Sort by
Sort by

Тарт со спанаќ и бело сирење (телеме)

Рецепт за Тарт со спанаќ и бело (телеме) сирење
 

Едноставно за подготовка и послужување, тартот со спанаќ и бело сирење може да биде вкусен појадок, или пак, со свежа салата, лесен ручек кој брзо се подготвува во деновите кога ви недостасува време.

КОЛИЧИНА: За 6 лица
ПОДГОТОВКА: 45 минути
ТЕЖИНА: Лесно

Потребни состојки

  • 1kg спанаќ
  • 300g бело сирење
  • 250g брашно
  • 125g путер
  • 40ml ладна вода
  • 4 јајца
  • 100ml павлака
  • 100ml млеко
  • MAGGI Тајните вкусови на зеленчукот

Како се подготвува?

  1. Направете тесто за тарт така што ќе измешате путер со брашно, една жолчка и ладна вода, додека не се формира тесто во форма на топка кое се става во фрижидер малку да се олади и стврдне. Истенете го и ставете во плех кој ќе го ставите во фрижидер неколку минути, а потоа ставете во рерна да се пече 15-20 минути на 200 степени.
  2. Во меѓувреме, исчистете го и добро измијте го спанаќот и подгответе тенџере со врела вода.
  3. Ставете го спанаќот во врелата вода, оставете го 5 минути, а потоа извадете го и исечкајте го ситно.
  4. Добро изматете ги преостанатите 3 јајца, измешајте ги со млеко и павлака, а потоа додајте го исечканиот спанаќ, сол, бибер и лажичка MAGGI Тајните вкусови на зеленчукот за вкусот кој останува во меморијата.
  5. Половина од сирењето исечкајте го на коцки и додајте го во смесата.
  6. Смесата ставете ја во калап за печење врз тестото, а одозгора посипете го остатокот од сирењето исечкано на коцки.
  7. Ставете во рерна 25 минути. Се служи жешко или подгреано со сос од домат со босилек или свежа салата. Така брзо ќе обезбедите вкусен оброк за целото семејство

Податоци за нутритивна вредност по порција

  • Калории 588,2kcal
  • Протеини 23,25g
  • Масти 37,23g
  • Јаглехидрати 39,8g