Sort by
Sort by

Nestlé започна хуманитарна акција за донирање топол оброк во СОС Детско село и во СОЛЕМ

Back to Press releases
Скопје

MAGGI, брендот за кулинарство на Nestlé, почна голема хуманитарна акција за донации во две здруженија - СОС Детско село Македонија и СОЛЕМ. Целта на оваа хуманитарна акција е да се соберат што повеќе супи MAGGI, за да помогне во обезбедувањето топол оброк и побогата трпеза за граѓаните од социјално ранливите групи.

Сите граѓани што сакаат да придонесат со своето учество во оваа акција може да купат една или повеќе MAGGI супи и да ги донираат во затворени картонски кутии поставени во продажните места. Откако ќе заврши акцијата, Nestlé ќе го удвои количеството на собраните супи и ќе ги донира во СОС Детско село и во здружението СОЛЕМ. Оваа акција ќе трае до 10.10.2013 година и ќе се одвива во сите маркети „Тинекс“ низ земјава.

Nestlé цврсто верува дека е од голема важност да се има барем по еден топол оброк дневно, па затоа одлучи да даде свој придонес и да помогне во обезбедување супи на трпезите на членовите на овие здруженија. Компанијата верува во успешноста на акцијата и во големата бројка собрани супи, чие количество со задоволство ќе го удвои.

СОС Детско село Македонија е основано во ноември 2000 година, со цел да обезбеди топол дом и грижа за децата без родителска грижа и да спречи деца од социјално загрозени семејства да ја изгубат грижата од своите родители. Денес, во 12 СОС семејства и во 2 младински програми се згрижени или се поддржуваат 101 дете и младинец. Некои од нив се во градинка, некои во основно училиште или се средношколци, а некои студираат или работат и веќе го градат својот самостоен живот. Со превентивните програми, СОС Детско село Македонија поддржува над 200 деца и нивните биолошки семејства во градење безбедна и заедничка иднина.
СОЛЕМ е здружение на граѓани што им дава поддршка на лицата со посебни потреби, а е формирано во 2008 година. СОЛЕМ го поддржува процесот на деинституционализација на лицата со посебни потреби во Република Македонија и се залага за подобрување и за промоција на правата на лицата со посебни потреби преку директна работа со возрасни лица со интелектуална попреченост во креативен центар. 

Ова е прва акција од ваков вид што Nestlé ја спроведува преку својот бренд  MAGGI во Македонија. Со искрена желба да помогне и да овозможи што повеќе среќни и радосни мигови, за компанијата претставува задоволство што ќе успее да предизвика насмевка на многу лица.