сме во процес на изнаоѓање алтернативи, а исто така ги отстрануваме и  потребите за ванила на новите етикети.

Nestlé не користи никакви изјави што ги идеализираат нашите производи или имплицираат дека се супериорни или еквивалентни на мајчиното млеко на нашите етикети за формула за доенчиња или комуникациски материјали. Формулите за доенчиња се разработуваат и според составот се поблиску до човечкото млеко од немодифицираното кравјо млеко.

Како такви, ние соопштуваме дека производите се "инспирирани од мајчиното млеко". За доенчињата кои не можат да се хранат со мајчино млеко, според препораката,  формулата за доенчиња е единствената соодветна замена за мајчиното млеко.

Покрај тоа, промотивните активности за млеко за растење се дозволени според националното право на Хонгконг и нашата сопствена политика.

На крајот, многу фактори влијаат на одредување на цените, вклучувајќи увозни давачки, локални даноци, трошоци за производство и дистрибуција и трговски маржи.

Каков е одговорот на Nestlé на извештајот на Фондацијата за пазарите што се менуваат за пласирањето на пазарот на формулата за доенчиња?

Извештајот на Фондацијата за пазари што се менуваат (ФПМ/CMF) за формулата за доенчиња покренува некои важни точки. Ние ја поканивме ФПМ да дискутира со нас за тоа и да ни дозволи да разјасниме некои од неточностите вклучени во наодите. ФПМ покажа подготвеност да се вклучи во дијалог со нас. Се надеваме дека заеднички ќе дискутираме за сериозно важниот предизвик за обезбедување на пристап до вистинската исхрана за доенчињата.

Nestlé глобално е посветена на пружање поддршка на доењето, како што препорачала Светската здравствена организација (СЗО) и на заштита на тоа преку нашата водечка политика во индустријата (мерено со независен индекс за пристап до исхрана), да ги пласира на пазарот замените за мајчиното млеко (ЗММ) одговорно.

Ние се придржуваме кон Кодексот на Светската здравствена организација за продавање на ЗММ како што се спроведува од страна на националните влади насекаде во светот, како минимум. Бидејќи Кодексот го спроведуваат само 39 земји на глобално ниво, ние доброволно ја применуваме нашата ригорозна политика, кога таа е построга од националниот кодекс, во 152 земји кои се сметаат за висок ризик во поглед на смртноста и исхраната на доенчиња.

Каде мајките не можат или не сакаат да дојат, формулата за доенчиња е единствената соодветна замена за мајчиното млеко. Го поздравуваме признавањето во извештајот на ФПС за важната улога што формулата за доенчиња ја има во обезбедувањето соодветна исхрана, онаму кадешто тоа е случај.

Се согласуваме дека производителите на формулата имаат одговорност да обезбедат производи што се сигурни и колку што е можно повеќе хранливи, како и да гарантираат дека нивниот состав е строго информиран од најдобрата достапна наука.

600 истражувачи на Nestlé, во партнерство со академски организации, се посветени на континуирано подобрување на нашите производи за да обезбедат здрав раст и исхрана за доенчињата. Преку нашата поддршка за доење, научни истражувања, одговорни маркетиншки практики и посветеност на обезбедување на безбедни и хранливи производи, ние имаме намера да понудиме на доенчињата најдобар можен старт во животот.

Дали давате изјави за некои производи во врска со нивната блискост до мајчиното млеко?

Извештајот наведува конкретни изјави што ги даваме за нашите производи во САД, Хонг Конг, Швајцарија и Шпанија. Сите овие изјави се во согласност со регулаторните барања во тие земји. Ние не користиме изјави за нашите производи за новороденчиња или во нашите други комуникации што ги идеализираат нашите производи или имплицираат дека се супериорни или еквивалентни на мајчиното млеко.

Современите формули за доенчиња по состав се поблиску до човечкото млеко. Како такви, дозволуваме комуникација во која се наведува дека состојките на нашата формула за доенчиња се "инспирирани од мајчиното млеко" или содржат компоненти споредливи со компонентите на мајчиното млеко. На пример, протеини или олигосахариди на човечко млеко (ОЧМ), каде што тие се научно докажани како еквивалентни. Тоа не го прекршува Кодексот на СЗО што го спроведуваат националните влади или нашата сопствена ригорозна политика кога таа е построга од националниот кодекс.

