Sort by
Sort by

Nestlé ги објави финансиските резултати за првиот квартал на 2021 година

•    Вкупната продажба се зголеми за 1,3% и изнесува 21,1 милијарда швајцарски франци;
•    Oрганскиот раст постигна 7,7%, a реалниот интерен раст (RIG) 6,4%;
•    Во 2021 година се очекува континуирано и едноцифрено зголемување на органскиот раст.
Nestle company
Back to Press releases

Компанијата Nestlé ги објави финансиските резултати за првиот квартал на 2021 година. По тој повод, Maрк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé изјави дека е многу задоволен од растот на продажбата во првиот квартал. „Нашиот раст е поттикнат од дисциплинираното работење, подобрените дигитални способности и брзи иновации, што резултираше и со зголемување на пазарниот удел. Забележан е раст на малопродажната продажба, како и во out-of-home (OOH) каналите. Можеме да ги потврдиме нашите упатства за оваа година и среднорочните изгледи за умерен едноцифрен органски раст. Развојот на COVID-19 вакцините му даде надеж на светот и ние ја поддржуваме широко распространетата испорака на вакцини во заедниците во кои работиме. Нашето партнерство со Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина помага да се набават вакцини за оние на кои им се најпотребни. Во овие предизвикувачки времиња, навистина можеме да покажеме дека работењето може да има позитивен ефект и да помогне да се забрза закрепнувањето“, рече Шнајдер. 

Oрганскиот раст постигна 7,7% во првиот квартал на 2021 година и забележан е на повеќето територии на кои работи Nestlé. Oвој параметар на развиените пазари постигна 5%, додека на пазарите во развој е забележан органски раст од 11,4%.

Гледајќи по категоријата производи, кафето најмногу придонесе за растот, што беше предизвикано со големото побарување на производитена Nespresso (органски раст 17.1%), NESCAFÉ и Starbucks. Забележан е двоцифрен раст на продажбата на млечни производи, додека Purina PetCare достигна висок едноцифрен раст.

Свој осврт на работењето на компанијата во првиот квартал на 2021 година, даде и Maријана Давидовиќ, генерална директорка на Nestlé Aдријатик за јужниот регион (Србија, Црна Гора, Северна Македонија).

„Иако последиците од пандемијата сè уште се чувствуваат, Nestlé во јужниот Адријатик регион, во првиот квартал оваа година, забележа органски раст од 26,2 %. Во истиот период продолживме да обезбедуваме помош за локалната заедница и донирамвме производи во вредност поголема од 100.000 швајцарски франци. Добрите резултати произлегоа од довербата на нашите потрошувачи, изградена, не само на квалитетните и секогаш достапни производи, туку и на фактот дека Nestlé е постојана поддршка и столб на нашето општество и ранливите групи“, рече Давидовиќ.

Масовната вакцинација е клучна за надминување на пандемијата и Nestlé се залага за тоа сите да се вакцинираат во согласност со здравствените приоритети. Имајќи го тоа предвид, компанијата влезе во партнерство со Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина и донираше шест милиони швајцарски франци за да се забрза испораката на вакцини во неразвиените земји. Работата на теренот ќе се спроведува преку локалната инфраструктура која ја поседуваат Црвениот крст и Црвената полумесечина и ќе се фокусира на воспоставување на пунктови за вакцинација, транспорт на вакцини, информативни кампањи и промовирање на вакцинирање на високо ризичните групи. 

Продажбата преку online каналите се зголеми за 39,6%, достигнувајќи 14,5% од вкупната продажба и со тоа покажа дека сè уште постои голема побарувачка за online купувањето. 

Очекувањата за 2021 година имплицираат континуирано зголемување на органскиот раст, умерено подобрување на основната маржа на трговска добивка, како и зголемување на заработката по акција во постојана валута и ефикасност на капиталот.