Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Историја на чоколади

Приказната за чоколадата во Новиот свет започнала со племето Маја, кои пиеле темна напивка наречена cacahuaquchtl. Подоцна Астеци консумирале chacahouau и користеле зрна од какао за плаќање. Во 1523 година на шпанскиот освојувач на астечкото царство, Кортез, му понудиле зрна какао, а тој му ја претставил чоколадата на Стариот свет, каде што наскоро станала омилена храна на европските богаташи и благородници.

На почетокот претворањето на суровите, горчливи зрна какао во нешто што еден писател од 17 век го нарекува „единствена вистинска храна на боговите“ било уметност, префинета мешавина на алхемија и наука. Пред неколку столетија е откриено дека со вриење и печење на зрното може да се создаде овој денешен натприроден вкус.

По долгогодишни обиди, во 1875 година 31-годишниот производител на слатки од Веве, Даниел Питер, открил како да ги комбинира млекото и какаото во прав. Резултатот од тоа е млечната чоколада.

Питер, пријател и сосед на Хенри Неcтле, ја основал компанијата што наскоро ќе стане водечки светски производител на чоколада. Три децении компанијата Peter, Cailler, Kohler, од Нестле ги зела потребните суровини млеко, но исто така и маркетиншките знаења што биле потребни за лансирање на своите слатки производи, а во 1929 година дојде до неизбежното спојување.

 

 

 

[{"page-content":[{"panelId":"" , "cols": [{"0":[]}]}]},{"widget-content":[{"panelId":"NESoneCol" , "cols": [{"0":[]}]}]}]