Xрана за мачки

Ние во PURINА знаеме дека мачките имаат специфични барања во поглед на исхраната, коишто варираат во зависност од нивната возраст и раса. Значи, за да ги задоволиме индивидуалните барања на Вашата мачка, создадовме палета на внимателно прилагодени формули.

Повеќе од 85 години на научни истражувања се вложени во развојот на палетата со PURINA® производи. Неверојатно сме горди на ова бидејќи нашата храна за домашни миленици е меѓу најпознатите и најомилените брендови во Србија и во светот. Знаеме дека малку работи се поважни од здравјето и среќата на Вашите домашни миленици. Затоа експертите на PURINА® со помош на нашата храна oбезбедија домашните миленици да добијат 100% хранливи материи за да бидат здрави денес, а така да биде и утре. 

Oва е списокот на нашите брендови: 

FELIX - вкусни оброци со фантастични комбинации коишто ќе ги разгалат сетилата на Вашата мачка и ќе ѝ донесат прекрасни изненадувања, како вкусни желеа, сосови па дури и крцкави преливи! FELIX® рецептите обезбедуваат 100% дневни потреби на Вашата мачка доколку ја храните во согласност со упатствата за хранење на пакувањето. Прекрасните оброци направени се од квалитетни состојки, избалансирани минерали и витамини и извор се на омега 6 масни киселини - тука е сето она што ѝ е потребно на  Вашата мачка за да го одржи долгорочното здравје, колку и да е стара. Неодолив оброк којшто Вашата мачка едноставно ќе го обожува!

Felix 2_web_banner_1150x863px.jpg

FRISKIES - Нуди широк асортиман на производи прилагодени за сите потреби на Вашата мачка, без оглед на расата и возраста, и на нејзиниот вкус. Производите без додадени вештачки бои, конзерванси и арома гаранција се за 100% комплетната и избалансирана исхрана, која опфаќа високо квалитетни протеини, витамини и минерали. Откријте ја големата палета на на Friskies производи коишто се подготвени од страна на нашите експерти во областа на исхраната на домашните миленици, за поздрав и посреќен живот на Вашата мачка.  

fricki 2.jpg

                                          

GOURMET - GOURMET® ќе направи сè за да ја воодушеви Вашата мачка и да ѝ понуди неодоливо искуство и секојдневно уживање во различните вкусови.  Gouremt производите нудат широка палета на рецепти за мачките, вистински познавачи, за да можат секојдневно да уживаат во различните текстури и вкусови. Квалитетните состојки подготвени се нежно и со вкус за да можат уште повеќе да го разгалат софистираното непце на Вашата мачка. Изненадете ја Вашата мачка со неодоливите вкусови од Gold, Perle или Mon Petit aсортиманот во текстурите паштети, парченца во сос или парченца во паштета.

Gourmet2_web_banner_1150x863px.jpg

CAT CHOW - на мачките им овозможува да уживаат во здравиот начин на живеење. Како и луѓето, мачките можат да имаат корист од вежбањето секоја недела, поминувајќи повеќе време со семејството и со правилна исхрана. Кога станува збор за благосостојбата, Purina Cat Chov брендот посветен е на помош на мачките и на луѓето коишто ги сакаат и Ви нуди богати, корисни средства и формули за здрав животен стил на Вашата мачка.                                                                                                                                                                                          
 

cat chow 2.png

PRO PLAN - е нашата најнапредна, научно заснована супер премиум храна со вистинско месо како главна состојка. Во својот асортиман нуди формули специјално направени да им одговорат на сите нутритивни потреби на мачките, како и на оние со дополнителни потреби како што се подобар имунитет на мачињата, исхрана по стерилизација и кога се работи за избирливи и чувствителни мачки.

 

PRO PLAN VETERINARY DIETS - Претставува портфолио на специјализирани ветеринарски производи за домашни миленици. Секоја формула е развиена со најновите знаења во клиничката исхрана и поддржана е со долгогодишните научни ветеринарски истражувања. Влажните и суви диети развиени се со најсовремените технологии и докажано се ефикасни кај поголемиот број на состојби. Секој рецепт обезбедува оптимален баланс на хранливите материи за задоволување на одредени диететски потреби.