Sort by
Sort by

Колку вода дневно треба да пие вашето дете

Дете пие вода
 

Човечкото тело се состои од огромна количина на вода - речиси 70%, што во голема мера објаснува зошто водата ни е толку потребна. Водата е од суштинско значење за возрасните, а особено за децата, бидејќи им дава енергија, им помага да растат здраво и помага за зголемување на концентрацијата. А тоа е само мал дел од сите придобивки кои ги има водата за човековиот организам.

Вода и улогата на водата во телото

Водата помага за правилен метаболизам и го зајакнува мозокот, мускулите и сите органи. Освен тоа, ја балансира нашата телесна температура и помага во исфрлување на токсините. Кога дехидрираме, нашиот организам е под стрес. Ваква опасност често им се заканува на малите деца, кои играјќи забораваат да пијат вода, и воопшто, течности, што доведува до физички непријатности. Во таков случај, детето може да се чувствува изморено и не може да објасни зошто. Понекогаш не поминуваме цел ден со детето, па така не можеме да претпоставиме која би можела да биде причината за таквата негова состојба.

Апсорпцијата на течности во нашето тело е неопходна за нормалното функционирање на бубрезите, срцето и циркулаторниот систем. Најважните улоги на водата во телото:

  • речиси сите хемиски реакции во телото бараат вода;
  • помага во регулирањето на телесната температура;
  • учествува во транспортот на хранливи материи и отпадни производи;
  • помага во одржувањето на рамнотежата на pH.

Знаеш ли дека околу 60% од телесната тежина на возрасните е вода?

Недостаток на вода- дехидратација

Многу е важно да се знаат последиците од дехидратација. Тие се: замор, намалена концентрација, раздразливост, слаба меморија и со самото тоа, пониски оцени во училиште. А при појака дехидратација, веќе се јавуваат повеќе здравствени ризици, па затоа е добро да го потсетувате детето почесто да пие вода.

Секојдневен внес на вода кај децата

Дневниот внес мора да биде во склад со неговата тежина. Важно е да знаете дека детето не може и не смее да пие вода колку возрасно лице. Од таа причина, Светската здравствена организација препорачува децата на возраст од 0 до 12 месеци да пијат до 1 литар вода дневно. Следете ја оваа препорака за да му помогнете на вашето дете да биде здраво, среќно и енергично. Не заборавајте дека секој ден губиме вода од нашите тела кога се потиме, па дури и додека дишеме. Кога детето се занимава со спорт или е физички поактивно, мора да пие повеќе течности, бидејќи троши многу вода во текот на играта и губи сила и енергија. Во лето или кога е настинато, а и кога има висока температура, детето мора да прима повеќе течности, бидејќи така го зајакнува имунолошкиот систем и му помага на организмот побрзо да се избори со болеста.

Меѓутоа, сите знаеме дека децата понекогаш одбиваат да пијат вода. Во тој случај, мораме течноста да им ја направиме попривлечна и да им помогнеме да престанат да консумираат засладени пијалоци, бидејќи тие содржат многу шеќери, кои само му штетат на нивното здравје и не им ја даваат потребната енергија. Наш совет е да наполните бокал со вода и во него да ставите парчиња од омиленото овошје на вашето дете. Тоа ќе го заслади вкусот на водата и ќе го направи нејзиниот мирис многу попријатен.

Како да го охрабрите вашето дете да пие повеќе вода

Многу е важно детето да створи навика редовно да пие вода. На пример, пожелно е да му давате една чаша секое утро, како и навечер, непосредно пред да отиде во кревет. На тој начин ќе му помогнете на детето денот да го започнува со енергија и да има здрав сон. Погрижете се секогаш да носат шише свежа вода со себе, без разлика дали одат на училиште или надвор.

Воспоставете го внесувањето на вода да биде во склад со тежината и висината на детето. На тој начин нема да биде успешно само на училиште, туку и во животот.

Автор:
Лазар Радков, „Специјалист за спорт и здравје“