Зошто состојките во производите на формулата за доенчиња се разликуваат?

CODEX (тело основано од Организацијата на ОН за храна и земјоделство и Светската здравствена организација за развој на стандарди за храна) и локалните прописи ги одредуваат основните состојки потребни во формулата за доенчиња. Сите наши производи ги исполнуваат овие услови. Ние ги почитуваме прописите на секоја земја во која работиме, што може да се разликуваат од земја до земја. Составот на формулата за доенчиња варира и е под влијание на локалната регулатива и на насоките од локалните или регионалните научни тела. Паралелно, како што напредува науката, постојано го прилагодуваме нашиот асортиман на производи со додавање на состојки и внесување промени во составот, колку што дозволуваат локалните закони и прописи за да обезбеди избор за здравствените работници и аа родителите.

Дали користите сахароза и арома на ванила во некои производи од формулата за доенчиња?

Спротивно на она што го наведува извештајот, не употребуваме сахароза во ниту еден од нашите производи за доенчиња (0-6 месеци), а доброволно ја елиминираме сахарозата од сите други производи што следат потоа од формулата (6-12 месеци), која ќе биде завршена пред крајот на 2018 година за оваа група на возраст. Од денес, сахарозата е присутна кај помалку од 10% од нашите рецепти за оваа група на возраст.

Аромата на ванила е сигурна и дозволена за доенчиња на возраст над 6 месеци, според CODEX. Таа е присутна во многу ограничен број на производи за оваа група на возраст и не се користи во нашите производи за доенчиња во Јужна Африка, спротивно на она што го наведува извештајот.

Кои се вашите пропусти во активностите за исхрана на доенчиња?

Само во последните две години извршени се 8 независни надворешни ревизии и 57 внатрешни ревизии на нашите активности за исхрана на доенчиња. Ние транспарентно и јавно ги соопштуваме резултатите од овие ревизии и преземаме корективни мерки каде што е потребно.

Горди сме што сме првиот производител на ЗММ што е вклучен во индексот FTSE4Good и постојано ги исполнувавме неговите ригорозни критериуми за одговорно ставање во промет на ЗММ од 2011 година.

Иако ја признаваме потребата за континуирано подобрување, како што е забележано во извештајот на ФПМ, исто така се рангираме на прво место во најновото рангирање на глобалните политики и практики за ставање во промет на ЗММ на Индексот за пристап до исхрана (Access to Nutrition Index).

Каде можам да дознаам повеќе за производите на Nestlé без глутен?

Глутен е еден вид на протеин што се наоѓаат во житните растенија како пченицата, јачменот и 'ржта. Некои луѓе се нетолерантни за глутен и консумирањето храна со во која има глутен може да предизвика симптоми како што се, на пример, гадење и повраќање и проблеми со варењето. Тешките случаи, кои се ретки, се познати како целијакија.

Ако не поднесувате глутен, тогаш вашата исхрана треба да биде составена од природна храна без глутен како што се месо, овошје, зеленчук, повеќето млечни производи, компири, ориз и леќа.

За да дознаете кој од нашите производи содржи глутен, посетете ја веб страната на вашата локална земја.

Што прави Nestlé за да го ограничи ставањето во промет на храна и пијалаци за деца?

Nestlé ги почитува строгите стандарди во врска со рекламирањето и ставањето во промет за деца. Сакаме сите деца да имаат здрав старт во животот и да не се рекламира за децата под шестгодишна возраст.

Ние само продаваме храна и пијалоци за постарите деца (на возраст од 6-12 години) кои се дел од хранлива и урамнотежена исхрана. Тие производи мора да ги исполнат Критериумите за исхрана со знакот на ЕУ, според нашата политика за соопштување за ставање во промет на производи за деца.

Според нашата политика, ние не продаваме бисквити, шеќер и чоколадни слатки на деца. Од јануари 2018 година, ќе додадеме повеќе производи на таа листа.

Која е политиката на Nestlé за продавање на храна и пијалаци во училиштата?

Нашата политика за ставање во промет за деца опфаќа продажба во училиштата за да им помогне на децата на возраст од 6-12 години да имаат здрава избалансирана исхрана. Сите производи што се продаваат во основните училишта мора да ги исполнат Критериумите за исхрана со знакот на  ЕУ, другите на регионално или национално ниво договорени знаци, или на Фондацијата на Nestlé за хранливост - во зависност од тоа кој критериум е построг. За придржувањето кон нашата политика се врши ревизија од независни и признати ревизорски фирми: ве молиме прочитајте ја Проценката за согласност со ставање во промет на производи за деца спроведена во Индија во 2019 година.

