Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Nestlé Needs YOUth

Зошто ѝ се потребни младите на Компанијата Nestlé (YOUth)!

Затоа што вие сте од суштинска важност за нашата иднина и за иднината на општеството, и имате одлични идеи и визија за тоа како да имате позитивно влијание во иднината. Ние во Компанијата Nestlé ја делиме таа визија - вашите соништа можат да го променат светот!


Ние сакаме да ви помогнеме да станете нашата следна генерација лидери, претприемачи генерално и претприемачи во секторот на земјоделството. Фактор на промени или „Game changers”, во зависност од вашата област или нивото на стручно знаење.


Ние се стремиме кон тоа да ги негуваме вашиот талент, енергија и соништа за да обезбедиме одржлива иднина за сите. Инвестирањето во младоста е од суштинска важност за напредните заедници полни со живот, а тоа помага и во градењето на нашиот бизнис. Младите луѓе помагаат при внесување на промени во Nestlé – вие нè правите подинамични и конкурентни.


Ние знаеме дека денес животот на младите луѓе не е лесен – 71 милион млади ширум светот се невработени, додека преку половина милијарда немаат задоволителна работа за степенот на нивната квалификација или работат несигурни или неизвесни работи.


Поради таа причина ја лансиравме нашата глобална иницијатива за млади „Nestlé Needs YOUth” (На Компанијата Nestlé потребни ѝ се млади луѓе). Преку неа успеавме да подготвиме стотина илјади млади за работа, да се обучат и поддржат преку 4 милиони фармери, а 2 милиони жени успеаја да ги развијат своите деловни вештини.

Исто така, на младите им понудивме десетина илјади можности да се обучат како приправници, да поминат стручна пракса и да добијат можност да се вработат. А тоа е само почеток! Нашата посветеност ја поддржува нашата нова амбиција: да им помогнеме на 10 милиони млади луѓе ширум светот да добијат пристап до економските можности до 2030 година.


Исто така, основавме Алијанса за млади (Alliance for YOUth), како движење кое покренува бизнис и кое им помага на младите луѓе да се подготват за работа и да ги подобрат своите перспективи за добивање на работа.


Инвестирањето во нечија младост е „win win” ситуација за сечија иднина - за нашиот бизнис, локалните заедници и планетата. „Nestlé Needs YOUth, Nestlé needs YOU!” (На Компанијата Nestlé потребни ѝ се млади луѓе, Вие сте ѝ потребни на Компанијата Nestlé!”)


Или проверете што имаат да ви понудат партнерите во нашата Алијанса – какo Adecco, AXA, Cargill, Engie, Nielsen, Publicis Group и Solvay.