Sort by
Sort by

Научниците на Nestlé помагаат во идентификацијата на биомаркери за здравствените проблеми поврзани со прекумерна тежина

Back to Press releases
Скопје

Најновата студија што ја спроведоа научниците од Nestlé покажува дека луѓето што имаат проблем со висцерална дебелина имаат заедничка, единствена група биомаркери. Тие биомаркери еден ден би можеле да се користат за идентификувањена поединците кај кои постои поголема веројатност за развој на здравствени проблеми предизвикани од прекумерна тежина.

Научниците од истражувачкиот центар на Nestlé во Швајцарија проучувале група жени што боледуваат од висцерална дебелина: состојба при која вишокот масти се концентрира околу внатрешните органи; при што откриле дека пациентките имаат посебен заеднички „метаболички потпис” на липиди и на аминокиселини, како и специфични промени во активноста на цревните микроби.

Резултатите објавени во списанието PLOS ONE се резултат од научната соработка помеѓу Nestlé и General Electric во напорот да се пронајде ефикасен и евтин метод на аналитички прегледи и следење на телесната градба на поединците.

„Се смета дека луѓето што боледуваат од висцерална дебелина имаат поголем ризик за развој на определени, меѓусебно поврзани болести. Пронаоѓањето на најмалку инвазивни, брзи и сигурни биомаркери за следење на поединците со висцерална дебелина би можело да помогне при следењето на ефикасноста на разните терапии. Во иднина, тоа може да биде ефикасен и пристапен начин да се помогне при решавање на тешкотиите од различни болести, поврзани со дебелината, како што се резистенција на инсулин, дијабетес од типот 2 и кардиоваскуларните заболувања” - објаснува Франсоа-Пјер Мартен, научникот во Nestlé кој го водел ова истражување.

Научниците во текот на студијата следеле 40 здрави жени со прекумерна тежина, во текот на две седмици во амбулантната клиника за дебелина при Универзитетската болница во Лозана, Швајцарија. За време на овој период, ја мереле телесната градба кај овие жени, како и дистрибуцијата на масното ткиво, со помош на современи техники на снимање („Dual Energy X-ray Absorptionmetry“ (DXA) и компјутерска томографија (CT), притоа користејќи ја технологијата што ја обезбеди General Electric. Истовремено земале примероци од крвта и од урината во редовни интервали, со цел да го следат метаболизмот на испитаничките.

Оваа студија е дел од пошироката истражувачка програма што ја спроведува Nestlé, а која се однесува на функционирањето на човечкиот метаболизам, односно на здравствените проблеми што се јавуваат како последица од прекумерната тежина.