Delight

Компанијата Nestlé 2017 година го прошири THOMY aсортиманот и го лансираше THOMY Delight, лесен мајонез со исполнет вкус, кој е посен и без глутен. Во однос на класичниот THOMY мајонез, Delight имa 50 % помалку масти и 47 % помалку калории.
THOMY Delight составен е исклучиво од добро познатите состојки на потрошувачите, а главната нота на вкусот ја дава синапот. Синапот е одличен извор на селен, а содржи и магнезиум, омега масни киселини, манган, фосфор, бакар и витамин Б. Во THOMY Delight лесниот мајонез можат да уживаат и оние кои се чувствивтелни на глутен, како и сите на кои безглутенската исхрана им станала начин на живот.   

 

Пилешка салата со корнишони и ротквички 
Потребно е: 450 - 500g пилешко бело месо, 2 jajцa, 200g ротквички, 100g корнишони, 2 супени лажици бело пенливо вино или бел вински оцет, 110g THOMY Delight мајонез, 50g ситно сецкан влашец, 2 лажички маслиново масло, сол и бибер по вкус, 45 минути
Идеална салата за пролетните денови. Лесна за правење, а исклучително вкусна. Подгответе ја на следниот начин:
Испечете го пилешкото месо, а потоа искинете го на ситни парченца. Сварете ги јајцата да бидат тврди и оставете ги да се изладат.
Во голем сад ставете ги искинатото пилешко месо, исечканите ротквички и корнишоните. Во друг, помал сад измешајте ги THOMY Delight мајонезот, маслиновото масло и шампањацот (оцетот). Додадете ја оваа мешавина во поголемиот сад и сето тоа добро измешајте го. 
Jajцaта излупете ги и исечкајте ги на парченца. Ставете ги во салатата.
Зачинете ја салатата со бибер и сол, и додадете сечкан влашец.
Салатата може да се послужи со главното јадење или со брускети.