Sort by
Sort by

Методи за спречување на дигестивни нарушувања

Нарушувањата на системот за варење влијаат на квалитетот на животот. За да избегнете непријатности, размислете за неколку начини како да ги спречите.
Жена држи цртеж "смајли" на стомакот
  1. Консумирајте само измиено овошје и зеленчук. Ако не е добро исчистено, можете да внесете бактерии и микроби кои предизвикуваат бројни проблеми со варењето.
  2. Хидрирајте се правилно. Внесувајте доволно течности и редовно пијте вода за да бидете хидрирани.
  3. Внимавајте на рокот на траење на производите кога купувате. Исто така, бидете внимателни и кога јадете и чувате храна во фрижидерот. Од моментот кога ќе ја отпакувате храната, почнува да тече рокот на траење кој е отпечатен на амбалажата. Изедете ја храната за 2-3 дена додека е сѐ уште добра.
  4. Јадете редовни и балансирани оброци. Важно е да имате три главни оброци во денот за да ги внесете сите хранливи состојки кои му се потребни на вашето тело и кои се потребни за здраво варење. Помеѓу редовните три оброци ви требаат две ужини (овошје, јогурт, интегрални житарици) за да го избегнете чувството на глад.
  5. Консумирајте доволно влакна (25-30 g/ден). Во својата секојдневна исхрана вклучете производи со висока содржина на влакна кои ги има во овошјето, зеленчукот и житариците. Влакната ја контролираат работата на системот за варење и ги регулираат нарушувањата на цревниот тракт
  6. Намалете со внесување или елиминирајте ја храната која создава надуеност. Храната која предизвикува гасови во цревата вклучува: грав, зелка, брокула, кромид, јаболко, печурки, индиски ореви и др. Пред да ги исфрлите овие намирници, тестирајте ја сопствената толеранција на нив.
  7. Пијте чај од ѓумбир. Помага за стимулација на варењето, како нането (не се препорачува за лица кои патат од гастроезофагеален рефлукс или киселини).
  8. Се препорачува да не легнувате до 30 минути по оброк. Вашето тело мора да ја вари храната, а ако е во хоризонтална положба може да предизвика гастроезофагеален рефлукс. Лесна прошетка помага за подобро варење на храната.
  9. Јадете во пријатно опкружување и добро џвакајте ја храната. Така ќе му помогнете на системот за варење
  10. Редовно вежбајте. Движењето поттикнува контракција на цревните мускули и на тој начин придонесува за правилно варење. Не почнувајте со физичката активност веднаш по оброкот, туку 2-3 часа подоцна..

 

Знаете ли дека...?

  • Стресот влијае негативно на работата на цревата?
  • 80 % од проблемите со варењето се предизвикани од неурамнотежена исхрана?
  • За подобро варење, овошјето може да се јаде најмалку 30 минути пред јадењето или во текот на ужината?
  • Кафе со млеко и малку мед ја стимулира цревната перисталтика, но по јадење се препорачува црно кафе без шеќер за стимулација на варењето?
  • Интегралните житарици значајно придонесуваат за внес на влакна, покрај овошјето и зеленчукот?