Sort by
Sort by

Nestlé помеѓу основачите на Европската алијанса за чист транспорт

Европската алијанса за чист транспорт
Back to Press releases

Компанијата Nestlé се приклучи на Европската алијанса за чист транспорт, која во својот состав има бројни невладини организации, превозници и компании кои се занимаваат со логистика и производство на стока за широка потрошувачка, со цел да се забрза декарбонизацијата на патниот товарен сообраќај во Европската унија.

Додека европските земји работат на закрепнување од пандемијата на коронавирус, Nestlé и другите членки на Алијансата ги повикуваат владите да продолжат со инвестициите и да ја забрзаат транзицијата кон позелен транспорт. Намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид и загадувачите на воздухот во патниот транспорт ќе помогне да се постигнат целите на Европскиот зелен договор, а со тоа Европа да стане првиот континент што е јаглерод неутрален.

„Се гордеаме што сме помеѓу основачите на Европската алијанса за чист транспорт. Подобрувањето на ефикасноста на нашиот транспорт и дистрибуција е круцијално ако сакаме да ги преполовиме емисиите на загадувачи до 2030 година и да станеме климатски неутрални до 2050 година. Од 2014 година во Европа ние ја намаливме емисијата на јаглерод диоксид во логистиката до 15 проценти. Ако имавме повеќе камиони со нулта емисија и потребна инфраструктура, ќе можевме да го забрзаме овој чекор“, рече Пол Ламерс (Paul Lammers), раководител на синџирот за снабдување на Nestlé за Европа, Блискиот исток и Северна Африка.

Nestlé е веќе на пат да постигне климатска неутралност. Во септември 2019 година, компанијата објави дека се обидува да достигне нула емисија до 2050 година. Nestlé е свесна дека постигнувањето успех зависи од социјалните промени и ги охрабрува другите да се стремат кон постигнување на истата цел.
Некои од специфичните активности на компанијата за подобрување на сопствените операции за транспорт и дистрибуција вклучуваат:

- Неодамнешното отворање на Европскиот центар за планирање на транспортот које што ќе помогне во управувањето со сите прекугранични операции на компанијата во Европа на поефикасен начин. Ова ќе помогне да се оптимизираат вредните транспортни ресурси, да се намали километражата, полесно да се утоварат камионите и да се поврзат патувањата.

- Кога е можно, Nestlé го заменува патниот транспорт со поодржливи начини на транспорт. На пример, во Франција, компанијата оствари дури 27.000 помалку патувања со камиони за една година со пренесување на транспортот на својот бренд за вода Perrier на транспорт со електричен на воз.

Забрзана транзиција кон алтернативни горива и електронски камиони веќе е во тек. Во Италија, Nestlé, во соработка со своите транспортни партнери, користи камиони кои работат на течен природен гас (TPG). Исто така, компанијата продолжува да соработува со индустријата во развој на електрична технологија за камиони, особено за кратки патувања.

Компанијата Nestlé се приклучи на Европската алијанса за чист транспорт, која во својот состав има бројни невладини организации, превозници и компании кои се занимаваат со логистика и производство на стока за широка потрошувачка, со цел да се забрза декарбонизацијата на патниот товарен сообраќај во Европската унија.

Додека европските земји работат на закрепнување од пандемијата на коронавирус, Nestlé и другите членки на Алијансата ги повикуваат владите да продолжат со инвестициите и да ја забрзаат транзицијата кон позелен транспорт. Намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид и загадувачите на воздухот во патниот транспорт ќе помогне да се постигнат целите на Европскиот зелен договор, а со тоа Европа да стане првиот континент што е јаглерод неутрален.

„Се гордеаме што сме помеѓу основачите на Европската алијанса за чист транспорт. Подобрувањето на ефикасноста на нашиот транспорт и дистрибуција е круцијално ако сакаме да ги преполовиме емисиите на загадувачи до 2030 година и да станеме климатски неутрални до 2050 година. Од 2014 година во Европа ние ја намаливме емисијата на јаглерод диоксид во логистиката до 15 проценти. Ако имавме повеќе камиони со нулта емисија и потребна инфраструктура, ќе можевме да го забрзаме овој чекор“, рече Пол Ламерс (Paul Lammers), раководител на синџирот за снабдување на Nestlé за Европа, Блискиот исток и Северна Африка.

Nestlé е веќе на пат да постигне климатска неутралност. Во септември 2019 година, компанијата објави дека се обидува да достигне нула емисија до 2050 година. Nestlé е свесна дека постигнувањето успех зависи од социјалните промени и ги охрабрува другите да се стремат кон постигнување на истата цел.

Некои од специфичните активности на компанијата за подобрување на сопствените операции за транспорт и дистрибуција вклучуваат:

Неодамнешното отворање на Европскиот центар за планирање на транспортот које што ќе помогне во управувањето со сите прекугранични операции на компанијата во Европа на поефикасен начин. Ова ќе помогне да се оптимизираат вредните транспортни ресурси, да се намали километражата, полесно да се утоварат камионите и да се поврзат патувањата.

Кога е можно, Nestlé го заменува патниот транспорт со поодржливи начини на транспорт. На пример, во Франција, компанијата оствари дури 27.000 помалку патувања со камиони за една година со пренесување на транспортот на својот бренд за вода Perrier на транспорт со електричен на воз.