Sort by
Sort by

Полнети пиперки со пченка, чили и сирење

Вегетаријански рецепт без месо, извонредно вкусен!
Рецепт за Пиперки полнети со пченка, чили и сирење


• КОЛИЧИНА: 4 порции
• ПОДГОТОВКА: 60 минути
• ТЕЖИНА: Тешко

Потребни состојки
• 4 пиперки бабури
• 2 лажички маслиново масло
• 1 црвен кромид
• 1 лажичка ким
• 1 чили пиперка или 1 лажичка црвен пипер
• 2 тиквички
• 175 g пченка
• 1 авокадо
• 50 g чедар сирење
• 2 лажички коријандер
• 2 лажички MAGGI Тајните вкусови на зеленчукот

Како се подготвува?
1. Во тенџере загрејте вода, исечете ги рачките на пиперките и исчистете го семето, ставете да вријат 5 минути, потоа извадете ги и оставете да се исцедат со исечената страна надолу.
2. Ситно исечкајте го црвениот кромид и ставете го во тава на една лажичка зејтин и оставете на оган 3 минути, додека не омекне. Додајте ким, чили пиперка (или бибер) и гответе уште 2-3 минути.
3. Исечкајте ги тиквичките на коцки и ставете ги во тавата со црвениот кромид и зачини и гответе околу 4 минути додека не омекнат, а потоа тргнете ги од оган.
4. Во тавата додајте ја пченката, авокадото исечено на коцки, рендано сирење, коријандер и MAGGI Тајните вкусови на зеленчукот и измешајте.
5. Наполнете 4 пиперки со смесата од зеленчук, а потоа ставете ги во рерна во нелеплива тава за печење.
6. Оставете ги во рерна 30 - 35 минути, додека не омекнат убаво.
7. Откако ќе ги извадите од рерна, оставете ги 5 минути да се изладат, потоа може да ги послужите Пиперките полнети со пченка, чили пиперки и сирење можете да ги послужите со павлака, салата од грав или пченкарен чипс. Оброк без месо кој сигурно ќе ве засити!

Податоци за нутритивна вредност по порција
• Калории 235kcal
• Протеини 8g
• Масти 14g
• Јаглехидрати 21g