Sort by
Sort by

Nestlé е посветен на примена и објаснување на нутритивните вредности на пакувањето, продажните места и онлајн, со цел да им овозможи на потрошувачите да донесат информирани одлуки при изборот на храна и пијалоци.
Наша одговорност е да ги пренесеме информациите за производот, вклучувајќи ги состојките и хранливата вредност, на транспарентен и сеопфатен начин за да можат потрошувачите да донесат информирани одлуки.
Во јуни 2019 година, објавивме дека го поддржуваме Nutri-score како претпочитана ознака на предната страна на пакувањето во континентална Европа и дека сме подготвени за широка примена, почнувајќи од земјите кои го поддржуваат овој систем.

Нашата поддршка на Nutri-score ја одразува нашата посветеност на правилна исхрана и информиран избор. Европејците се повеќе сакаат да знаат што има во храната и пијалоците. Тоа е прашање на транспарентност. Сакаме да им обезбедиме јасни информации за хранливата вредност и тоа да го направиме брзо. Научните докази и поддршката од потрошувачите сугерираат дека Nutri-score е решение кое функционира во континентална Европа“.

Што е Nutri Score
Што е Nutri-Score?

Тоа е систем на обележување со бои развиен од Францускиот институт за јавно здравје. Храната и пијалоците се класифицираат според нутритивниот профил со скала од А (поздрав избор) до Е (помалку здрав избор). На овој начин, се овозможува холистичко разбирање на нутритивниот квалитет на производот за да секој поединец да може да донесе информирани одлуки во насока на поправилна исхрана.

Како се толкува/чита Nutri-score?

Секој производ е рангиран со скала од пет букви: буквата А ги означува производите чија потрошувачка треба да се поттикне, додека буквата Е ги означува оние што треба да се ограничат.
Nutri Score состојки
Како се пресметува Nutri-score?

 

Nutri-score се пресметува во 100g или 100ml производ врз основа на застапеноста на две групи состојки:

        - Состојки кои треба да се поттикнат/конзумираат повеќе: влакна, протеини, овошје и зеленчук, јаткасти плодови, мешунки и масла: маслиново, од орев, масло од репка
    - Состојки / компоненти што треба да се ограничат: енергија (kJ), заситени масти, шеќер и натриум.

Nutri-score  се пресметува поинаку за секоја од 4-те категории на производи: храна, пијалоци, масти и сирења. Производите на Nestlé главно спаѓаат во категоријата храна и пијалоци.


 

Каде ќе се применува Nestlé Nutri-score?

Nutri-score ќе се применува на пазарите на кои се во сопственост на  Nestlé, во Австрија, Белгија, Франција, Германија, Во текот на 2021 година, апликацијата ќе се прошири и во Северна Македонија и во другите земји од Југоисточна Европа. Cereals Partners Worldwide (CPW) исто така ќе стави Nutri-score на своето пакување во тие земји. Nestlé и CPW се подготвени да го прошират Nutri-score на други земји по нивно барање или спрема нотификацијата на Европската комисија.