Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Како да ги вклучите најмалите во светот на кујната?

dete majka

Вклучувањето на вашето дете во процесот на подготовка на оброкот е забавна активност и исто така голем предизвик за многу родители. Оваа активност ги учи малите деца да бидат одговорни и преку неа можат да создадат добри навики.

Кујната е преубаво место за најмалите кое може да ги привлече на корисен начин, соодветен за нивната возраст. На крајот, децата ќе бидат горди што учествувале во подготвувањето на оброкот наменет за целото семејство, ќе стекнат доверба и ќе го развијат своето внимание и креативност.

Подолу може да најдете неколку идеи како да ги вклучите најмалите во тајните на кујната:

  • Изберете вистинско време да го повикате да готви, за детето да биде отворено за вашиот предлог, замолете го да ви помогне кога е одморено;
  • Помош во кујната е секогаш добредојдена, дури и кога доаѓа од детето. Подарете му ја на своето дете радоста која ја чувствува кога ви „помага“;
  • Детето треба да се почувствува корисно. Бирајте задачи кои одговараат на неговата возраст и не задавајте му повеќе отколку што може да сработи;
  • Гответе вкусни јадења, но едноставни за подготвување;
  • Вклучете ги најмалите и во декорирањето на масата, додека вие ги поставувате садовите, детето може да ги постави салфетите.

 

Сите вештини кои се користат во активностите во кујната се важни за развивање на одговорност за храната која може да му помогне на детето да усвои урамнотежена исхрана. Многу од овие активности се изведуваат и во градинка во рамки на практични активности во домаќинството, а децата се многу задоволни кога ќе ги видат „малите кулинарски креации“ кои ги направиле со сопствени раце.

Предности од вклучувањето на децата во кујната:

  • Детето ќе ги подобри четирите сетила (вид, вкус, допир и мирис);
  • Вашата врска ќе биде посилна;
  • Детето ќе стекне хигиенски навики, ќе биде во состојба да води урамнотежен живот, прво ќе ги измие рацете, па ќе работи во кујната;
  • Децата се најсреќни во кујна, а ако им дадете сопствен прибор, тие ќе се чувствуваат како возрасни. Така, ќе имаат пријатни кулинарски искуства кои ќе предизвикаат забава и добро расположение кај сите кои учествуваат во домашните активности;
  • Ќе го научите детето за важноста на урамнотежената исхрана, а тоа знаење ќе му помогне секој ден да донесува правилни одлуки;
  • Ако е вклучено во процесот на подготовка на храната, детето многу полесно ќе прифати да јаде одредена храна која баш и не е по негов вкус, како на пример зеленчук.

 

Готвењето со најмалите ќе ја зацврсти врската помеѓу вас, но истовремено и ќе ги научи да водат здрав начин на живот. Кој е првиот рецепт кој сакате да го подготвите со своето дете?