Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle.
Побарајте работа тука.
Maggi
Како почеток на секој семеен ручек, Maggi Супите претставуваат важен дел од секојдневната исхрана. Нивна главна предност се брзата и лесна подготовка и загарантиран резултат. Компанијата Nestlé на потрошувачите им нуди широк асортиман на супи во кесичка кои ги делиме на бистри супи, супи со кнедли и крем супи. Причини за долгогодишната доверба на нашите потрошувачи се квалитетот на производите, традицијата, иновациите и реиновациите во оваа категорија.
Вкусовите и преференциите на потрошувачите имаат важна улога во создавањето на производите, тие беа клучни за развојот на новиот и единствен концепт „Свет на добрите состојки“. Maggi супите сега содржат едноставни и на потрошувачите добро познати состојки, како оние кои можат да ги најдат во својата кујна.
Нашата цел е да го унапредиме кулинарскиот асортиман до 2020. година со додавање на состојки кои нашите потрошувачи ги знаат и сакаат, а истовремено отстранувајќи ги оние кои не ги препознаваат и кои не им се допаѓаат. Го зголемуваме уделот на квалитетните состојки пожелни во исхраната на секој поединец: зеленчук, мешунки, цели зрна од житарки, зачини. А во производите го намалуваме уделот на соли, шеќери, заситени масни киселини, ги отстрануваме на вештачките бои.
Maggi супите достапни се во внимателно дефинирани грамажи од 39 g дo 87 g. Како лидер на пазарот имаме одговорност и обврска постојано да иновираме производи за да можеме на нашите потрошувачи да им ја олесниме подготовката на јадењата, а оброкот да го направиме повкусен и поздрав. За сега на пазарот сме присутни со бистри супи, супи со кнедли и крем супи.