Sort by
Sort by

Вода и одржливост на животната средина

 

Порастот на населението, зголемувањето на богатството и на животниот стил на светско ниво, ја надминува способноста на планетата да се справи со последиците од човечките активности.

Се верува дека во наредните години ќе се соочиме со сериозен недостиг на вода, што ќе има сериозни последици врз безбедноста на храната.

Синџирот на исхраната, од земјоделство до производство и потрошувачка, влијае врз квалитетот и достапноста на водата, климатските промени, користењето на енергијата, биолошката разновидност и врз квалитетот на земјиштето. Квалитетот на воздухот исто така зависи од овие природни ресурси.

Расположливоста и достапноста на свежа вода веќе влијае врз нашето работење и затоа и ние очекуваме дека во наредните децении ќе ги почувствуваме последиците од климатските промени врз нашето работење.

Наши цели

Наша амбиција е производство на вкусни и хранливи производи со намалено влијание врз животната средина. Во тие рамки, постојано настојуваме да ја подобриме нашата оперативна ефикасност и да го намалиме влијанието врз животната средина. Се стремиме кон ефикасно користење на природните ресурси во сите фази од животниот циклус на производот и со тоа придонесуваме за подобра иднина и за создавање заеднички вредности за Nestlé и за општеството во целина.

Наш настап

Nestlé постојано работи на намалување на потрошувачката на вода и на емисијата на гасови преку намалена употреба на енергија, со помош на користење на обновливите извори на енергија.
Поголемиот дел од отпадот се пренасочува од депониите и печките за палење отпад без обновување на енергијата. Постојаното намалување на обемот и на тежината на амбалажата на производите на Nestlé претставува приоритет.

Резиме за создавање заеднички вредности:

  • Вредност за Nestlé: Постојано подобрување на животната средина; продуктивни фабрики; намален ризик; намалување на трошоците; долгорочна достапност на суровини и вода; одржлив и профитабилен рас;
  • Вредност за општеството: Подигање на стандардот на животната средина; поголеми приходи; подобар животен стандард.