• КОЛИЧИНА: За 6 лица
• ПОДГОТОВКА: 80 минути
• TEŽINA: Лесно
Потребни состојки
• 150ml екстра девствено маслиново масло
• 1 голем модар патлиџан
• 1 голем црвен кромид
• 3 чешниња лук
• 800g големи компири
• 6 домати со средна големина
• 5 тиквички
• 12 шери домати
• 300g доматно пире
• 1 лажичка сушено оригано
• 2 лажички магдонос
• 1 лажичка MAGGI Тајните вкусови на зеленчукот
Како се подготвува?
1. Prethodno Претходно загрејте ја рерната на 220 степени.
2. Подгответе го зеленчукот: преполовете го модриот патлиџан, а потоа исечете го на тенки парчиња, иситнете го лукот, насечете го компирот на коцки, а доматот и тиквичките на кружни парчиња.
3. Ставете малку зејтин во висока тава и динстајте го модриот патлиџан 5-7 минути. Кога лушпата ќе стане жолта, значи дека е подготвен. Префрлете го модриот патлиџан во високо тенџере.
4. Во тенџере ставете го црвениот кромид и лукот и динстајте 5 минути. Кога се готови, префрлете ги во тенџерето со модриот патлиџан.
5. Во тенџерето додајте го исечканиот компир, доматот, тиквичките и доматното пире. Сипете 200 ml вода и додајте оригано и магдонос. Зачинете со сол, бибер и додајте една лажичка од MAGGI Тајните вкусови на зеленчукот. Добро измешајте ги состојките и додајте го преостанатото маслиново масло.
6. Ставете се во плех и оставете го гулашот 20-30 минути во рерна. На вадете го гулашот од рерната кога ќе видите дека зеленчукот е мек и испечен, туку оставете го малку да се олади. Како по рецептот на нашите мајки!
Податоци за нутритивна вредност по порција
• Калории 379 kcal
• Протеини 7,5g
• Масти 243g
• Јаглехидрати 32,5g