Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle.
Побарајте работа тука.
Delight
Компанијата Nestlé 2017 година го прошири THOMY aсортиманот и го лансираше THOMY Delight, лесен мајонез со исполнет вкус, кој е посен и без глутен. Во однос на класичниот THOMY мајонез, Delight имa 50 % помалку масти и 47 % помалку калории. THOMY Delight составен е исклучиво од добро познатите состојки на потрошувачите, а главната нота на вкусот ја дава синапот. Синапот е одличен извор на селен, а содржи и магнезиум, омега масни киселини, манган, фосфор, бакар и витамин Б. Во THOMY Delight лесниот мајонез можат да уживаат и оние кои се чувствивтелни на глутен, како и сите на кои безглутенската исхрана им станала начин на живот.
Пилешка салата со корнишони и ротквички
Потребно е:
450 - 500g пилешко бело месо,
2 jajцa,
200g ротквички,
100g корнишони,
2 супени лажици бело пенливо вино или бел вински оцет,
110g THOMY Delight мајонез,
50g ситно сецкан влашец,
2 лажички маслиново масло,
сол и бибер по вкус,
45 минути
Идеална салата за пролетните денови. Лесна за правење, а исклучително вкусна.
Подгответе ја на следниот начин:
Испечете го пилешкото месо, а потоа искинете го на ситни парченца. Сварете ги јајцата да бидат тврди и оставете ги да се изладат.
Во голем сад ставете ги искинатото пилешко месо, исечканите ротквички и корнишоните. Во друг, помал сад измешајте ги THOMY Delight мајонезот, маслиновото масло и шампањацот (оцетот). Додадете ја оваа мешавина во поголемиот сад и сето тоа добро измешајте го.
Jajцaта излупете ги и исечкајте ги на парченца. Ставете ги во салатата.
Зачинете ја салатата со бибер и сол, и додадете сечкан влашец.
Салатата може да се послужи со главното јадење или со брускети.