Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Што прави Nestlé за подобрување на благосостојбата на домашните животни?

Nestlé купува месни производи и производи од живина и јајца што ги произведуваат фармери ширум светот. Најголем дел од месните производи и производите од живина  што ги купуваме ги користиме во готови јадења, смрзнати јадења и во храната за домашни миленици. Најголем дел од производите од јајца ги користиме во мајонез, тестенини и колачи. Посветени сме на највисоките можни стандарди за благосостојба на животните, како и на нивно подобрување преку нашиот глобален синџир на снабдување.

Нашата Посветеност за благосостојба на домашните животни (pdf, 2Mb) се базира на насоките на Светската организација за здравјето на животните (ОИЕ). Тоа вклучува ветување за постепено укинување на практиките што се базираат на „Пет слободи“ на ОИЕ. Тука се вклучени слободата од глад, жед и неисхранетост, слободата од страв и страдање, слободата од физичко страдање и дискомфорт, слободата од повреди и слободата од болест. Ја поддржуваме работата на ОИЕ за унапредување на тие слободи  во глобалниот синџир на снабдување со храна.

Сите наши доставувачи мора да се придржуваат до нашите Насоки за одговорно снабдување (pdf, 2Mb), нашите барања за снабдување со месни производи, производи од живина и јајца и млечни производи мора да ги почитуваат и да се придржуваат кон овие Насоки кои ние продолжуваме да ги спроведуваме низ нашиот глобален синџир на снабдување.

Nestlé потпиша спогодба за глобална соработка со Compassion in World Farming за да помогне да се поттикне подобрувањето во нашето снабдување и да се поттикне поширока трансформација на синџирот на снабдување.

Во октомври 2018 година, ние исто така се придруживме на  Глобалната коалиција за благосостојба на животните (ГЦАВ/ GCAW), работејќи со низа други компании за глобално подобрување на стандардите за добросостојба на животните.

Направивме низа конкретни ветувања. За да помогнеме да се поттикнат подобрувањата за благосостојба на кокошките носилки, имаме за цел на глобално ниво до 2025 година, за сите наши прехранбени производи да користиме само јајца од кокошки одгледувани без кафез. Тука се вклучени сите  јајца и производи од јајца (како на пример, прав и течност од цели јајца и течност и прав од белката на јајцата) директно снабдени како состојки од страна на Nestlé.

Во Европа и во САД, оваа транзиција ќе ја направиме до крајот на 2020 година. За останатиот дел на Америка, Блискиот Исток, Африка и Океанија ќе го сториме тоа до 2025 година, а во Азија ќе се стремиме кон истиот период на транзиција како што ќе доаволат условите.

Во некои делови од светот, како во Европа, над 40% од нашите јајца се веќе од извори без кафези.

Nestlé, исто така, презема јавна обврска да ја подобри благосостојбата на пилињата бројлери (пилиња одгледувани за месо) за нашите прехранбени производи во САД до 2024 година и во Европа до 2026 година.