Како ја поттикнувате исхраната и физичката активност во училиштата?

Nestlé Healthy Kids е нашата глобална програма која годишно допира до повеќе од 8 милиони деца во 84 земји. Ние работиме со партнерски организации за да го зголемиме знаењето за исхрана и здравје кај учениците, да ги охрабриме да јадат здраво и да бидат активни.

Ние, исто така, ја поттикнуваме физичката активност преку нашите брендови. На пример, Milo спроведува спортски програми одобрени од националните власти веќе повеќе од 30 години за да поттикнат милиони деца да се вклучат во спортот. Оваа иницијатива е осмислена да ги поттикне децата да уживаат во позитивното искуство на физичкото образование и активноста на самиот почеток од животот и е во согласност со нашата политика за ставање во промет за деца.

Зошто партнерството на ФК Барселона ги вклучува Milo и Nesquik?

Партнери сме со ФК Барцелона за промовирање на поздрав начин на живот и физичка активност за децата. Milo работи на база на спортски програми за 22 милиони деца ширум светот, а партнерството го вклучува Nesquik во Европа, Средниот Исток и Африка.

Milo и Nesquik промовираат здраво јадење, активна игра и физичка активност, а нивните профили на хранливост се во согласност со признаените критериуми за хранливост.

Како ќе го одбраните вашето користење на ликови како што е Несквик Бани?

Ги користиме само Nestlé-ликови за промовирање на здрав и активен начин на живот кај децата под 12 години. Гледано историски, користевме ликови за да помогнат да ги разликуваме нашите производи од оние што ги направиле конкурентите.

Каков вид информации за хранливост ставате на вашето пакување?

Nestlé сака да помогне на поединци и семејствата да се хранат поздраво преку обезбедување на јасни информации за хранливоста на нашите производи за храна и пијалоци.

Како дел од една индустриска група во Европа во 2006 година, претставивме Насоки за дневни количини (НДК) на предниот дел на пакувањето за производите на Nestlé. Онаму каде што прописите дозволуваа, наведовме НДК на производи дизајнирани за деца, да им помогнеме на родителите да направат избор врз основа на информациите.

НДК укажува на хранливите вредности и процентите на дневно внесување за енергија, масти, заситени масти, шеќер и натриум/сол и клучни хранливи материи што се дадени во референтниот дел од производот.

Процентите се пресметуваат според просечните нивоа на внесување што на повеќето луѓе, во одредена возрасна група, се кажува да консумираат дневно за здрава исхрана.

Дали е полмовото масло лошо за моето здравје?

Кога се јаде како дел од здрава исхрана, преработената храна направена со палмово масло (како што се бујони, пржени тестенини, тесто, чоколадни премази или сладолед) обично дава само мал придонес за нашето секојдневно внесување на заситени масти и не е ризични за здравјето.

Nestlé значително ја намали количината на заситени масти во многу наши производи од усвојувањето на корпоративната политика (pdf, 1.5Mb) по ова прашање во 2009 година.

Нашата цел за 2020 година е да ги намалиме заситените масти за 10% во производите на Nestlé, што не ги задоволуваат строгите стандарди за исхрана. Тоа би ја поддржало препораката на Светската здравствена организација (СЗО) дека само 10% од калориите во нашата исхрана треба да доаѓаат од заситени масти.

На нашите критичари понекогаш може нема да им изгледа како да се движиме доволно брзо за да ги направиме нашите производи поздрави, но ние треба да го добиеме правиот процес. Луѓето сакаат нивната храна да биде здрава и пријатна.

Како можам да дознаам за алергените во вашите производи?

Алергија на храна е кога имунолошкиот систем на телото реагира абнормално на одредени видови на храна, кои вообичаено не се штетни за повеќето луѓе.

За да ви помогнеме да направите информиран избор, главните алергени присутни во храната се означени во списокот на состојки на оваа храна, во согласност со локалното законодавство и следејќи ги нашите внатрешни правила на Nestlé, дури и ако се присутни во мали количини.

