Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Управување

Nestlé има Управен одбор на чело со претседателот на Управниот одбор, Пол Булк, кој беше поранешен главен извршен директор. Целосните податоци за секој член и за одборите во кои работат се достапни во делот Управен одбор.

За секојдневното управување со деловните активности на Nestlé се грижи нашиот Извршен одбор. Именуваните членови на Извршниот одбор управуваат со различни делови од глобалната деловна активност. Целосно CV за секој член можете да најдете во делот Извршен одбор.

Со Nestlé-групата управуваме според географските зони - Зони EMENA (Европа, Блиски Исток и Северна Африка), Америка и Азија/Океанија/Супсахарска Африка – за поголемиот дел од деловната активност со храна и пијалоци, со исклучок на нашата деловна активност со која се управува на глобално ниво, што вклучува Nestlé-вода, Nespresso и Nestlé-наука за здравјето. Исто така имаме и заеднички потфати како Cereal Partners Worldwide и Froneri.

Општа организација на компанијата Nestlé S.A.

Претседател на Управниот одбор:
Пол Булк
 
Главен извршен директор:
Марк Шнајдер
 
Зона АМС - Америка:
Лорен Фриксе
Зона AOA: - Азија, Океанија и Супсахарска Африка:
Крис Џонсон
Стратешки деловни единици, маркетинг, продажба и Nespresso:
Патрис Була
Главен технолошки директор:
Стефан Палцер
Зона EMENA - Европа, Блиски Исток и Северна Африка:
Марко Сетем
Главен финансиски директор:
Франсоа-Ксавиер Роџер
Шеф на работењето:
Магди Батато
Шеф на Групата за човечки ресурси и деловни активности:
БеатрисГилом-Грабиш
Главен советник:
Леане Геале
Nestlé-вода:
Маурицио Патарнело
Nestlé-наука за здравјето:
Грег Бехар
Секретар на Управниот одбор:
Давид П. Фрик
Корпоративни комуникации:
Еугенио Симиони