Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

NESCAFÉ 3in1 започнува соработка со бендот 2Bona, поттикнувајќи го развојот на младите таленти во Македонија

Back to Press releases
Sep 09, 2020

#ChatBeforeYouJudge (#Зборнете пред да судите) е новата комуникациска платформа на NESCAFÉ 3in1 во која популарното музичко дуо 2Bona се партнери на брендот во Македонија. #ChatBeforeYouJudge значи да бидете еден до друг, блиску во моментите на релаксација со вашите најблиски. Соработката на брендот и дуото ќе ги охрабри младите да ги споделат своите таленти, а членовите на бендот ги покануваат сите млади да им ги испратат своите видеа. Видеата со најинтересни и најдобро презентирани таленти ќе имаат можност да се најдат во новото музичко видео што го подготвуваат 2Bona.

Многумина од нас имаат страст кон одредени работи, но често не сакаме да ги споделуваме тие таленти со други. Причините за тоа можат да бидат различни, а меѓу најважните е стравот од коментари на другите луѓе и нивната реакција. Затоа е креиран проектот #ChatBeforeYouJudge во кој NESCAFÉ 3in1 и 2Bona ќе се обидат да започнат бран на промени и да ги охрабрат младите да ги изнесат своите идеи и да ги споделат своите таленти пред сите, без страв од тоа каква ќе биде реакцијата на опкружувањето.

Идејата на овој проект е да и се претстави на јавноста дека пред да коментираме и да судиме за некого, многу е важно таа личност прво да ја запознаеме. Сакаме младите во Македонија да имаат можност да ни ги откријат на сите нас своите таленти, својата страст и посветеност без да се плашат каква ќе биде реакцијата на околината. NESCAFÉ 3in1 и 2Bona ќе ги поддржат и охрабрат младите преку заеднички активности да ги остварат своите соништа”, вели тимот на NESCAFÉ 3in1 за југоисточниот пазар на Nestlé.

Марио Јелиќ Кун и Антонио Стојановски Тонито, членови на бендот 2Bona, во наредниот период преку својот инстаграм профил, ќе им овозможат на сите заинтересирани подобро да се запознаат со нив. NESCAFÉ 3in1 и 2Bona исто така подготвија интересно изненадување - првото музичко видео во Македонија, кое е целосно направено од снимки испратени од следбениците на оваа музичка група, од 9 до 18 септември со користење на хаштагови #tojsumchallenge и #ChatBeforeYouJudge.

Ние многу добро знаеме со каков притисок се соочуваат младите во нашата земја и затоа сакаме да им ја раскажеме нашата приказна, да ги охрабриме и да им помогнеме да се ослободат и да ни ги испратат своите видеа. Ќе ги искористиме најинтересните од нив за првото музичко видео од овој вид во Македонија, кое го подготвуваме за нашата нова песна“, велат членовите на бендот 2Бона.

NESCAFÉ 3in1 и 2Bona подготвија и многу други изненадувања за младите во Македонија во наредните месеци.

#nescafe3in1 #2bona #ChatBeforeYouJudge

Article Type