Sort by
Sort by

Здрава исхрана за деца - 5 основни принципи

Николета Тупита, специјалист за здрава исхрана во Nestlé România
Здрава исхрана за деца
 

Здравата исхрана се формира уште во детството. Како родител, секогаш го посакувате најдоброто за своето дете, од образование до исхрана, градејќи цврсти темели за среќен и здрав живот. Бомбардирани со информации, родителите често се збунети и загрижени. Наша препорака за родителите е да побараат совет од експерти ако имаат проблеми со исхраната на своите деца. Како помош, ви даваме неколку едноставни совети.

  1. Здрава исхрана за целото семејство

Децата често преземаат многу од навиките кои ги гледаат во семејството. Ако сакате детето да јаде зеленчук со апетит, сите членови на семејството би требало да имаат зеленчук во чинијата. Не се препорачува да се става посебен акцент на зеленчукот, не смеете да кажете „Колку е вкусен овој зеленчук!“, туку треба да го јадете најнормално, па така ќе има поголема шанса и децата да го јадат без проблеми или прашања. 

  1. Вклучете ги во купувањето и готвењето

Уште од мали, децата мора да знаат од каде доаѓа храната и како се подготвува. Вклучете ги своите деца во сѐ што вклучува купување, чување и готвење на храната. Како резултат на тоа, тие многу подобро ќе ја знаат разноликоста на намирниците, ќе знаат како безбедно да ги складираат и ќе знаат кои се најсоодветни комбинации за здрава исхрана. Кога готвите заедно, обидете се да му објасните на детето која е улогата на гарнирот, салатата или десертот. Сите овие активности ќе му помогнат да формира здрави навики пред да порасне. Храната треба да остане едно од најголемите задоволства во животот, но тоа задоволство треба да доаѓа од ритуалите посветени на подготовката и послужувањето, а не од видот и количината на храната.  

  1. Не мора да се изеде сѐ од чинијата

Повеќето деца чувствуваат глад и ситост многу подобро од нас возрасните. Кај многу од нас, овие физиолошки потреби се „деформирале“ поради драстични диети за слабеење, прекумерно јадење или лошо справување со стресот. Одговорност на родителите е да подготват квалитетна храна, а на децата да јадат според тоа колку сити се чувствуваат. Во денешно време, „да се изеде сѐ од чинијата“ претставува поттикнување на дебелеење. Кога ќе се забележат отстапувања од нормалната тежина (вишок или недостаток), треба да се консултира специјалист кој со поголема прецизност ќе ја утврди соодветната количина на намирници за секој оброк, во зависност од возраста на детето и тежината која мора да ја достигне

  1. Слатките имаат свое место во исхраната

Секое дете сака слатки, посолена или помрсна храна или сѐ на едно место. Во оптималната исхрана за деца, OptimiX, чии упатства се дефинирани во Германија, се наоѓа оваа не толку здрава храна, но не смее да сочинува повеќе од 20 % од дневната потреба за енергија на детето. 80 % од дневната потреба мора да биде задоволена со хранливи намирници (интегрални житарици, овошје, зеленчук, млеко, месо со помала масност, риби, јаткасти плодови, семиња).

  1. Распоред на оброците

Децата мора да се придржуваат до распоредот за оброци рамномерно секој ден. Кај возрасни, нутриционистите сѐ уште не се сложни дали препорачуваат три оброци и две ужини или само три главни оброци дневно. Во врска со исхраната на децата, препораките се попрецизни и предвидуваат почести и помали оброци. Три главни оброци, од кои најмалку два се дома (појадок и вечера), плус 2-3 ужини, се идеални во текот на растењето. Зошто? Бидејќи во детството, во процесот на растење се троши многу енергија, но детскиот желудник е сѐ уште многу мал. Една опција за задоволување на потребите за енергија е чести оброци, но во мали количини. Меѓутоа, голема грешка е ако ги „изолирате“ децата и ги ставите на режим на оброци одвоено од семејството.. 

Имајте на ум дека семејниот оброк е секогаш поздрав од најздравата храна која децата ја јадат сами, без оглед на менито. Овој принцип важи подеднакво и за деца и за возрасни и претставува основа на здрава исхрана.