Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Nestlé и ТМОПМ (RSPO)

Каков е вашиот став околу усвојувањето на ревидираните Принципи и критериуми (ПиК) на Тркалезната маса за одржливо палмово масло (ТМОПМ)?  

Го поздравуваме усвојувањето на ревидираните Принципи и критериуми (ПиК) на ТМОПМ. Активно учествувавме во процесот на консултации со цел јакнење на стандардот и веруваме дека со ревидираната верзија се опфатени клучните празнини на кои укажуваме, вклучително и барањата за неконверзија на шумите со Високи нивоа на јаглерод (ВНЈ); за незасадување врз тресетишта со каква било длабочина; за посилни критериуми во смисла на Слободна претходна и информирана согласност (СПИС), заштита на локалните заедници и на работната сила.

Овие критериуми веќе се дел од Стандардот на Nestlé за одговорно користење (pdf, 2 Mb), во кој се утврдени детални барања, со посебен акцент врз најбитните предизвици во делот на општествената, еколошката, економската и благосостојбата на животните, а кои можат да влијаат врз снабдувањето, средствата за живот и врз одржливоста на нашите активности на набавување.

Допрва останува решавањето дополнителни предизвици. Тука спаѓаат и усвојувањето на пристап за спречување на уништувањето на шумите во предели со висока шумска прекривка и усвојувањето поедноставен стандард за малите фармери, кои на глобално ниво учествуваат со 40 проценти во вкупното производство на палмово масло.

Ќе продолжиме со својата водечка улога во рамките на ТМОПМ, со што ќе помогнеме да се поттикнат позитивни промени низ целиот сектор за палмово масло.

Кои чекори презедовте за одново да се квалификувате како членка на Тркалезната маса за одржливо палмово масло (ТМОПМ)?

По повеќе дискусии со ТМОПМ, доставивме план на активности со динамика, каде е зацртано дека најдоцна до 2023 година ќе постигнеме 100-процентно одржливо палмово масло сертифицирано од страна на ТМОПМ.

Овој план се концентрира врз подложноста на следење, првенствено преку сегрегирано палмово масло сертифицирано од ТМОПМ. Освен ова, Nestlé ќе продолжи да дејствува согласно со својата актуелна заложба за нула уништувањето на шумите (pdf, 300Kb), а вклучително ќе работи заедно со останатите партнери за да постигне трансформација во регионите од каде набавува палмово масло.

Во планот е опфатена загриженоста на ТМОПМ и, се радуваме дека ќе продолжиме да работиме заедно со нив, со цел трансформирање на индустријата за палмово масло во насока на една одржлива иднина.

ТМОПМ има значајна улога во смисла на поттикнување промени во индустријата во насока на постигнување одржливо палмово масло. Го признаваме значењето од продолжувањето на нашето членство таму и од споделувањето наши искуства, со цел да помогнеме ова да се случи.

Зошто му давате приоритет на сегрегираното палмово масло?

Сегрегираното палмово масло се држи одвоено од обичното палмово масло низ целиот синџир за снабдување. Бидејќи нашата цел е да постигнеме целосна подложност на следење низ целиот наш синџир за снабдување со палмово масло, во моментов се концентрираме врз купувањето сегрегирано палмово масло.

Која е разликата меѓу вашата заложба за постигнување 100% одговорно набавено палмово масло до 2020 година и вашата заложба за постигнување 100% палмово масло сертифицирано од ТМОПМ до 2023 година?

Целосно сме посветени кон тоа, најдоцна до 2020 година, да постигнеме 100% одговорно набавување на палмово масло. Ова се однесува на 100-процентното почитување од страна на снабдувачите на нашиот Стандард за одговорно користење (pdf, 2Mb). За да ја оствариме оваа наша заложба, користиме комбинација од алатки, вклучително и сателитско следење, линии за помош на работниците, проекти за вклучување на малите фармери и иницијативи за сочувување предели, покрај сертифицирањето. Со одлични изгледи сме да ја постигнеме нашата цел и ќе продолжиме да ја известуваме јавноста за она што го постигнуваме како напредок (pdf, 662Kb) во таа смисла.

Покрај ова, доставивме и план со временска динамика, за постигнување 100% сертифицирано од ТМОПМ одржливо палмово масло, најдоцна до 2023 година. Потребно е време да се погрижиме и малите фармери, кои погоре се дел од нашиот синџир за снабдување, да можат да постигнат сертифицирање. Овој факт го признава и ТМОПМ, од каде се работи на стандард конкретно наменет за малите фармери – развоен тренд за кој веќе извесно време се залагаме.