Sort by
Sort by

Предност од консумирање житарици за појадок

Житарици за појадок
 

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тој нѐ подготвува и исполнува со енергија за да ги надминеме сите предизвици кои ни ги носи денот пред нас. Затоа, важно е внимателно да бираме од што ќе ги добиваме хранливите состојки секое утро.

Житарици за појадок се популарен избор: се подготвуваат брзо и лесно, содржат витамини, хранливи состојки и влакна кои се важни за вашето тело и лесно се прилагодуваат на вашиот вкус. За да бидете сигурни дека ќе го добиете најдоброто од житариците, одлучете се за интегрални житарици.

Предности

Интегралните житарици содржат влакна

Влакната од интегралните житарици се супстанции кои ви помагаат да имате редовно и нормално варење. Исто така, редовното внесување на влакна може да помогне за нормално ниво на шеќер во крвта, како и за намалување на холестеролот

Извор на витамини и минерали

Витамините и минералите се важни за вашиот метаболизам, а нивниот недостаток може да доведе до замор и иритација. Интегралните житарици содржат магнезиум, железо, калиум и витамин Б и се идеални за појадок. Така, ќе го започнете денот со вкусен оброк богат со хранливи материи и ќе си обезбедите извор на енергија за денот

Интегралните житарици заситуваат

Хранливите материи во житариците ќе успеат да го задоволат вашиот апетит во текот на подолг временски период. Кога појадокот не е хранлив, чувството на глад се јавува многу брзо и нема да можете да се концентрирате. Со енергетски богат појадок, ќе си ја обезбедите енергијата која ви е потребна во текот на првата половина од денот.

Помагаат во одржување на тежината

Житариците имаат ниска содржина на масти и висока содржина на влакна, витамини и минерали, па овозможуваат подобрување на варењето и метаболизмот. Исто така, како последица на енергетски богатиот појадок, вашето тело подолго ќе ужива во добиената енергија. Така, нема да бидете во искушение да посегнете по висококалорични залаци за дополнителна енергија.

Може да се консумираат заедно со друга храна

Бидејќи дневниот ритам е многу напорен, на човек може да му биде тешко да ги обезбеди сите материи кои му се потребни на телото. За среќа, повеќето луѓе консумираат едноставни интегрални житарици со млеко, но може да се консумираат и со јогурт, во „смути“ напиток или заедно со овошје. На тој начин можете да бидете сигурни дека вашиот појадок е похранлив – покрај предностите на житариците, од овошјето ќе добиете витамини и минерали, како и калциум од млечните производи.

Како можете да ги искористите житариците за појадок

  • Ако сте во брзање, многу е едноставно да подготвите чинија со млеко и житарици наутро. Ако сакате да пробате нешто ново, заменете го млекото со незасладено кокосово млеко или со обичен јогурт;
  • Пробајте и порција пудинг од житарици и овошје;
  • Ако имате повеќе време, на пр. за викенд, можете да се почестите со овие палачинки со житарици и овошје.