Sort by
Sort by

Maggi прогласен за најдобар светски бренд

Back to Press releases
Скопје

MAGGIБрендот на компанијата Nestlé – Maggi, е прогласен за најдобар светски бренд во прехранбената индустрија, со асортиманот инстант-супи, коцки за супи, сосови, мешавини за приготвување јадења и нудли, покажа истражувањето на „Кантар вордпанел“ (Kantar Wordpanel), водечка светска агенција за истражување на пазарот. Брендот Knorr на Unilever се најде втор на списокот најдобри брендови, а третото место го зазеде брендот Lay на PepsiCo.

Со анализирање на навиките на потрошувачите во 32 земји, аналитичарите дошле до заклучок кој бренд е најдобро рангиран меѓу повеќето избрани светски производи на стока за широка потрошувачка (FMCG). Агенцијата „Кантар вордпанел“ го спроведе првото глобално истражување врз основа на рангирањето на стоковните марки за широка потрошувачка со помош на новата метрика Consumer Reach points. Со оваа метрика се следи однесувањето на потрошувачите така што се бележи бројот на домаќинства што купуваат определен бренд, како и зачестеноста на нивното купување.

Најголемиот раст Maggi го забележа во Азија, кон што, според мислењето на агенцијата „Кантар“, придонесе успехот на Maggi инстант-нудлите во Индија. Иновацијата исто така имаше удел во успехот на брендот Maggi, со оглед на тоа што во Кина е лансиран нов производ Maggi течни зачини (Maggi Liquid Seasoning), во Малезија Maggi нискокалорични нудли (Maggi low fat noodles), додека на пазарот на Индија се пласирани Maggi Vegetable Atta – нудли од цело зрно со зеленчук.