Sort by
Sort by

КОМПАНИЈАТА NESTLÉ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ПРВИОТ КВАРТАЛ НА 2020. ГОДИНА

Back to Press releases

Белград, 27. април 2020 Светскиот лидер во производство на прехрамбени производи, со седиште во швајцарскиот град Веве, ги претстави деловните резултати во првите три месеци од 2020 година.

 

  • Органскиот раст достигна 4,3%, а реалниот внатрешен раст (Real Internal Growth, RIG) 4,7% и цените -0,4%. Растот е поткрепен со силен замав во Америка и зоната EMENA (Европа, Блискиот исток и Северна Африка). Зоната АОА (Азија, Океанија и Субсахарска Африка) забележа пад на продажбата
  • Вкупната објавена продажба на компанијата опадна за 6,2%, на 20,8 милијарди швајцарски франци (во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 22,2 милијарди швајцарски франци). Нето аквизициите имаа негативно влијание од 4,7%, додека девизното работење ја намали продажбата за 5,8%
  • Nestlé ќе го задржи и понатаму ќе го развива својот бизнис NESCAFÉ
  • Со оглед на тоа дека сè уште е рано да се процени влијанието на вирусот COVID-19, Nestlé ќе продолжи да се води според плановите за 2020 година. Се очекува континуирано подобрување на растот на органска продажба и на основна оперативна маргина.

 

Марк Шнајдер (Mark Schneider), генералниот директор на компанијата Nestlé, истакна:

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус продолжува да влијае на нашите животи, на моќни и понекогаш трагични начини. Нашите мисли се со сите оние кои што се погодениж и длабоко сочувство им упатуваме на оние што ги изгубија најблиските.

Nestlé има посебна одговорност во овие моменти. Нашите производи, имено храна и пијалоци, помагаат во одржувањето на здравјето на луѓето, дават утеха и поддршка за закрепнување.

Нашите работници покажаа извонредна посветеност да го продолжат нашиот бизнис и да ги задоволат потребите на нашите клиенти. Ние ќе продолжиме да работиме напорно за да обезбедиме храна и пијалоци на луѓето ширум светот секој ден.

Нашата компанија успеа да ги одржи своите активности во првиот квартал, како одраз на нашето диверзифицирано портфолио на производи и нашето силно локално присуство во 187 земји. Сепак, оваа криза е далеку од завршена и ќе се соочиме со многу неизвесности во наредните квартали. Ние ќе продолжиме брзо да се прилагодуваме на променливите потреби и предизвици на потрошувачите во нашите глобални ланци за снабдување. Како сигурен работодавец и деловен партнер, ги исполнуваме сите наши обврски. Како добар граѓанин и доверлив сосед, ние продолжуваме да ја нудиме нашата помош, особено на најранливите во општеството. Во текот на изминатите 154 години, Nestlé успешно надмина многу предизвици. Убедени сме дека, заедно со сите оние кои се борат против пандемијата и нејзините последици, ќе ја надминеме и оваа”.

Какво влијаније имаше COVID-19 врз работењето на компанијата

Nestlé реагираше брзо и ги презеде неопходните мерки за да се намали влијанието на оваа глобална криза. До денес, компанијата беше во можност ефикасно да ги опслужи своите малопродажни партнери и потрошувачи и покрај одредени нарушувања на локалните ланци на снабдување и привремена недостапност на персонал. Вработените во компанијата Nestlé се клучни во надминување на овие предизвици.

Влијанието на вирусот COVID-19 значително се разликува во различни климатски зони, категории на производи и продажни канали, во зависност од моментот на појава, обимот на ограничувања и однесувањето на потрошувачите.

  • Различни климатски услови: Повеќето пазари, особено во Северна Америка и Европа, во март забележаа значително зголемен раст, делумно поддржан со правење залихи од потрошувачите. Продажбата се намали во Кина, како резултат на ограничувањата во движењето, што беа на снага скоро целиот квартал, како и ограничените опции на правење залихи.
  • Категории на производи: Е забележено зголемување на побарувачката за основни прехрамбени производи. Готови оброци, производи Purina за домашни миленици, кафе и производи Nestlé Health Science забележаа раст на продажбата. Кондиторството и производството на сладолед забележаа пад на продажбата.
  • Продажни канали: Е забележена на сите пазари промена во локацијата на потрошениот производ. Потрошувачката надвор од домот забележа негативен пораст, при што Nestlé Professional и Nespresso бутиците значително опаднаа. Интернет продажбата се зголеми за 29,4%, надминувајќи за прв пат 10% од вкупната продажба на компанијата.

Финансиското влијание на вирусот СОВИД-19 останува тешко да се измери и ќе зависи од траењето и економските последици од оваа криза. Nestlé продолжува брзо да се прилагодува на предизвиците во ланците на снабдување и на промени во однесувањето на потрошувачите. Компанијата продолжува да работи успешно благодарение на диверзифицираното портфолио на производи и светско присуство.

Помош од Nestlé на заедниците во кои работи

Во вонредна состојба предизвикана од епидемијата COVID-19, компанијата Nestlé се фокусираше на помагање на заедниците во кои работи. На глобално ниво и во Србија, на вработените им е обезбедена заштитна опрема, е воведено работење од дома, а на партнерите им е овозможено олеснување за нивните обавези во периодот на траење на вонредна состојба.  Одлуката на Nestlé е исто така откажување од субвенциите и придобивките што ги дава Република Србија заради економските последици од вирусот COVID-19. На овој потег компанијата се одлучи со цел да и помогне дополнително на заедницата, изразувајќи ја својата искрена надеж дека средствата наменети за консолидирање на нејзината финансиска позиција ќе бидат насочени кон оние на кои им е потребна помош во новите околности.

Исто така, во соработка со Републичкиот фонд за здравствено осигурување, Nestlé ги донираше своите производи на лекарите од детските болници – Институтот за мајка и дете, Универзитетската клиника за деца во Тиршова, Детската болница Др Олга Поповић Дедијер и Болницата за детско белодробни заболувања и туберкулоза КБЦ „Др Драгиша Мишовић“, а бројни производи на Nestlé пристигнаа во Градскиот институт за итни медицински услуги, како и во Институтот за јавно здравје Милан Јовановић Батут. Покрај тоа, во соработка со Градот Белград и Српската стопанска комора, Nestlé донираше над 35.000 супи на над 65 годишните и другите ранливи групи.

Nestlé ќе продолжи да помага со донирање на своите производи и медицинска опрема и да биде близу до заедницата во која работи.