Во случај на вкрстен-контакт со главниот алерген што не може да се отстрани, изјава за претпазливост на пр.: "Може да содржи [алерген]" се појавува на етикетата за храна по списокот на состојки.

Во случај на алергија, пред да купите прехранбен производ, систематски проверете ја декларацијата за состојките.

Ако сакате подетални информации за списоците за избегнување, ве молиме погледнете ја веб-страната на вашата локална земја.

Што претставува Кодексот на СЗО?

Меѓународниот Кодекс за ставање во промет на замените за мајчиното млеко (pdf, 128Kb) е збир на препораки за земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) осмислени да го регулираат ставањето во промет на замените за мајчиното млеко, шишиња за хранење и цуцли. Се нарекува "Кодекс на СЗО".

Тој беше воведена во 1981 година како одговор на загриженоста што се покрена за ставање во промет на замени за мајчиното млеко во земјите во развој.

Како беше создаден?

Кодексот на СЗО беше усвоен како резолуција од страна на Светското здравствено собрание (СЗС), тело на СЗО за донесување одлуки, во мај 1981 година. Тоа следеше по опширни консултации со клучните засегнати страни - вклучувајќи влади, агенции на Обединетите нации, граѓанското општество и производителите на храна за доенчиња.

Зошто Кодексот беше воведен?

Кодексот има за цел да придонесе  за обезбедување на сигурна и соодветна исхрана за доенчиња, преку заштита и промовирање на доењето, како и за осигурување на правилна употреба на замените за мајчиното млеко, кога тоа е неопходно, врз основа на соодветни информации и преку соодветно ставање во промет и дистрибуција’.

Важно е да се напомене дека Кодексот признава дека замените за мајчиното млеко имаат легитимна улога во услови кога доенчето не се дои.

Дали Кодексот на СЗО е меѓународен закон?

Не. Кодексот е збир на препораки до земјите-членки на СЗО.

Во него се наведува дека владите треба да преземат акција за да ја остварат својата цел и принципи, преку законска регулатива или други средства.

Како Nestlé ги промени своите практики за ставање во промет откако Кодексот беше усвоен?

Научивме многу од нашите искуства, а ја осознавме и нашата одговорност да одиме над она што беа вообичаени стандарди за ставање во промет во минатото. Се стремиме постојано да ги подобруваме нашите практики и нашите напори се признати однадвор. Ние сме горди што сме првиот производител на Замени за мајчино млеко (ЗММ) вклучен во Индексот FTSE4Good и постојано ги исполнувавме неговите ригорозни критериуми за одговорно ставање во промет на ЗММ уште од 2011 година.

Заедно со Индексот за пристап до исхрана (ИПИ), FTSE4Good е единствената друга независна, транспарентна трета страна која ги проценува практиките за ставање во промет на замените за мајчиното млеко (ЗММ). Прочитајте повеќе за FTSE4Good.

Дали Nestlé го следи Кодексот на СЗО?

СЗО постојано објаснува дека владите се одговорни за дефинирање на примената на Кодексот во нивните земји. Затоа, ние го следиме Кодексот на СЗО што го применуваат националните влади насекаде во светот.

Во 152 земји за кои се смета дека се со поголем ризк во смисла на смртност кај доенчињата и неухранетост, ја следиме нашата ригорозна политика (pdf, 3Mb) извлечена од Кодексот на СЗО или националните прописи, што и да е построго.

Тоа е неопходно, бидејќи многу земји со „повисок ризик“ не го спровеле целосно Кодексот. Всушност, според еден неодамнешен извештај на СЗО (pdf, 587Kb), само 37 од 199 земји-членки донеле закони кои ги одразуваат сите негови препораки и последователнте резолуции од 2011 година.

Што значи земја со "повисок ризик"?

Земјите се класифицирани како земји со повисок ризик според критериумите на FTSE4Good за ставање во промет на замени за мајчиното млеко, кога имаат високи стапки на смртнот (повеќе од 10 на 1000) или акутна неухранетост (повеќе од 2%) кај децата под пет години. Ова се базира на податоци од УНИЦЕФ.

Која е разликата помеѓу политиката на Nestlé и Кодексот на СЗО?

Кодексот на СЗО е збир на препораки за земјите-членки. СЗО постојано објаснува дека владите треба да дефинираат како да го спроведат Кодексот во своите земји.

