Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Правила на наградниот конкурс

Член 1 

Организатор на наградниот конкурс под називот „Освој велосипед и кацига“ (понатаму: Конкурс) е НЕСТЛЕ АДРИАТИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје (ЕДБ 4030006591141), БУЛЕВАР 8ми СЕПТЕМВРИ БР. 16, 4ти КАТ, ДЕЛ. ЦЕНТАР “ХИПЕРИУМ“ СКОПЈЕ-МАКЕДОНИЈА (понатаму: Организатор). Конкурсот се спроведува со цел промоција на Организаторот и производите Chocapic, Cheerios, Cini Minis, Cookie Crisp, Lion, Lion Pillows, Nesquik, Nesquik Alphabet, Nesquik Duo, Nesquik Cocoa Crush. Лицето кое ќе се пријави за учество на Конкурсот понатаму во правилата се нарекува Учесник. Овие правила на Конкурсот (понатаму: Правила) ќе бидат објавени на веб страницата www.nestle.mk/bikepromo

Член 2 

Наградниот конкурс трае од 01.01.2020. година во 00:00 часот до 15.04.2020. во 23:59 часот, а се одвива преку интернет страницата www.nestle.mk/bikepromo.

Член 3 

Право на учество на Конкурсот имаат сите физички лица со живеалиште во Република Северна Македонија на денот на започнување на наградниот конкурс. Право на учество имаат само лица постари од 18 години.

На Конкурсопт не можат да учествуваат лица кои се вклучени во неговата организација и подготовка, посебно вработените на Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства.

Член 4

За учество во Наградниот конкурс учесникот треба на веб страницата www.nestle.mk/bikepromo да ги внесе името и презимето, градот, адреса на е-поштата и телефонскиот број, да одбере една од трите големини на велосипед (сет1 - За деца од 6 до 8 години; сет 2 - За деца од 9-11 години; сет3 - За деца над 11 години), да постави фотографија на дадената тема „Почеток на денот со Nestlé житарките“ и да кликне на куќичката покрај изјавата дека ги прифаќа Правилата на конкурсот. На фотографијата, помеѓу останатото треба да се види и кутија на било кои Nestle житни снегулки кои се предмет на оваа промоција, и само таквите фотографии ќе учествуваат на конкурсот. Не се препорачува испраќање на фотографии на деца ниту тоа е барање и услов за учество на овој конкурс.

Учесниците кои нема да се регистрираат во согласност со Правилата ќе бидат автоматски исклучени од учеството на Конкурсот, т.е. нема да бидат земени предвид за добивање награда. Исто ќе се постапи и кон оние учесници кои дале неточни податоци. Доколку овој факт се потврди, тие лица веднаш го губат правото во понатамошното учество, т.е. доделување на награда ако во меѓувреме ја освојат. Лицата кои дале неточни или туѓи податоци, одговараат исклучително за таквата злоупотреба на податоците. Организаторот го задржува правото да не ги земе предвид предлозите кои одразуваат расна, полова или некој друг вид дискриминација или на било кој друг начин ги кршат овие Правила или законите на Република Северна Македонија. Секоја употреба на лажни гласови или дупли и лажни пријави или постои оправдано сомнение за истите, ќе се санкционира со елиминација на Учесникот од Конкусрот. 

Член 5

Цел на Конкурсот е одбирање на 10 Учесници на веб страницата www.nestle.mk/bikepromo по избор на тричлено жири во состав: Марко Ербен (дизајнер на креативна агенција), Марија Станковиќ (Бренд менаџер за Nestle житарките) и Катарина Ексле (Дигитален директор во Драп агенцијата). Жирито по завршувањето на конкурсот ќе одбере 10 добитници со најдобри фотографии поставени на веб страницата www.nestle.mk/bikepromo. Изборот на најдобрите фотографии ќе се заснова на следните критериуми: композиција, креативност, фотографска умешност, уметничка супериорност. 

Име/Презиме/Град на добитниците ќе бидат објавени во рок од седум (7) денови по завршувањето на наградниот конкурс и тоа на веб страницата www.nestle.mk/bikepromo. Секој добитник освојува еден (1) комплет велосипед и кацига зависно од изборот на големината на велосипедот при пријавувањето на Конкурсот: или Booster Plazma 200, големина на тркала 20“, или Booster Plazma 240, големина на тркала 24“ или Booster Galaxy, големина на тркала 26“; на производителот Planetbike Србија. Организаторот ќе ги контактира добитниците по пат на е-пошта која ја внеле на мрежната страна при пријавувањето. Во одговорот на таа порака, добитникот е должен да ги достави своите податоци заради организирање на преземањето на наградата во рок од седум (7) дена, за да го потврди преземањето на наградата. Доколку добитникот не се јави во наведениот рок или на друг начин не ги достави своите податоци потребни за преземање на наградата, го губи правото на награда, а наградата ќе му биде понудена на друг Учесник по избор на жирито. Со преземање на наградата од страна на добитникот престануваат сите обврски на Организаторот кон Учесникот односно Добитникот. Добитникот не може да бара награда во поголемо количество или поинаква од онаа која е наведена во овие Правила од страна на Организаторот. Наградата не може да се замени со пари, друг производ или услуга. Секој Учесник може да освои најмногу една награда. Наградите ќе им бидат врачени на добитниците најдоцна во рок од деведесет (90) дена од датумот на објавувањето на добитниците на веб страницата www.nestle.mk/bikepromo.

