Сенф

THOMY брендот потекнува од Швајцарија. Името го добил по својот основач Фриц Томи-Шад (Fritz Thomi-Schaad) кој 1907 година го донесол првиот сенф на швајцарскиот пазар.
На почетокот се продавал во глинени саксии, а 1930 година било осмислено ново пакување THOMY сенфот, по што почнува да се продава во туба.THOMY е лидер кога се работи за квалитетот и вкусот, но и прв бренд кој сенфот го нудел во туба. 
Благодарение на огромниот успех и новиот начин на пакување, и останатите THOMY производи почнуваат да се пакуваат во туби.
Разубавете ги вашите оброци со THOMY сенфот!

Компанијата Nestlé кон крајот на 2017 година го збогати својот асортиман со уште еден производ од категоријата сенф и тоа во практично пакување – кесичка со затворувач од 280g, која е погодна за секојдневно користење при подготовка на јадењата.