Sort results by
Sort results by

Правила на наградниот конкурс ,,Nesquik училиштето е забавно“

ПРАВИЛА НА НАГРАДНИОТ КОНКУРС ,,Nesquik училиштето е забавно“

Член 1

Организатор на наградниот конкурс под називот „Nesquik училиштето е забавно“ (понатаму: Конкурс) е НЕСТЛЕ АДРИАТИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје (ЕДБ 4030006591141), бул. 8 Септември бр. 16, 4-ти кат, дел. центар „ХИПЕРИУМ“ Скопје-Македонија (понатаму: Организатор). Конкурсот се спроведува со цел промоција на Организаторот и производите брендот Nesquick. Лицето кое ќе се пријави за учество на Конкурсот понатаму во правилата се нарекува Учесник. Овие правила на Конкурсот (понатаму: Правила) ќе бидат објавени на Facebook страницата на Nesquick.

Член 2

Наградниот конкурс трае од 04.10. од 00:00 часот до 31.10. до 23:59 часот, а се одвива преку интернет-страницата на Facebook страницата на Nesquick Makedonija.

Член 3

Право на учество на Конкурсот имаат сите физички лица со живеалиште во Република Северна Македонија на денот на започнување на наградниот конкурс. Право на учество имаат само лица постари од 18 години. 

На Конкурсот не може да учествуваат лица кои се вклучени во неговата организација и подготовка, посебно вработените на Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства.

Член 4

За учество во Конкурсот, Учесникот треба на веб-страницата За учество на конкурсот, Учесникот треба, во inbox на Facebook страницата на Nesquick, да испрати цртеж од своето дете, на којшто е прикажан еден забавен ден на училиште.                 Во наградниот конкурс можат да учествуваат цртежи од деца на возраст од 6-12 години ( поточно деца од 1-6 одделение) и да кликне на куќичката покрај изјавата дека ги прифаќа Правилата на конкурсот. Купувањето на производот не е услов за учество во промоцијата. 

Учесниците кои нема да се регистрираат во согласност со Правилата ќе бидат автоматски исклучени од учество на Конкурсот, т.е. нема да бидат земени предвид за добивање награда. Исто ќе се постапи и кон оние учесници кои дале неточни податоци. Доколку се утврди тоа, тие лица веднаш го губат правото на понатамошно учество, т.е. доделување на награда ако во меѓувреме ја освојат. Лицата кои дале неточни или туѓи податоци, одговараат исклучиво за таа злоупотреба на податоците. Организаторот го задржува правото да не ги земе предвид предлозите кои одразуваат расна, полова или некој друг вид дискриминација или кои на кој било друг начин ги кршат овие Правила или законите на Република Северна Македонија. Секоја употреба на лажни гласови или двојни и лажни пријави или оправдано сомнение за такви гласови или пријави, ќе се санкционира со елиминација на Учесникот од Конкусрот.

Член 5

Целта на Конкурсот е промоција на брендот Nesquik. Прогласувањето на победниците од учесниците на Facebook страницата е по избор на тричлено жири: Ташевски Сашо, Марија Карзанова, и Билјана Гонева. По завршувањето на конкурсот, жирито ќе избере 20 добитници со најкреативни цртежи, поставени на Facebook страницата на Nesquick, наградата е: Ваучер од Sport Visион во вредност од 3.000ден (три илјади денари) Изборот на најкреативни одговори ќе се заснова врз следниве критериуми: на цртежот потребно е да биде нацртана активност која се случува на училиште. Податоците на добитниците (Име/Презиме/Град) ќе бидат објавени во рок од седум (7) дена по завршувањето на наградниот конкурс и тоа на Facebook страницата на Nesquick Makedonija. Секој добитник добива Ваучер од Sport Visион во вредност од 3.000ден (три илјади денари). Организаторот ќе ги контактира добитниците преку електронската адреса која ја внеле на мрежната страна при пријавувањето. Во одговорот на таа порака, добитникот е должен да ги достави своите податоци заради организирање на преземањето на наградата во рок од седум (7) дена, за да го потврди преземањето на наградата. Доколку добитникот не се јави во наведениот рок или на друг начин не ги достави своите податоци потребни за преземање на наградата, го губи правото на награда, а наградата ќе му биде понудена на друг Учесник по избор на жирито. Со преземање на наградата од страна на добитникот престануваат сите обврски на Организаторот кон Учесникот, односно Добитникот. Добитникот не може да бара награда во поголемо количество или поинаква од онаа која е наведена во овие Правила од страна на Организаторот. Наградата не може да се замени со пари, друг производ или услуга. Секој Учесник може да освои најмногу една награда. Наградите ќе им бидат врачени на добитниците најдоцна во рок од Четиринаесет (14) дена од датумот на објавувањето на добитниците на Facebook страницата на Nesquick Makedonija.

Член 6

Учесникот треба да биде единствен и ексклузивен носител на авторските права на поставената содржина, до степенот до кој поставената содржина подлежи на заштита на авторските права. За малолетни лица согласноста за користење на правата мора да ги даде родителот, односно лицето овластено да се грижи за малолетникот. Учесникот гарантира дека со пријавената содржина во потполност не ги крши авторските и останатите права на трета страна. Ако дојде до кршење на правата на интелектуална сопственост или на некое сродно право, одговорноста за кршењето ја сноси исклучиво Учесникот кој во која било форма ја поставил содржината. Со пријавувањето на содржината на Конкурсот, Учесникот се согласува истата да биде објавена заради комуникација со добитникот на Конкурсот, па на Организаторот бесплатно го пренесува неограниченото право на искористување на поставената содржина во која било форма и исклучиво за интерна употреба.

