Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle.
Побарајте работа тука.
Студенти и дипломци

Moжности за развој
Nestlé на младите им нуди одлични можности на самиот почеток на кариерата ширум светот.
Ние им нудиме различни програми на кандидатите на почетокот на нивните кариери, од обука на приправници до програми за постдипломски студии и професионална пракса. Огласуваме отворени работни места на страницата job search page (пребаруање на работи), и можете да најдете повеќе на веб-страниците на одделни земји. Nestlé исто така, им помага на младите луѓе ширум светот да најдат совршена работа и да започнат кариера преку иницијативата „На Nestlé му требаат млади луѓе” (Nestlé needs YOUth).
За младите луѓе кои се на почеток на својата кариера
Иницијативата „На Nestlé му требаат млади луѓе” на младите луѓе им дава можност да развиваат вештини кои ќе им бидат потребни во натамошната кариера. Со цел поддршка на младите и претприемништвото во земјоделскиот сектор.
Nestlé Летно училиште (Nestlé Summer’s Cool)
Обезбедувањето поддршка на младите во понатамошниот развој на кариерата е една од најважните мисии на нашата компанија.
Летната школа на Nestlé е иницијатива дизајнирана да го надополни академското знаење преку обезбедување увид во различните области на работење на компанијата Nestlé. На овој начин студентите и постдипломците се запознаваат со секојдневните предизвици и задачи во светот на бизнисот.
Преку Летната школа на Nestlé од нејзиното формирање поминале 84 студенти од Србија и земјите од регионот. Овој вид на деловна практика е наменет за сите кои сакаат да учат и да се развиваат во мултикултурна средина. Праксата е платена, а сите учесници добиваат Nestlé сертификати по завршување на обуката.

Го подобрив знаењетo за различните аспекти на работењето и добив слика за одржливиот начин на работење во Nestle. Ги запознав вработените во Nestle кои несебично ги споделуваа своите искуства со нас и не инспирираа за сопствените деловни успеси. Би сакала да ги истакнам и моите вредни колеги, исто така учесници на Nestle Summer Cool, прекрасни млади луѓе за кои верувам дека ќе постигнат многу. Ова единствено искуство и познанства остануваат за цел живот!
Oдлична програма во која може доста да се научи. Одлично место за запознавање на нови интересни луѓе. Nestle Summer Cool Нови знаења, контакти и business сертификат.
Содржински квалитетна програма која им овозможува на младите да стекнат конкретни знаења, да имаат поголема свест за важноста на одржливото работење како и да се подобрат себеси. Плус, одлична можност да запознаете луѓе и да воспоставите доживотни врски.