Sort by
Sort by

Кофеин за концентрација: Како кафето го подобрува вашето учење

Бенефити од кафе и кофеин кои ви помагаат при учењето
 

Појадокот главно не може да заврши без шолја кафе, бидејќи тоа ви помага да се разбудите и да го започнете денот со повеќе енергија. А, за оние кои се подготвуваат за испити или сакаат да стекнат нови знаења, кафето може да биде сигурен сојузник!

Ако некогаш сте се запрашале како ви помага кафето додека учите, еве кои се неговите предности:

Полесно ќе се концентрирате

Продуктивноста опаѓа кога не можете да се концентрирате на учењето, но кафето може да помогне! Супстанцијата во кафето благодарение на која можеме да го одржуваме вниманието е кофеин, кој ни помага да се фокусираме на една задача.

Ја подобрува краткотрајната меморија

Таа се нарекува и работна меморија и ви помага кога учите нови работи. Кофеин може да помогне на работната меморија намалувајќи го заморот и зголемувајќи ја концентрацијата, особено кога треба да се концентрирате на нови информации.

Го зголемува вниманието

Со други зборови, кофеинот нѐ буди! Поради тоа кафето е толку популарен избор за појадок или пред да започнете со работа. Ако наутро немате време за уживање во кафето, побарајте некој од кафематите на NESCAFÉ Alegria на пат кон факултет или работа.

Ќе бидете добро расположени

Секојдневното учење може да биде напорно. Затоа, ако сте деконцентрирани или изморени, пожелно е да се одморите. Уживајте во шолја кафе со млеко! Ова ќе ги стимулира вашите сетила и ќе можете да се вратите на работа со повеќе енергија и подобар став.

Се наметнува заклучок дека кафето е напиток со многу благодети, а умереното консумирање на 3-4 шолји дневно може да ја зголеми вашата продуктивност, што ќе ви помогне во текот на студиите. Исто така, можете да комбинирате шолја кафе со здрава ужина за дополнителна енергија. Успешно учење!