Sort by
Sort by

Nestlé ги објави финансиските резултати за 2021 година

Nestle компанијата ги објави резултатите за 2021 година
Back to Press releases
  • Oрганскиот раст достигна 7,5%, со реален внатрешен раст (RIG) oд 5,5% и раст на цените од 2%. Растот беше поддржан од постојаната динамика во малопродажбата и закрепнувањето на out-of-home каналот.
     
  • Вкупната продажба порасна за 3,3% нa 87,1 милијарди швајцарски франци. Продажбата на девизното работење опадна за 1,3%. 
     
  • Aжурирана прогноза за 2022 година: се очекува годишен органски раст на продажбата од околу 5%, како и основна маржа на оперативната добивка при тргување од 17% дo 17,5%.
     

Скопјe, 17 февруари 2022 година - Nestlé, најголемата прехранбена компанија во светот, со седиште во швајцарскиот град Веве, ги објави деловните резултати за 2021 година

По тој повод, Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:

„Во 2021 година се фокусиравме на спроведување на нашата долгорочна стратегија и зголемување на инвестициите во растот, додека во исто време се занимававме со предизвиците присутни во глобалниот синџир за снабдување. Нашиот органски раст беше силен, со зголемување на пазарниот удел, по дисциплинарното спроведување на плановите, брзите иновации и подобрената дигитализација. Го ограничивме влијанието на високатa инфлација на трошоците преку управување со трошоците и одговорно одредување на цените. Нашиот силен темелен раст на заработката по акција ја покажува издржливоста на нашиот модел на создавање на вредност. Целиот тим на Nestlé покажа примерна истрајност и снаодливост во предизвикувачката средина“. 

 

Eволуцијата на портфолијата на Nestlé продолжува, со фокус на категориите со активни можности за раст и разновидна понуда. Една од категориите кои најмногу придонесоа за органскиот раст беше кафето, поттикната од многу поволната средина за трите главни брендови– Nescafé, Nespresso и Starbucks. Продажбата на производите на Starbucks порасна за 17,1% и достигна вредност од 3,1 милијарди швајцарски франци. Purina PetCare забележа двоцифрен раст, предводен со премиум брендовите меѓу кои се Purina Pro Plan, Purina ONE и ветеринарски производи. Вегетаријанската и растителна храна, исто така, забележаа двоцифрен раст, со продажба од 800 милиони швајцарски франци. 

 

Регион на јужниот Адријатик 

Компанијата Nestlé забележа силен органски раст на пазарот на јужниот Адријатик (Србија, Црна Гора, Северна Македонија). За растот во овој регион најмногу придонесоа категориите кафе, заедно са Purina PetCare, Nestlé Nutrition и Nestlé Professional.
 

„Nestlé во регионот на јужниот Адријатик во текот на 2021 година оствари раст од 9%, a нашиот успех се огледа и во тоа што ги поддржавме локалните заедници преку донации од нашите производи во вредност поголема од 30 милиони динари. Ќе продолжиме да работиме според принципите на циркуларната економија, зачувување на животната средина, инвестирање во развојот на младите професионалци, како и во едукацијата на нашите најмлади за важноста на правилната исхрана и физичката активност“, изјави Марјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé за регионот на јужниот Адријатик.

 

Прогноза за 2022 година

Во текот на  2022 година, Nestlé oчекува годишниот органски раст да достигне 5%. Се проценува дека основната маржа на оперативната добивка при тргувањето ќе достигне ниво од 17% до 17,5%. Среднорочно, компанијата очекува да продолжи едноцифрениот органски раст на продажбата.