Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Чискејк со After Eight

Извонреден десерт со арома на ментол.
after8
• КОЛИЧИНА: За 6 лица
ПОДГОТОВКА: 35 минути
ТЕЖИНА: Лесно

Потребни состојки
• 125g дигестивни бисквити
• 100g чоколада After Eight со ментол
• 25g путер
• 600g фино обрано кравјо сирење
• 100g шеќер во прав
• 1 лажичка екстракт од ванила
• 125g грчки јогурт (2 % масленост)
• 2 јајца За декорација
• 100g свежи малини
• 1 лажичка џем од малини

Како се подготвува?
1. Земете калап за колачи (со дно кое се вади) со пречник од 20 cm и премачкајте со путер.
2. Загрејте ја рерната на 180 °C.
3. Ставете го кексот и чоколадните пралини After Eight во блендер и иситнете ги додека не добиете хомогена смеса. Добиената смеса додајте ја во калап за колачи и полека притискајте додека не ја добиете посакуваната дебелина на кората.
4. Во поголем сад додајте сирење, шеќер и ванила и изматете со миксер. Потоа додајте го јогуртот и јајцата додека не добиете кремаста смеса.
5. Добиената кремаста смеса ставете ја врз кората, во калап за колачи.
6. Оставете во рерна 20 минути. На рабовите треба да се добие цврста кора, а кремастата смеса во средина треба да остане мека.
7. Исклучете ја рерната и оставете го чискејкот да отстои неколку часа. Колачот ќе продолжи да се пече.
8. Оставете го десертот неколку часа во фрижидер за да се олади.
9. Пред да послужите, украсете со свежи малини и џем.
Пријатно јадење!

Податоци за нутритивна вредност по порција
• Калории 458 kcal
• Протеини 146g
• Масти 145g
• Јаглехидрати 308g