Sort by
Sort by

Nestlé ги објави финансиските резултати за првите шест месеци од 2022 година

  • Вкупната продажба за првата половина на 2022 година се зголемени за 9,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 45,6 милијарди швајцарски франци;
  • Органскиот раст достигна 8,1 отсто, со реален интерен раст (РИГ) од 1,7 отсто и цени од 6,5 отсто;
  • Основната маржа на оперативиот профит е 16,9 отсто;
  • Слободниот проток на пари  изнесува 1,5 милијарди швајцарски франци;
  • Основната заработка по акција е зголемена за 8,1 отсто во постојана валута
  • Прогноза за крајот на 2022 година: се очекува органски раст на продажбата меѓу 7 и 8 проценти и маржа на профитот од тргување од 17 отсто.
     
Nestle finansikite rezultati 2022
Back to Press releases

Компанијата Nestlé ги објави своите полугодишни финансиски резултати за 2022 година. По тој повод Марк Шнајдер, извршен директор на Nestlé, рече:

„Во првата половина од годината остваривме силен органски раст и значително зголемување на основната заработка по акција. Нашите локални тимови одговорно го спроведоа зголемување на цените. Обимот и мешавината на производи беа отпорни, врз основа на нашите силни брендови, разновидна понуда и водечки позиции на пазарот. Го ограничивме влијанието на тековните инфлациски притисоци и нарушувањата на синџирот на снабдување врз развојот на нашата маржа преку дисциплинирана контрола на трошоците и оперативна ефикасност. Во исто време, значително се зголемија инвестициите зад капиталните расходи, дигитализацијата и одржливоста“.

Нестле на јужниот Адриатик (Северна Македонија, Србија, Црна Гора)

Марјана Давидовиќ, генерален директор на Нестле за пазарите во Србија, Црна Гора и Северна Македонија, зборуваше за резултатите во регионот на јужниот Адриатик:

„Nestlé постигна органски раст од 5,7 отсто во регионот на јужниот Адриатик во првата половина на 2022 година, на што најмногу влијаеја нашите брендови Purina Pet Care, Nestlé Professional и Nestlé житарките, а следени со силниот раст на кондиторските производи на Nestlé. Продолживме да ја поддржуваме локалната заедница преку донации на нашите производи во вредност од повеќе од 135 илјади швајцарски франци“.

Марјана Давидовиќ
Марјана Давидовиќ, генерален директор на Нестле за пазарите во Србија, Црна Гора и Северна Македонија


Продажба на ниво на Групацијата

По категорија производи, најголем придонес за органскиот раст имаше Purina PetCare со своите премиум брендови Purina Pro Plan, Purina ONE и Fancy Feast, како и ветеринарните производи. Продажбата на кафе порасна со висока едноцифрена стапка, со широк раст на брендовите и географските области. Двоцифрен раст забележаа кондиторските производи, меѓу кои се издвојува брендот Kit Kat. Продажбата на вегетаријанска и растителна храна продолжи да расте со двоцифрена стапка, предводена од Garden Gourmet производите.

Органскиот раст е 8,1 отсто, цените се зголемени за 6,5 отсто во согласност значителното зголемување на инфлацијата. РИГ е отпорен на 1,7 отсто, во споредба со 2021 година и ограничувањата на синџирот на снабдување. Органскиот раст на пазарите во развој е 10 отсто, со зголемени цени и добар РИГ.

Европската зона

Европската зона забележа висок едноцифрен органски раст, како одраз на зголемувањето на цените, натамошното закрепнување на каналот out-of-home  и иновациите. Европската зона продолжи да го зголемува својот удел на пазарот, особено во храната за домашни миленици, кафето и храната за бебиња.
Органскиот раст беше 7,1 отсто, со раст на цените од 4,9 отсто, додека РИГ беше 2,1 отсто, и покрај ограничувањата во синџирот на снабдување.

Прогноза до крајот на 2022 година

Се очекува органски раст на продажбата меѓу 7 и 8 отсто, додека основната маржа на оперативниот профит треба да достигне 17 отсто. Основната добивка по акција во постојана валута и капиталната ефикасност се очекува да се зголемат.