Sort by
Sort by

Nestlé продолжува со инвестициите во Европа: нов погон вреден 50 милиони евра во фабрика за пица во Германија

Back to Press releases
Skopje

Nestlé, најголемата прехранбена компанија во светот, вчера во фабриката за замрзнати пици „Вагнер“ во Германија отвори нов погон вреден 50 милиони евра. 
Со инвестицијата на компанијата Nestlé во фабриката сместена во германскиот град Нонвајлер (Nonnweiler), зголемено е производството на производите на „Вагнер“, вклучително и на брендовите Big Pizza, Piccolinis и Die Backfrische, а отворени се 50 нови работни места.
„Ова е најнапредната линија за производство на замрзнати пици во Европа“, изјави на свеченото отворање Вернер Бауер (Werner Bauer), главен директор за технолошки операции на Nestlé и додаде: „Вложувањата во фабриката за замрзнати пици „Вагнер“ ни овозможува на пазарот да понудиме иновативни пици со свежи продукти на брендот Die Backfrische, кој е секако еден од најуспешните брендови на замрзнати пици во последните неколку години“. 

Ова вложување е дел од постојаните настојувања на компанијата Nestlé да ја зајакне својата стручност на подрачјето замрзната и разладена храна. Оттаму, претходно компанијата најави вложување речиси од 40 милиони евра во истражување и развој во сегментот замрзната храна во Соединетите Американски Држави.
Вложувањата во проширување на фабриката „Вагнер“ е само една од инвестициите на компанијата Nestlé во Европа во последно време. Кон крајот на мај, германскиот канцелар Ангела Меркел, во друштво на Пол Булке (Paul Bulcke), извршен директор на Nestlé, го положи камен-темелникот за новата фабрика NESCAFÉ Dolce Gusto. Инвестицијата вредна 220 милиони евра е најголемото вложување на компанијата Nestlé во Германија, а фабриката треба да почне со работа во мај 2014 година и да вработува околу 450 работници. Вложувања во производството на кафе Nestlé најави и во североисточна Шпанија, каде што ќе инвестира 44 милиони евра во нова технологија во својата фабрика на NESCAFÉ кафе во градот Жирона (Girona). Благодарение на новата опрема ќе се зголеми ефикасноста, со истовремено намалување на потрошувачката на вода и на енергија во производствениот процес.

Во минатиот месец е најавена и изградба на нова фабрика PURINA за храна за домашни миленици во Полска, вредна повеќе од 75 милиони евра, во која од втората половина на 2014 година ќе бидат вработени 200 работници. Полскиот град Вроцлав е одбран поради својата стратегиска позиција во Источна Европа, но и поради фактот што Полска е исклучително значаен пазар за храна за домашни миленици, со проценети дури 13 милиони домашни миленици. Почетокот на изградбата на оваа нова фабрика се совпадна со прославата на 20-годишнината на компанијата Nestlé во Полска.
Сите наведени инвестиции во Европа се дел од развојниот план и од постојаните настојувања на компанијата Nestlé да им понуди на потрошувачите најдобри производи од сите свои производствени категории.