Sort by
Sort by

Nestlé ги објави резултатите за 2019. година

Nestle HQ

 

Најголемата прехранбена компанија на светот во своето седиште во швајцарскиот Веве, утринава ги претстави деловните резултати за изминатата година:

  • Органски раст од 3,5%, со реален интерен раст (RIG) од 2,9 и кај цените од 0,6%. Растот е поддржан и со силниот замав во САД и со резултатите на Purina PetCare на глобално ниво.
  • Вкупната објавена продажба е зголемена за 1,2% на 92,6 милијарди швајцарски франци (2018.: 91,4 милијарди CHF). Нето аквизициите имаа негативен учинок од 0,8, а девизното работење ја намали продажбата за 1,5%.
  • Компанијата ја постигна целта за профитабилност за 2020. година, една година пред својот среднорочен план. Интерно усогласената профитна маржа (UTOP) е зголемена за 60 базни поени на 17,6. Профитната маржа (TOP) е намалена за 30 базни поени на 14,8%, поради зголеменото реструктурирање и трошоците поврзани со него.
  • Усогласената заработка по акција е зголемена за 11,1% во постојаната валута и за 9,8% во однос на CHF 4.41. Заработката по акција е зголемена за 28,0% на CHF 4.30 на билансна основа.
  • Слободниот проток на пари е зголемен за 10,9% на 11,9 милијарди CHF.
  • Управата предлага зголемување на дивидендата од 25 сантими на 2,70 CHF по акција, и така означувајќи 25 последователни години со раст на дивидендата. Во 2019. година на акционерите им се вратени вкупно 16,9 милијарди CHF преку комбинацијата со дивиденда и откуп на акции. На крајот на 2019., Nestlé ја заврши програмата за откуп на акции вредна 20 милијарди CHF, кој започна во јули 2017. Во јануари 2020. започна новата програма за откуп на акции до 20 милијарди CHF.
  • Nestlé во 2019 ја продаде Nestlé Skin Health и ја најави продажбата на одделот за сладолед во САД за 4 милијарди американски долари на Фронери (трансакцијата е завршена на 31. јануари 2020.). Nestlé се согласи да продаде и 60% од уделот во Herta charcuterie (сувомеснати производи и преработки од месо) на компанијата Casa Tarradellas. Ротацијата на портфолиото во изминатите три години сочинува 12% од вкупните продажби во 2017.
  • Изгледите за 2020.: да продолжи органскиот раст на продажбата, се очекува понатамошно забрзување во 2021./2022. според одржливиот среден едноцифрен раст. Интерно усогласената профитна маржа со продолжено подобрување. Се очекува раст на усогласената заработка по акција во постојана валута и ефикасност на капиталот. Во овој момент сè уште е рано да се квантификува финансискиот ефект од појавувањето на корона вирусот.

Марк Шнајдер, главен извршен директор на компанијата Nestlé, изјави: „Во 2019. година забележавме огромен напредок, со значајно подобрување на клучните оперативни и финансиски метрики втора година по ред. Органскиот раст се забрза, поттикнат од силниот замав во САД и од резултатите на Purina PetCare на глобално ниво.

Профитабилноста повторно се подобри и ја постигнавме целта една година пред планот. Протокот на парите беше силен, а усогласената заработка по акција и повратот на луѓето што вложиле достигнаа рекордни нивоа. Во 2020. очекуваме органскиот раст на продажбата да продолжи и да се преземат некои дополнителни активности за одлучно да го решаваме делот од работењето со недоволно добри резултати.

Во 2019. постигнавме значаен напредок во трансформацијата на нашето портфолио. Го направивме тоа што рековме дека ќе го направиме, но и повеќе од тоа. Ќе одоговориме на брзите промени во индустријата и променливите желби на потрошувачите, за да го позиционираме портфолиото на начин кој овозможува посилен раст.

Nestlé и понатаму ќе биде фокусиран на брзи иновации. Така, на пример, лансирањето на нашите премиум производи, Starbucks, беше исклучиво успешно. Многу сме задоволни од брзината на пласирање на производите и позитивните реакции на потрошувачите. Компанијата во целост ја прифаќа потребата за брзина, што го покажа брзото ширење на нашата нова понуда на храна и пијалаци на база на билки. Сè побрзо се појавуваме на пазарот со производи кои сите ги посакуваат.

Нашите акционери добиваат сигурен, одржлив и сè поголем поврат, дури и во тешките времиња. Клучниот двигател е нашата одржлива пракса со дивиденда. Горди сме што оваа година на нашите акционери можеме да им предложиме зголемување на дивидендата 25. година по ред.

Исто така го потврдивме и нашето водство во одржливост во моменти кога општеството сè повеќе очекува компаниите да даваат решенија за најголемите проблеми со животната средина со кои сме соочени. Покрај тоа, нашите работни места се уште поразновидни и инклузивни. Новите иницијативи како што е, на пример, подобрената политика за породилно отсуство, го потврдуваат статусот на Nestlé како вработувач кој го одбираат во целиот свет.

Во изминатите неколку недели ширењето на корона вирусот резултираше со исклучителни напори на нашиот тим во Кина. Се фокусиравме на безбедноста на нашите луѓе и нивните семејства и воведување на заштитни мерки во нашите погони. Соработуваме со кинеските власти кои преземаат мерки за сузбивање на епидемијата, потпирајќи се на нашето искуство и стручност на терен. Во овој момент најважни се луѓето кои се директно погодени со овој глобален здравствен проблем. Солидарни сме со кинескиот народ и преземаме сè за нашата квалитетна храна и пијалаци се достапни за широките маси, а особено за најчувствителните групи - најмладите и најстарите членови на општеството. Поширокиот кинески регион е нашиот втор најголем пазар и претставува околу 8% од глобалната продажба. Во овој момент уште е премногу рано да го квантификуваме финансиското влијание од ширењето на овој вирус.“

Mark Schneider