Sort results by
Sort results by

Nestlé ги објави финансиските резултати за првите 9 месеци од 2021 година

nestle hq
Back to Press releases
  • Органскиот раст достигна 7,6 %, со реален внатрешен раст (РВР) од 6,0 % и цени од 1,6 %. Растот е поддржан со постојан импулс во малопродажбата и заздравување на каналот out-of-home.
  • Вкупната продажба порасна за 2,2 % на 63,3 милијарди швајцарски франци. Девизите ја намалија продажбата за 2,0 %.
  • Забележан е континуиран напредок во управувањето со портфолиото. На 9 август 2021 година Nestlé ја заврши аквизицијата на клучните брендови на компанијата „The Bountiful“.
  • Ажурирана прогноза за 2021 година: се очекува годишен органски раст на продажба меѓу 6 % и 7 %. Се очекува основна маржа на оперативната добивка при тргувањето околу 17,5 % што го изразува доцнењето меѓу инфлацијата на трошоците за инпут и одредувањето на цената, како и еднократните трошоци за интеграција поврзани со стекнување на брендовите на компанијата „The Bountiful“. По 2021 година, среднорочните изгледи за продолжување на умереното подобрување на маржата остануваат непроменети. Се очекува дека оваа година ќе се зголемат заработката по акција во постојана валута и ефикасноста на капиталот.


Nestlé, најголемата прехранбена компанија во светот, со седиште во швајцарскиот град Веве, ги објави деловните резултати за првите девет месеци од 2021 година.

По тој повод, Марк Шнајдер, извршниот директор на компанијата Nestlé, изјави: „Задоволни сме со силниот органски раст на Nestlé во изминатите 9 месеци, водени од широките придонеси на поголемиот број локации и категории. Неуморниот фокус на нашите тимови на локално ниво и нивната агилност ни овозможија да се избориме со инфлацијата и ограничувањата во синџирите на снабдување. Во текот на третиот квартал, одговорно ги зголемивме цените, одржувајќи силен реален интерен раст. Инвестициите во иновација, дигитализација и одржливост го поддржаа растот, зголемувајќи ја релевантноста и разновидноста на нашата понуда. Nestlé продолжува да презема мерки во полето на одржливост. Неодамна ги претставивме плановите за поддршка на правичниот премин во практикување на регенеративно земјоделство, коешто ќе ни помогне да ги оствариме климатските цели во соработка со земјоделските заедници ширум светот, за подобрување на здравјето на земјиштето, обновата на водените циклуси и диверзитетот.“

Јужен јадрански регион

Компанијата Nestlé забележа органски раст од 11,5 % на пазарот на Јужниот јадрански регион (Србија, Црна Гора, Северна Македонија), а категориите Nescafé и Purina PetCare  најмногу придонесоа за овој раст. На овој пазар, во изминатите девет месеци од оваа година компанијата донираше свои производи за помош на локалната заедница во висина од 150.00 швајцарски франци.

„Во Јужниот јадрански регион Nestlé, во првите девет месеци од оваа година, забележа силен двоцифрен раст од 11,5 %. Во текот на овој период, продолживме со поддршката на локалната заедница и дониравме производи во вредност од 150.000 швајцарски франци на ниво на регионот. Како компанија којашто на прво место ги става потрошувачите и локалната заедница во којашто работи, продолжуваме со работа според начелата на циркуларната економија, зачувување на животната средина, инвестирање во развојот на млади професионалци, како и едукација на нашите најмлади за важноста на правилната исхрана“, изјави Марјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé за Јужниот јадрански регион.

Продажба на ниво на Групација

Органскиот раст достигна 7,6 % со РВР од 6,0 %. Цените се зголемија за 1,6 % со раст на 2,1 % во третиот квартал. Раст е забележан на повеќето локации и категории. Органскиот раст достигна 7,1 % на развиените пазари, главно врз основа на РВР со позитивни цени. Органскиот раст на пазарите во развој изнесуваше 8,3 % со силен РВР и позитивни цени. Органскиот раст на малопродажбата изнесува 6,6 %. Продажбата преку е-трговија порасна за 17,2 % достигнувајќи 14,1 % од вкупната продажба на Групацијата, со силен импулс во бројни категории – кафе, Purina PetCare и кулинарство. Органскиот раст во out-of-home каналите изнесува 22,8 %.

Работата како моќ на доброто: поддржување на преминот кон регенеративна земјоделска пракса

Како потписничка на повелбата на Обединетите нации за ограничување на растот на температурата за 1,5 целзиусови степени, компанијата Nestlé меѓу првите подели детален план за борба против климатските промени во декември 2020 година. Компанијата презема чекори за да ги преполови своите емисии до 2030 година и да постигне нето-нулта емисии до 2050 година. Земјоделството игра клучна улога во постигнување на овие климатски цели, затоа што две-третини од емисиите на Nestlé кои предизвикуваат ефект на стаклена градина потекнуваат од производството на состојките за храна. Во септември 2021 година Nestlé соопшти дека ќе поддржи премин кон регенеративни системи на храна – тие коишто ја чуваат и регенерираат природата, унапредувајќи ја заработката на земјоделецот и доведувајќи до општа благосостојба на нивните заедници.

Заедно со надворешните партнери, земјоделските заедници, граѓанските здруженија, владите и припадниците на академската заедница, Nestlé врши проби на повеќе од 50 земјоделски стопанства ширум светот. Сознанијата од овие проби потоа ќе се применат на локално ниво и ќе бидат проширени на други локации. Компанијата исто така нуди инвестициска поддршка за намалување на ризикот и плаќањето на суровините за корисниците на регенеративното земјоделство.

Nestlé ќе инвестира 1,2 милијарди швајцарски франци во следните пет години за да го поттикне преминувањето кон регенеративно земјоделство меѓу 500.000 земјоделци и 150.000 добавувачи со кои соработува компанијата.

Прогноза за 2021 година

Се очекува годишен органски раст меѓу 6 % и 7 %. Се очекува основна маржа на оперативна добивка при тргување околу 17,5 %, што го одржува доцнењето меѓу инфлацијата и трошоците за инпут и одредувањето на цената, како и еднократни трошоци за интеграцијата поврзани со стекнувањето на брендовите на компанијата „The Bountiful“. По 2021 година, среднорочните изгледи за продолжување на умереното подобрување на маржата остануваат непроменети. Се очекува дека оваа година ќе се зголемат заработката по акција во постојаната валута и ефикасноста на капиталот.