NESCAFÉ Classic

NESCAFÉ CLASSIC произведено е од врвни зрна од кафе кои потекнуваат од Бразил. NESCAFÉ CLASSIC се добива од внимателно избрани зрна од кафе со истата постапка како и традиционалното пржено (мелено) кафе, која продолжува понатаму со посебна постапка на добивање на гранули. На самиот почеток зрната се мелат и пржат, а потоа се варат. На крајот со посебна технолошка постапка се одвојува талогот (соц), се вбризгува врел воздух кој предизвикува испарување на водата и остануваат суви гранули од кафе.

NESCAFÉ CLASSIC во понудата е во поединечно пакување од 2g и во збирни пакувања – кесичка од 20g, 50g, 200g, лименки од  50g, 100g, 200g и 250g и во стаклени пакувања од 200g

Сè почнува со NESCAFÉ
NESCAFÉ е омилената марка на кафе во светот во која уживаат поединците и семејствата во повеќе од 180 земји во светот. Со повеќе од 75 години искуство во изборот, пржењето и создавањето на врвно кафе не чуди податокот дека секоја секунда се пијат повеќе од 5.500 шолјички NESCAFÉ кафe. Aко сакате да дознаете повеќе, посетете го сајтот  https://www.nescafe.com/

NESCAFÉ План
Oд 1960-те соработуваме со одгледувачите на кафе помагајќи им да одгледаат колку што может поквалитетно кафе преку воведување на напредни методи на одгледување. Секоја година директно работиме со повеќе од 170.000 одгледувачи на кафе. Со поддршка на одгледувачите во користењето на одговорни методи за одгледување на кафе обезбедуваме и идните генерации да можат да уживаат во  вкусните шолјички NESCAFÉ кафe.