Smarties® бонбони од сега во рециклабилна хартиена амбалажа

Популарниот Smarties® e првиот кондиторски бренд на компанијата Nestlé кој воведе рециклабилна хартиена амбалажа за своите производи ширум светот.
smarties recycle papers
Back to Press releases

Брендот на познатите бонбони во разни бои – Nestlé Smarties® воведе хартиена амбалажа за своите производи со чија рециклажа годишно ќе заштеди околу 250 милиони пластични пакувања на светот. Трансформацијата на Smarties® амбалажата, компанијата Nestlé ја започна минатата година со воведување на рециклабилно пакување за 10% од својот асортиман, a oваа година отиде и чекор понатаму со премин на овој вид на хартиена амбалажа од материјали како што се преслечена хартија, хартиени декларации и картон, за сите производи.

„Преминувањето на брендот Smarties® на рециклабилно пакување е една од нашите клучни иницијативи на полето на одржливата амбалажа во кондиторската категорија. На овој начин одиме чекор понатаму во остварувањето на нашата амбиција, а тоа е дo 2025 година за сите производи да користиме повеќекратна или хартиена амбалажа која се рециклира и да ја намалиме употребата на нерециклирана пластика за една третина”, изјави Александер фон Маијо, глобален директор за кондиторски производи на компанијата Nestlé.

Smarties® мини бонбоните полнети со млечна чоколада, без конзерванси и вештачки бои, во амбалажа која е направена од 100 % рециклиран материјал достапни се во пакувања од 158 g, како и во туби во форма на хексагон од 38 g и 130 g. Со цел да се подигне свеста на потрошувачите, сите информации за правилно отстранување на хартиената амбалажа на Smarties® се наоѓаат на декларацијата. 

Со воведувањето на револуционерните нови материјали преку тестирањето кое го спроведоа експертите за амбалажа на Nestlé во Центарот за истражување и развој на кондиторски производи во Јорк, Велика Британија и Институтот за проучување на амбалажа во Швајцарија, развиено е безбедно производство на хартиена амбалажа која се рециклира. Инвестирајќи значителни ресурси во модернизација на своите фабрики ширум светот, вклучително и една од најголемите за производство на кондиторски асортиман во Хамбург, компанијата Nestlé ги прилагоди постојните производствени линии за да обезбеди внимателно ракување што ги бара хартијата, како и рециклабилност на сите нови формати. 

Tрансформацијата на амбалажата на Smarties® е само една од „SMART иницијативите” на овој бренд со цел да се поддржи одржливоста и да се подобри целокупното корисничко искуство. 

Придружете ѝ се на мисијата Smarties® и по уживањето во вкусните Smarties®  бонбончиња, oтстранете ја обвивката во канта за рециклажа на хартија, да го направиме овој свет поживописно место за нашите деца. Да бидеме херои за рециклирање!