Sort by
Sort by

Супа од печен морков и црвена леќа

Рецепт за Супа од печен морков и црвена леќа
 

Со сите свои сетила, уживајте во овој свеж рецепт за супа од морков со црвена леќа и зеленчук.

КОЛИЧИНА: 4 порции (за 4 лица)
ПОДГОТОВКА: 70 минути
ТЕЖИНА: Лесно

Потребни состојки

  • 2 лажички семе од кумин
  • ½ лажички зачин од чили пиперка
  • 2 лажички маслиново масло
  • 600g исчистени моркови
  • 100g исчистен целер
  • 150g исчистена црвена леќа
  • 1l врела супа од зеленчук
  • 200ml свежо млеко
  • 4 лажички MAGGI Тајните вкусови на зеленчукот

За сервирање:

  • обран јогурт
  • леб за сервирање
  • магдонос

Како се подготвува?

  1. Исечкајте ги морковот и целерот на големи, релативно еднакви парчиња и распределете го рамномерно на тавата.
  2. Премачкајте ги со маслиново масло и додајте MAGGI Тајните вкусови на зеленчукот. Добро промешајте.
  3. Потоа, ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени, 35 минути, додека не почнат да се карамелизираат.
  4. Во сува тава ставете семе од кумин и зачин од чили пиперка, половина оставете ги за декорирање, а другата половина додајте ја во супата.
  5. Сипете врела супа од зеленчук во тенџере, додајте леќа, печен зеленчук и зачини и ставете да се вари. Гответе на умерен оган околу 20 минути, додека да омекне леќата. Тргнете го тенџерето од оган, сипете млеко и промешајте.
  6. Потоа, сето тоа испасирајте го и сервирајте во 4 чинии со средна големина. Во секоја порција додајте од преостанатиот јогурт и зачини кои претходно сте ги столчиле во аван.
  7. Ако сакате вкусот да биде уште посвеж, додајте свежи листови магдонос.
  8. Супата од морков и леќа послужете ја со леб. Податоци за нутритивната вредност по порција.

Уживајте во вкусот и забавувајте се подготвувајќи го овој здрав оброк!

Податоци за нутритивната вредност по порција:

  • Калории 222kcal
  • Масти 11g
  • Јаглехидрати 25g
  • Протеини 7g