Sort by
Sort by

Magic Asia супа со нудли

Еве рецепт за класична корејска супа, направена со кимчи и мешавина од закиселен зеленчук, која им е добро позната на љубителите на азиската кујна.
Рецепт за Magic Asia супа со нудли


• КОЛИЧИНА: 2
• ПОДГОТОВКА: 30 минути
• ТЕЖИНА: Лесно

Потребни состојки
• 2 шолји кимчи (закиселен зеленчук)
• 115g свинско месо
• ½ лажичка лута мелена пиперка за зачин
• 1 лажичка лук
• ½ лажичка свеж ѓумбир
• 2 шолји вода
• 170g тофу сирење
• 100g мирисливи печурки
• 2 млад црвен кромид
• ½ лажичка сол, по желба
• ½ лажичка бибер
• 2 пакувања Magic Asia Noodles Instant Chili и Jalapeno

Како се подготвува?
1. Свинското месо и кимчито исечкајте ги на соодветни парчиња.
2. Исечкајте ги тофу сирењето и печурките, а младиот кромид исечкајте го на стапчиња.
3. Во поголемо тенџере гответе го кимчито со свинското месо, лута мелена пиперка за зачин, исечкан лук и ѓумбир, на умерен оган, додека месото не се прошири и не омекне кимчито.
4. Додајте вода и оставете да врие и понатаму на среден оган, покриено, 20 минути. Додајте уште вода ако мислите дека е потребно
5. Додајте го тофу сирењето, печурките, младиот црвен кромид, сол (по потреба, кимчи обичено е солено) и бибер.
6. Гответе додека не се растопи тофу сирењето, околу 5 минути
7. Тргнете од оган, посипете млад црвен кромид и послужете. Пробајте ја експлозијата од вкусови и експериментирајте со новиот азиски рецепт!

Податоци за нутритивна вредност по порција
• Калории по порција 539kcal
• Протеини по порција 28,06g
• Масти по порција 26,3g
• Јаглехидрати по порција 49,4g