Член 7

Организаторот ќе ги прегледа сите пратени пријави и го задржува правото во кој било момент да го дисквалификува Учесникот, ако:

  • Учесникот ги прекрши Правилата;
  • Учесникот не одговори на прашањето на Организаторот во рок од 7 дена или остави неточни лични податоци или од друга причина не може да се стапи во контакт со него;
  • Таква содржина е веќе пријавена на Конкурсот;
  • Пријавената содржина не се придржува до темата на Конкурсот;
  • Едно или повеќе лица кои се обележени во пријавената содржина побараат отстранување на содржината од Конкурсот поради каква било причина;
  • Пријавената содржина не е авторско дело на Учесникот кој ја пријавува;
  • Учесникот употребува лажен профил за пријава на Конкурсот. За лажни профили ќе се сметаат сите профили за кои постои основано сомнение дека се креирани исклучиво со цел учество на Конкурсот;
  • Пријавената содржина има навредлива или вулгарна содржина или на кој било начин претставува содржина која не е во согласност со овие правила или со законот;
  • Ако се утврди дека дал неточни податоци за себе или за родителот (старателот) доколку е малолетен;
  • Учесникот не приложи доказ за потребната согласност на лицата, посебно малолетниците за користење на нивните податоци за личноста во рок од 24 часа на прашање на Организаторот.

Член 8

Пред пријавувањето на Конкурсот, Учесникот потврдува дека е запознаен со Правилата и условите за собирање и обработка на неговите лични податоци. Учесниците во Натпреварот изречно се согласуваат Организаторот да ги собира, складира, обработува, пренесува и користи нивните лични податоци, кои ги даваат во рамките на учество на Наградниот натпревар исклучиво за потребите на реализација. Организаторот за потребите на учество на Конкурсот од Учесниците ќе собира: Име, презиме, град, телефон и адреса на е-пошта. Сите податоци за личноста на Учесниците кои ќе се соберат во текот на Конкурсот ќе се користат исклучително со цел спроведување и реализирање на Конкурсот. Организаторот ќе собере и дополнителни податоци од добитниците: адреса, за да може да ја испорача освоената награда на добитникот. Податоците за личноста на Учесниците и Добитниците се чуваат најмногу 2 месеци по завршувањето на Конкурсот, по што трајно се бришат. Организаторот ќе ги објави името, презимето и градот на добитникот на веб страницата без временско и просторно ограничување. Учесникот е слободен во секој момент да побара од Организаторот да престане со обработка на неговите податоци за личноста со праќање мејл на [email protected] и прифаќа дека таквото ускратување може да резултира со неможност за учество на Конкурсот. Учесникот е запознаен и изречно се согласува дека Организаторот може одредени операции во врска со обработката на податоци да ги довери на друг обработувач/и врз основа на договор и во согласност со применливите прописи. Податоците за личноста на Учесниците во име на Организаторот ќе ги обработува EPP Communications, Наум Наумовски Борче 40, Скопје која му помага на Организаторот во реализирање на Конкурсот, врз основа на договор кој е склучен помеѓу Организаторот и Агенцијата. Организаторот ќе ги превземе сите потребни чекори во организациона и техничка смисла да ги заштити податоците за личноста на Учесниците во согласност со важечката регулатива. Организаторот може податоците за личноста на Учесниците да ги пренесува во рамките на Nestle групата што ги подразбира и земјите надвор од територијата на ЕУ, доколку е осигурено соодветно ниво на заштита на податоците за личноста согласно важечките локални закони. Организаторот не може да сноси одговорност за податоците на личноста на трети лица кои не се директни учесници на конкурсот, а кои Учесникот ги доставил во рамките на поставената содржина. Се смета дека Учесникот обезбедил согласност од трети лица чии податоци за личноста ги доставил во својата содржина, во случај кога тие лица не се Учесници на конкурсот. Учесникот е должен при давањето податоци, да даде вистински, точни и целосни податоци за контакт. Учесникот се согласува да биде контактиран од Организаторот користејќи ги неговите податоци за контакт. Во случај на недостапност на Учесникот од која било причина, вклучувајќи неточни податоци или неможност за воспоставување на контакт, ќе се постапи во согласност со одредбата од член 7 на Правилата. Со праќање на пријавата на Конкурсот, Учесникот потврдува дека е известен за собирање и обработка на неговите податоци за личноста. Учесникот може подетално да се информира за обработка на податоците на личноста која ја врши Организаторот, во Известувањето за заштита на податоците кое е објавено на службената веб страница на Организаторот.

Член 9

Организаторот го задржува правото да го прекине Конкурсот во случај на околности за кои Организаторот не е одговорен, односно кои не можел да ги спречи, елиминира или избегне, во којшто случај се ослободува од сите можни обврски кои настанале кон Учесникот. Организаторот не сноси никаква одговорност за технички проблеми или грешки настанати при внесување на податоците, како и други причини кои не зависат од Организаторот. Учесникот кој учествува на Конкурсот ги прифаќа правата и обврските од Правилата. Организаторот го задржува правото за промена на Правилата, за што сите Учесници ќе бидат навремено известени со објава на Facebook страницата на Nesquick Makedonija. Во случај на спор помеѓу Организаторот и Учесникот, надлежен е Основниот суд во Скопје. Правилата ќе важат почнувајќи од денот на објавување на Facebook страницата на Nesquick Makedonija.