Sort by
Sort by

Компот од јаболко и ѓумбир во комбинација со житарици и лешници

Јаболко, ѓумбир, лешници и житарици. Состојки за вкусен компот на база на житарици.
Рецепт за компот од јаболко и ѓумбир со житарици и лешници


• КОЛИЧИНА: 2 порции
• ПОДГОТОВКА: 45 минути
• ТЕЖИНА: Лесно

Потребни состојки
• 20g Nestlé FITNESS® Original;
• 2 големи јаболка;
• 1 лажичка свеж рендан ѓумбир;
• 20g брашно;
• 20g путер или маргарин;
• 20g шеќер;
• 20g цели лешници.

Како се подготвува?
1. Загрејте ја рерната на 210 °C.
2. Излупете ги и исечкајте ги јаболката на мали коцки. Загрејте ги во мал сад на тивок оган со рендан ѓумбир и лажичка шеќер. 3. Полека мешајте додека овошјето не омекне, 10 минути. Додајте малку вода, ако е потребно.
4. Во посебен сад сипете Nestle FITNESS® Original житарици, брашно, шеќер, пржени лешници и путер исечен на мали парчиња. Со прсти измешајте ги сите состојки за да добиете зрнеста смеса.
5. Во огноотпорен сад ставете хартија за печење, истурете ја смесата и ставете во рерна да се пече околу 30 минути.
6. Ставете компот од јаболка и ѓумбир во рамекин садови и врз него истурете ја мешавината житарици и сецкани лешници.
7. Консумирајте додека е жешко. Пријатно!

Податоци за нутритивна вредност по порција
• Kalorije 318,20kcal
• Протеини 3,97g
• Масти 6g
• Јаглехидрати 43,70g