Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Улога на аминокиселините во исхраната на децата

Протеините се главни градивни материи на нашиот организам. Не само што ги градат внатрешните органи, мускулното ткиво, кожата, коските и косата, туку тие се неопходни и за здрав раст, за правилно функционирање на нашиот имунолошки систем и за одржување на хормонален баланс. Нашето тело може да ги користи протеините за производство на енергија, но јаглехидратите и мастите не можат да се претворат во протеини. Поради тоа, а и поради количината и составот од кој се изградени, протеините – аминокиселините, се пресудни за правилен и здрав развој, особено кај децата.

Видови аминокиселини и нивното значење

Протеините се изградени од 20 вида на аминокиселини - 12 заменливи и 8 незаменливи (есенцијални) аминокиселини (валин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, треонин, триптофан, фениналаланин). Заменливите аминокиселини во организмот може да се синтетизираат од други аминокиселини, додека незаменливите не може и треба да се внесуваат преку храната. Кај децата постојат уште 2 есенцијални аминокиселини - аргинин и хистидин. Некои студии ја поврзуваат улогата на лизинот и аргининот како фактори за синтеза на хормонот на раст. Кај возрасни, но особено кај деца чиешто тело брзо се развива, внесувањето на сите есенцијални аминокиселини преку храната е од пресудна важност за здравјето.

Колку добро можеме да ги апсорбираме протеините главно зависи од нивната биолошка вредност која се одредува од нивниот состав на  аминокиселини.

Животинските протеини (месо, риба, јајца, млеко) имаат висока биолошка вредност, бидејќи ги содржат сите незаменливи аминокиселини. Растителната храна не ги содржи сите незаменливи аминокиселини, па поради тоа, во исхраната која се базира на растителни производи, многу е важно храната правилно да се комбинира. На пример, од растителна храна, киноата ги содржи сите незаменливи аминокиселини.

Индекс на биолошка вредност

Индексот на биолошка вредност е компаративен број кој го покажува одност помеѓу различни протеини во однос на нивните амино составни делови и како организмот ги апсорбира. Научниците ги прифатиле протеините од јајцата како стандард за биолошка вредност и го одредиле како 100. Кога комбинираме храна која има различни профили на аминокиселини, можеме да ја зголемиме биолошката вредност на протеините, односно да ги комплетираме - аминокиселините кои ги нема во една намирница, ги има во друга.

  Биолошка вредност на протеини во некои намирници:

  јајце  

  100                     

  туна

  92

  белка од јајце

  88

  свинско месо

  85

  Соја

  84

  Ориз

  83

  кравјо млеко

  82

  киноа

  82

  пилешко месо

  80

  ‘ржано брашно

  80

  компир

  76

  пастрмка/лосос

  75

  пченка

  74

  леќа

  60

  пченично брашно         

  58

  лешник

  50

  морков

  36

 

Најдобри комбинации

Мешункаст зеленчук
Житарките главно се сиромашни со лизин, треонин, а понекогаш и триптофан; додека мешункастиот зеленчук е богат со нив. Комбинирањето на намирници од овие групи дава висока биолошка вредност, а кога комбинирате ориз и мешунки, нивната вкупна биолошка вредност е многу повисока од нивните поединечни вредности.

Јајца и компир
Може да се комбинираат и јајца и компир, кои даваат еден од најефикасните извори на протеини.

Колку протеини треба да внесуваме на дневна основа

Според Светската здравствена организација, препорачана дневна количина на протеини за возрасни лица е 0,8 г. по килограм телесна тежина. За деца е многу повисока (до 2,5 г. по килограм телесна тежина кај новороденчиња и бебиња), бидејќи уште во првите месеци и години човековото тело најбрзо се развива и тогаш му требаат повеќе градивни материи. Овие препораки, секако, се општи и точната количина зависи од многу фактори - пол, старост, стил на живот, здравје, спортски активности. Темата за точната количина на протеини останува меѓу најконтроверзните, дури и во научната заедница. Општо гледано, внесуваме премногу протеини, освен ако не станува збор за алтернативен начин на исхрана, како веганството. Повеќе информации за точната количина на протеини која треба да се внесува за различните старосни групи може да се најде на веб-страницата на Светската здравствена организација.

Izvori:
Harvard Health Blog Journal of Sports Science & Medicine
World Health Organization
J-stage article

Весела Петрова
Експерт за здрава исхрана

Весела Петрова е лауреат на Виенскиот институт за холистичко здравје „Vitalakademie“, член на Европското здружение за клинички нутриционизам (ESPEN) и член на Здружението на нутриционисти во Бугарија. Освен што се храни здраво, Весела практикува и јога, звучна терапија и медитација.

Article Type