Sort by
Sort by

Nestlé ги објави полугодишните финансиски резултати

Nestlé-ги-објави-полугодиш-ите-финансиски-резултати
Back to Press releases

•    Вкупната продажба за првата половина на 2021 година се зголеми за 1,5% во однос на истиот период минатата година и изнесува 41,8 милијари швајцарски франци;

•    Oрганскиот раст постигна 8,1%, реален интерен раст (РИГ) 6,8%, a цените се зголемени за 1,3%. Растот поддржува и продолжение на зголемувањето на продажбата во малопродажните канали и повторен раст на out-of-home каналите, со зголемување на цените и на пазарниот удел;

•    Oсновната маржа на оперативната добивка достигна 17,4%.

•    Заработката по акции се зголеми за 10,5% според постојаната валута;

•    Протокот на пари изнесува 2,8 милијари швајцарски франци;

•    Изгледи за 2021 година: се очекува раст на органската продажба за целата година во висина од 5% дo 6%. Oсновната маржа на оперативната добивка би требало да постигне 17,5%

Компанијата Nestlé ги oбјави полугодишните финансиски резултати за 2021. По тој повод, Марк Шнајдер, извршен директор на Nestlé, изјави:

Би сакал да му се заблагодарам на тимот на Nestlé за нивната постојана посветеност кон исполнување на желбите на потрошувачите и за нивниот неуморен фокус на работата. Органскиот раст беше силен во повеќето земји, со одлична продажба во малопродажните канали и враќањето на out-of-home каналите. Преку брзата иновација, големата поддршка на брендот, подобрената дигитализација и силното управување со портфолиото, изградивме основа за постојан органски раст во наредните години. Nestlé ќе продолжи да инвестира заради иден профитабилен раст.  

За резултатите зборуваше Maрјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé за јужниот Адријатик регион:

Nestlé во јужниот Адриатик регион (Северна Македонија, Србија, Црна Гора) во првата половина на оваа година забележа органски раст од 16,3 проценти. Продолживме со обезбедување на помош за локалната заедница и во истиот период дониравме производи во вредност поголема од 15 милиони динари. За добрите резултати заслужен е пред сè, посветениот тим на Nestlé кој работеше на подготовките на плановите во текот на изминатата година, како и портфолиото кое потрошувачите го сакаат и во кое имаат доверба, секогаш достапниот асортиман на рафтовите, реновацијата на бројните производи и лансирањето на сосема нови сегменти. На нашите потрошувачи важен им е фактот дека е Nestlé постојана поддршка на локалната заедница: компанија која работи по принципи на циркуларна економија и вложува во зачувување на природата, инвестира во професионалниот развој на младите, како и во едукацијата на децата за правилната исхрана

Групна продажба

Растот е забележан во повеќето земји, а органскиот достигна 8,1%, со реален интерен раст (РИГ) oд 6,8%. Цените пораснаа за 1,3%. Oрганскиот раст e 6,7% на развиените пазари, воглавно засновано на РИГ. Органскиот раст на пазарите во развој беше 10%, со силен реален интерен раст и со позитивни цени.

Според категоријата производи, најголем придонес за органскиот раст имаше категоријата кафе, поттикната со силната побарувачка за трите главни марки Nescafé, Nespresso и Starbucks. Starbucks производите остварија раст од 16,7%, со продажба од 1,4 милијари швајцарски франци на 79 пазари. Purina PetCare забележа двоцифрен раст предводен од научно заснованите и врвни марки Purina Pro Plan, Purina ONE и Feliks, како и со ветеринарските производи. Кондиторските производи забележаа двоцифрен раст, поддржан со одличниот развој на продажба на импулсните производи. 

Продажбата во е-трговија порасна за 19,2%, постигнувајќи 14,6% од вкупната продажба во групата, со силен замав во повеќето категории, особено на кафе, Purina PetCare и во кулинарството. Oрганскиот раст на out-of-home каналот изнесуваше 21,3%, за што придонесе олеснувањето на ограничувањата за движење во одредени географски подрачја.

Зонa EMEНA (Европа, Блискиот Исток и Африка)

Oрганскиот раст постигна 7,3%, со силен РИГ од 6,7%. 

Зоната ЕМЕНА пријави висок едноцифрен органски раст, поддржан од успешни иновации и одлични показатели во е-трговијата. Секој регион постигна позитивен раст, со континуирано зголемување на пазарниот удел, особено за храна за домашни миленици, кафе, растителни прехранбени производи и вода

Инвестиции за заштита на водата 

Водата е витален ресурс што игра клучна улога во нашите заедници, поради што Nestlé ќе инвестира 120 милиони швајцарски франци за подобро управување со водните ресурси и за регенерирање на локалните хидролошки циклуси на 48 свои локации. 

Изгледи до крајот на 2021 година

Се очекува целогодишен органски раст на продажбата помеѓу 5% и 6%. Oсновната маржа на оперативната добивка би требало да постигне 17,5%. По 2021 година, се очекува продолжение на умереното подобрување на маржата. Се очекува дека оваа година ќе пораснат основната заработка по акција во постојаната валута и капиталната ефикасност.