Sort by
Sort by
 

Финансии

Посветени сме на постигнување на водечки финансиски перформанси во индустријата, со цврсто и здраво финансиско управување и ускладеност со финансиските политики. Наша цел е оптимизација на растот на компанијата Nestlé, паричните текови и повратот од инвестициите. Накратко, ние работиме на вистинските промени – со цел создавање на долгорочни вредности, и за акционерите и за друштвото во целост.

Нудиме голем избор на работни места во областа на финансиите, во распон од сметководство до даноци, од пензии до трезор, од трошоци до ревизија, и на пазарите и во заедничките центри за обезбедување на услуги. Нашите тимови обезбедуваат планирање и известување, како помош при донесување на одлуки, додека контролорите во деловните единици и помошните функции помагаат во постигнувањето на подобри перформанси во работењето и спроведувањето на стратегии.

Нашите луѓе во областа на финансиите се разликуваат како и нивните работни места – имено локалните финансиски тимови даваат поддршка во 180+ земји, во кои Nestlé ги продава своите производи. Oваа глобална мрежа ви овозможува големи можности да учите и да се развивате преку практичното искуство стекнато на работата или на курсевите во областа на финансии и раководење на Nestlé Aкадемијата за учење. Вие ја одредувате динамиката со која сакате да ги подобрите своите вештини.

Направете го нашиот тим Вашата следна дестинација во кариерата. Што и да е во вашиот фокус, предизвиците нема да ви недостасуваат и можете да бидете сигурни дека вашите идеи и експертиза ќе ја зголемат нашата конкурентност.

finance colleagues

Бараме

Луѓе со деловна острина, аналитички вештини и вештини за решавање проблеми, самодоверба и енергија да ја завршат работата.

Доколку ги поседувате овие вештини, со највисоките стандарди на интегритет, тогаш нашиот тим е вистинското место за вас.

meeting

Иако мојата дневна рутина започнува со ажурирање на портфолиото на мојот налог, после тоа може да се смени додека трепнеш. Поголемиот дел од времето го трошам во решавање на проблемите и наоѓање на причината за нивното настанување и тоа навистина ме исполнува.

Matthew
Mетју