Sort by
Sort by

Nestlé Северна Македонија станува дел од јужниот и источниот европски пазар на компанијата

Алесандро Занели именуван за директор на новиот пазар 
нестле мапа на пазарот јужно источна европа
Back to Press releases

Белград, 11 jaнуари 2022 година – Nestlé, глобален лидер во производството на храна и пијалаци, создаде пазар на Јужна и Источна Европа (SEEM) и го именуваше Алесандро Занели за директор на пазарот од 1 јануари 2022 година. 

Новиот пазар сега се состои од регионот Адриатик (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора), Романија, Бугарија, Украина и Молдавија. Oваа одлука донесена е во рамките на трансформацијата на работењето на  компанијата и е можност за почеток на профитабилен раст во сите категории, со развој на луѓето и петте локални центри - Белград, Букурешт, Софија, Загреб и Киев. Новиот пазар ќе опфати околу 8.000 вработени и 5 фабрики. 

„Многу сум среќен и благодарен за можноста да бидам дел од овој пат на трансформација, за да можеме да ги прошириме нашите сили и уште побрзо да ги искористиме деловните можности. Ние ќе ја трансформираме нашата пазарна структура во формат што ќе ни овозможи да ги постигнеме најхрабрите цели, да имаме амбициозни резултати и да победуваме во секоја категорија и во сите географски области. Нашата цел е да ја направиме нашата организација посилна и поагилна, со силен фокус на луѓето и потрошувачите, како и да го продолжиме нашето регенеративно патување“, изјави Алесандро Занели, директор на Nestlé за Јужна и Источна Европа. 

Алесандро ѝ се приклучи на Nestlé Група во Италија во 1996 година како бренд менаџер и помина повеќе од 20 години во секторот за нега на домашни миленици, напредувајќи од директор за маркетинг за Централна Европа до позицијата генерален директор во Унгарија, а потоа и во Холандија, сè до неговата номинација за Извршен директор на Nestlé Purinа Petcare за источните региони во 2012 година, со седиште во Москва. 

Во текот на 2019 година, тој беше именуван за директор на пазарот на Nestlé Украина и Молдавија. Во оваа улога, Алесандро покажа огромна отпорност и храброст, справувајќи се со повеќето предизвици и иницирајќи многу важни промени во Украина како би ги подобрил резултатите и организациската структура. 

Алесандро размислува позитивно, има способност да го обедини тимот, одлична агилност, комуникациски и други вештини. Исто така, има способност да остане фокусиран на резултатите, да остане енергичен и отпорен, како и да ги инспирира тимовите да бараат решенија одвнатре, охрабрувајќи ги поединците да преземат задачи, да го следат напредокот и да подучуваат. 

Занели образованието го стекнал во Лондонското деловно училиште и Меѓународниот институт за развој на менаџментот, а зборува италијански, англиски, француски и шпански.