Нашата политика (pdf, 3Mb) е збир на детални инструкции за спроведување до нашиот персонал за ставање во промет и продажба на храна за доенчиња. Тој  конкретно го објаснува она што може и што не може да се направи во однос на секој член од Кодексот. Првпат беше изготвен во 1982 година, а потоа преработен во 1984 година по консултации со засегнатите страни, вклучувајќи ги СЗО, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и организациите на граѓанското општество. Оттогаш тој е ревидиран и зајакнат неколку пати.

Нашата политика е во согласност со критериумите на FTSE4Good за ставање во промет на замени за мајчиното млеко.

Кои производите на Nestlé се опфатени со политиката на Nestlé?

Нашата политика се однесува на ставањето во промет на сите производи наведени во локалното законодавство за спроведување на Кодексот на СЗО.

Во земјите со повисок ризик, оваа политика се однесува на сите формули за доенчиња и оние што следат што се осмислени да ги задоволат потребите за исхрана на доенчињата од раѓање до 12 месеци, вклучувајќи формули за доенчиња и оние што класифицирани како храна за специјални медицински цели (iFSMPs) според локалното законодавство и кои спаѓаат во следниот асортиман на производи:

  • формула за доенчиња за намалување на ризикот од алергија  со заштитен знак "HА" (или еквивалентна)
  • формула за доенчиња за олеснување на запек
  • формула за доенчиња за ниски хигиенски услови

Дали маркетиншките практики на Nestlé се проценуваат независно?

Да. Како дел од континуираниот процес на проценка, Bureau Veritas секоја година врши ревизија на нашите практики во три различни земји во однос на нашата политика (pdf, 3Mb).

Покрај тоа, PricewaterhouseCoopers (PwC) е овластена од FTSE4Good за самостојно и редовно да врши проверка на нашите практики за ставање во промет на нашите замени за мајчино млеко во однос на комплет од 104 критериуми во земјите со повисок ризик.

Што е FTSE4Good?

FTSE4Good е одговорен инвестициски индекс осмислен за да им помогне на инвеститорите да ги идентификуваат компаниите што ги исполнуваат глобално признатите стандарди за корпоративна одговорност. Тоа е единствениот одговорен инвестициски индекс што дефинираше објективни критериуми за одговорно ставање во промет на замените за мајчиното млеко (ЗММ).

FTSE4Good ја овластува PricewaterhouseCoopers (PwC) независно да врши проверка на нашите практики за ставање во промет на нашите замени за мајчино млеко во однос на сет од 104 критериуми, во земји со високи стапки на смртност кај доенчињата и неухранетост.

Ние бевме вклучени во индексот FTSE4Good во март 2011 година, откако покажавме дека сме ги исполниле FTSE4Good - критериумите за вклучување за ставање во промет на замени за мајчино млеко (BMS Marketing Criteria), покрај другите FTSE4Good – критериуми за вклучување. Тие опфаќаат области како што се животната средина, човековите права и синџирот на снабдување.

Nestlé е горд што е првиот производител на BMS вклучен во индексот FTSE4Good, и што постојано ги исполнува своите ригорозни критериуми за одговорно ставање во промет на замените за мајчиното млеко.

Ние останавме во индексот по последниот преглед во јуни 2017 година, кога ни се придружи Danone. Сега, кога два од најголемите производители на ЗММ ги усвоија критериумите на FTSE 4Good, се надеваме дека и други ќе следат. Веруваме дека сите производители на ЗММ треба да го применуваат како минимален стандард.

Заедно со индексот за пристап до исхрана (ПДО/ATNI), FTSE4Good е единствената независна, транспарентна, трета страна која ги проценува маркетиншките практики за замените за мајчиното млеко (ЗММ).

Како да знам дали некој од Nestlé производите содржи глутен?

Nestlé производите се означени така што декларацијата дава потполна информација за производот, како и за алергените. Сите алергени (како и состојките кои содржат глутен) се означени да бидат лесно забележливи, поинаку од останатите состојки (bold, italic, underline...). Исто така, компанијата Nestlé Adriatic на сите свои производи го означува можното присуство на алергени веднаш до листата со состојки означено со “ Може да содржи...“.

Посебното означување на тврдењето “ без глутен“ на намирниците кои природно не содржат глутен би ги довело потрошувачите во заблуда.