Член 6

Учесникот треба да биде единствен и исклучителен носител на авторските права на поставената содржина, во обем во кој поставената содржина подлежи на заштита на авторските права. За малолетни лица согласноста за користење на правата мора да ги даде родителот, односно лицето овластено да се грижи за малолетникот. Учесникот гарантира дека со пријавената содржина во потполност не ги крши авторските и останатите права на трета страна. Ако дојде до кршење на правата на интелектуална сопственост или на некое сродно право, исклучителна одговорност за кршењето ја сноси Учесникот кој во било која форма ја поставил содржината. Со пријавувањето на содржината на Конкурсот, Учесникот се согласува истата да биде објавена заради комуникација со добитникот на Конкурсот, па на Организаторот бесплатно го пренесува неограниченото право на искористување на поставената содржина во било која форма и исклучително за интерна употреба.

Член 7 

Организаторот ќе ги прегледа сите пратени пријави и го задржува правото во било кој момент да го дисквалификува Учесникот ако:

  • Учесникот ги прекрши Правилата;
  • Учесникот не одговори на прашањето на Организаторот во рок од 7 дена или остави неточни лични податоци или од друга причина не може да се стапи во контакт со него;
  • Таква содржина е веќе пријавена на Конкурсот;
  • Пријавената содржина не се придржува до темата на Конкурсот;
  • Едно или повеќе лица кои се обележени во пријавената содржина побараат отстранување на содржината од Конкурсот заради било која причина;
  • Пријавената содржина не е авторско дело на Учесникот кој ја пријавува;
  • Учесникот употребува лажен профил за пријава на Конкурсот. Како лажни профили ќе се сметаат сите профили за кои постои основано сомнение дека се креирани исклучително со цел учество на Конкурсот;
  • Пријавената содржина има навредлива или вулгарна содржина, или на било кој начин претставува содржина која не е во согласност со овие правила или со законот;
  • Ако се утврди дека дал неточни податоци за себе или за родителот (старателот) доколку е малолетен;
  • Учесникот не приложи доказ за потребната согласност на лицата, посебно малолетниците за користење на нивните податоци за личноста во рок од 24 часа на прашање на Организаторот. 

Член 8

Пред пријавувањето на Конкурсот, Учесникот потврдува дека е запознаен со Правилата и условите за собирање и обработка на неговите лични податоци. Организаторот за потребите на учество на Конкурсот од Учесниците ќе собира: Име, презиме, град, телефон и адреса на е-пошта. Сите податоци за личноста на Учесниците кои ќе се соберат во текот на Конкурсот ќе се користат исклучително со цел спроведување и реализирање на Конкурсот. Организаторот ќе собере и дополнителни податоци од добитниците: адреса, за да може да ја испорача освоената награда на добитникот. Податоците за личноста на Учесниците и Добитниците се чуваат најмногу 2 месеци по завршувањето на Конкурсот, по што трајно се бришат. Организаторот ќе ги објави името, презимето и градот на добитникот на веб страницата без временско и просторно ограничување. Учесникот е слободен во секој момент да побара од Организаторот да престане со обработка на неговите податоци за личноста со праќање мејл на [email protected] и прифаќа дека таквото ускратување може да резултира со неможност за учество на Конкурсот. Податоците за личноста на Учесниците во име на Организаторот ќе ги обработува Агенција Драп д.о.о., Улица “град Вуковар“ бр. 271, 10000 Загреб, ОИБ: 41437879613 која му помага на Организаторот во реализирање на Конкурсот, врз основа на договор кој е склучен помеѓу Организаторот и Агенцијата. Организаторот ќе ги превземе сите потребни чекори во организациона и техничка смисла да ги заштити податоците за личноста на Учесниците во согласност со важечката регулатива. Организаторот може податоците за личноста на Учесниците да ги пренесува во рамките на Nestle групата што ги подразбира и земјите надвор од територијата на ЕУ, доколку е осигурено соодветно ниво на заштита на податоците за личноста согласно важечките локални закони. Организаторот не може да сноси одговорност за податоците на личноста на трети лица кои не се директни учесници на конкурсот, а кои Учесникот ги доставил во рамките на поставената содржина. Се смета дека Учесникот обезбедил согласност од трети лица чии податоци за личноста ги доставил во својата содржина, во случај кога тие лица не се Учесници на конкурсот.

Учесникот е должен при давањето податоци, да ги даде своите вистински, точни и целосни контакт податоци. Учесникот се согласува да биде контактиран од Организаторот користејќи ги неговите контакт податоци. Во случај на недостапност на Учесникот заради било која причина, вклучувајќи неточни податоци или неможност за воспоставување на контакт, ќе се постапи во согласност со одредбата од член 7 на Правилата.

Со праќање на пријавата на Конкурсот, Учесникот потврдува дека е известен за собирање и обработка на неговите податоци за личноста. Учесникот може подетално да се информира за обработка на податоците на личноста која ја врши Организаторот, во Известувањето за заштита на податоците кое е објавено на службената веб страница на Организаторот.

Член 9 

Организаторот го задржува правото да го прекине Конкурсот, во случај на околности за кои Организаторот не е одговорен, односно кои не можел да ги спречи, елиминира или избегне, во кој случај се ослободува од сите можни обврски кои настанале кон Учесникот. Организаторот не сноси никаква одговорност заради технички проблеми или грешки настанати со внесување на податоците, како и други причини кои не зависат од Организаторот. Учесникот кој учествува на Конкурсот ги прифаќа правата и обврските од Правилата. Организаторот го задржува правото за промена на Правилата, за што сите Учесници ќе бидат благовремено известени со објава на веб страницата www.nestle.mk/bikepromo. Во случај на спор помеѓу Организаторот и Учесникот надлежен е Основниот суд во Скопје.

Правилата се применуваат почнувајќи од денот на објавата на веб страницата www.nestle.mk/bikepromo.