Со регеренативно земјоделство и обновување на енергијата, Nestlé во борбата против климатските промени

ccb
Back to Press releases

Како потписник на повелбата „Компаниите против глобалното затоплување од 1,5°C“ (Business Ambition for 1.5°C) на Обединетите нации, Nestlé е една од првите компании која го објави својот детален план за чекори за борба против климатските промени. Nestlé, најголемиот производител на храна и пијалоци во светот, презема чекори за преполување на штетните емисии во природата до 2030 година, додека до 2015 година планира постигнување на нулто влијание врз животната средина, и покрај растот на компанијата.

Nestlé ќе се фокусира на поддршка на земјоделците и добавувачите во напредокот на регенеративното земјоделство со засадување стотици милиони дрвја во следните десет години и успешно спроведување на транзицијата на компанијата до 100% обновлива енергија до 2025 година. Покрај тоа, Nestlé континуирано го зголемува бројот на брендови кои не испуштаат јаглерод диоксид во нивното производство.

„Компанијата Nestlé ја препознава стратешката важност на преземање решителни чекори во борбата против климатските промени. Таа, исто така поддржува забрзување и зголемување на обемот на работа за да се обезбеди е долгорочен успех на компанијата и придонес кон одржлива иднина за идните генерации“, изјави Пол Булк, претседателот на Nestlé.

Планот на компанијата е резултат на детално истражување за деловните активности и операции на најголемиот светски производител на храна, за да се разбере големината на предизвикот и да се утврдат неопходните чекори за негово надминување. Во текот на 2018 година, компанијата емитираше 92 милиони тони стакленички гасови, што служи како основа за процесот на мерење.

„Борбата против климатските промени не може да чека, па ниту ние. Ова е клучно за долгорочниот успех на нашиот бизнис. Имаме единствена можност да се бориме против климатските промени, имајќи во предвид дека работиме во скоро секоја земја во светот и ја имаме големината и опсегот за навистина да направиме разлика. Ќе работиме со земјоделци, индустријски партнери, влади, невладини организации и потрошувачи за да го намалиме нашето влијание врз природата“, рече Марк Шнајдер, извршен директор на Nestlé.

Активностите на Nestlé заради постигнување на нултото влијание врз животната средина вклучува три клучни области:

  • Компанијата веќе работи со 500.000 земјоделци и 150.000 добавувачи со цел да ги поддржи во спроведувањето на регенеративното земјоделство. Ваква пракса ќе доведе до подобрување на квалитетот на земјиштето, како и до обновување на разновидните екосистеми. Nestlé, пак, им нуди на земјоделците можност да купуваат стоки по подобри цени, поголеми количини, како и да инвестираат во капитални вложувања. Nestlé очекува да добие околу 14 милиони тони состојки преку регенеративно земјоделство до 2030 година, истовремено подобрувајќи ја побарувачката за такви добра.

  • Компанијата ќе ги засили своите напори во програмата за пошумување, засадувајќи 20 милиони дрвја секоја година во следните десет години во областите од кои ги набавува своите состојки. Повеќе дрвја значи дека ќе има повеќе сенка за одгледување култури, помалку јаглерод диоксид во атмосферата, како и подобар принос, биодиверзитет и квалитет на земјиштетп. Примарните ланци на снабдување со клучните состојки, како што се палминото масло и сојата, целосно нема да придонесуваат за уништување на шумите до 2022 година. Со такви напори, Nestlé гради долготрајни партнерства и им обезбедува на земјоделските заедници подобра безбедност и повисоки приходи.

  • Во својата оперативна активност, Nestlé ќе продолжи да го проширува својот асортиман на храна и пијалоци со растително потекло, како и да развива нови формули за производи за да ги направи уште поеколошки. Се поголемиот број на брендови кои не испуштаат штетни емисии на јаглерод диоксид, кои што компанијата им ги нуди на своите потрошувачи, се прилика за борба против климатските промени. Нема да има штетни емисии на јаглерод диоксид во производството на храна со растително потекло „Garden Gourmet“, како и „Garden of Life“ до 2025 година. Покрај тоа, брендови како „Nespresso“, „S.Pellegrino“, „Perrier and Acqua“ и „Panna“ исто така ќе ја постигнат целта за нулта емисиа на јаглерод диоксид до 2022 година, додека остатокот од категоријата Nestlé Waters ќе достигне таква цел до 2025 година.

 „Бидејќи повеќе од две третини од нашите емисии доаѓаат од земјоделството, јасно е дека регенеративното земјоделство и пошумувањето се фокусни точки на нашиот пат кон нулто влијание врз животната средина. Овие напори ќе ги намалат емисиите и ќе го подобрат биодиверзитетот. Ние ќе продолжиме да ги елиминираме емисиите од нашите операции и да создаваме подобрувања во нашето портфолио на производи. Пред нас е предизвик и решени сме да одговориме“, изјави Магди Батато, извршен потпретседател и главен оперативен директор на Nestlé.

Nestlé очекува да инвестира 3,2 милијарди швајцарски франци во следните пет години за да ги забрза напорите според овој план, како и да инвестира 1,2 милијарди швајцарски франци во транзиција кон регенеративното земјоделство во снабдувачкиот ланецот на компанијата. Овие инвестиции ќе бидат финансирани преку оперативна и структурна ефикасност, така што заработката од оваа иницијатива е неутрална.

Иницијативата „Science Based Targets“ (SBTi) потврди дека целите на Nestlé се на нивото потребно за постигнување на најамбициозните цели на Парискиот договор за климатски промени. SBTi е соработка на непрофитни организации и се смета за меѓународен златен стандард за проценка на посветеноста кон постигнување на нулто влијание врз животната средина. Nestlé ќе обезбеди годишни извештаи за напредокот, заради целиот процес да биди транспарентен.